Subscribe

Според Буш, Македонија во НАТО

декември 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

(05.04.2008.)

Најголемата поддршка што во последно време САД и ја даваат на една земја е Република Македонија. Во подолг период, а вистинска кулминација доживеа на штотуку завршениот самит на НАТО во Букурешт- Романија. Тоа не значи никаква утеха за „поразот“ со недобивањето на покана за членство (во наводници зашто веќе го искажав и аргументирав ставот дека всушност е поразена, и тоа жестоко, Грција- удавена во сопственото примитивно националистичко мочуриште), туку нешто што веќе ги загрижува и нашиот јужен сосед (поради последиците од „Пировата победа“ која е пред се над најмоќната сила на светот), но и нејзините европски сојузници во НАТО (не сите). Ова особено се однесува на земјите од „стара Европа“.

(повеќе..)

Чевли како куршуми

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Една вест за настан на „високо ниво“ проследена со ТВ снимка го обиколи светот и предизвика најчесто „забавно- хумористични“ реакции. Малкумина се обидоа да го протолкуваат и оценат како обид за атентат (претерано?) или израз на револт поради погрешна, поточно погубна политика на агресија, насилство, војна, илјадници мртви, модерен колонијализам (во името на глобализмот): (повеќе..)

Денеска започна самитот на НАТО во Букурешт

април 02, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Букурешт е подготвен за самитот. Отворањето ќе го означи традиционалната изложба на НАТО и самитот на владите од земјите членки и партнери на алијансата. Потоа ќе следува обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер, а за денеска е најавено и пристигнувањето на американскиот претседател Џорџ Буш од Украина и на рускиот претседател во оставка Владимир Путин.

(повеќе..)

Поддршка со „задршка“ за покана во НАТО

март 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Од интервјуто на Џорџ Буш за Хрватската државна телевизија:

„Единствена работа која можам да ја потврдам е дека САД го поддржува членството на Хрватска во НАТО. Имам голема надеж. Не сакам однапред да давам мислење за одлуката на своите колеги но, јас сум голем оптимист. Ништо не би било подобро од тоа да ви донесам добра вест за членството“.

(повеќе..)

Најреално и најлогично: прекин на преговорите со Грција

март 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Откако вчерашната рунда на преговори во ОН не донесе значителен напредок, разговорите за името не запираат, продолжуваат на американско тло, но во поинаква форма и од нова локација. Од денеска дипломатските игри околу решението за името се селат во Вашингтон, каде што се во тек интензивни консултации помеѓу високи грчки дипломати и претставници на американскиот Стејт департмент.

(повеќе..)

Можат ли САД се уште да ја „бранат“ војната во Ирак?

август 06, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Oдговарајќи на критиките дека Ал Каеда во Ирак не е истата група која ги нападна САД на 11-ти септември 2001-ва година, претседателот Буш, повикувајќи се на разузнавачки информации, истакна дека постои поврзаност помеѓу двете групи.

Обвинувањето дека Ал Каеда не постои од американската „инвазија“ во Ирак и оти „тој проблем сами си го направивме“ се дел од „погрешната логика дека насилството е предизвикано од акциите на Американците“, изјави Буш.

(повеќе..)

Продолжува британската сервилност спрема САД?

август 02, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Светот им должи на САД за нивната борба со меѓународниот тероризам, изјави британскиот премиер Гордон Браун во Вашингтон, пред неговата средба и разговорите со претседателот Џорџ Буш во Кемп Дејвид.

(повеќе..)

„Одбранбен гард“ на ОПЕК или…

јуни 12, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) ги предупреди западните земји дека со своето настојување за развој на биогоривата, како алтернативен енергетски извор за борба против климатските промени, ризикуваат да ја зголемат цената на нафтата.

Генералниот секретар на ОПЕК, Абдалa ел-Бадри, изјави дека моќниот нафтен картел размислува да ги намали инвестициите за зголемување на производството на нафта, како одговор на намерата на развиениот свет повеќе да ги користи биогоривата, објави британскиот весник “Фајненшл тајмс”.

(повеќе..)

На самитот на Г8 главна тема глобалното затоплување

јуни 06, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Глобалното затоплување, топењето на глечерите, катастрофалните временски непогоди и забрзаното опустинување, ќе бидат помеѓу главните теми на Самитот на 8-те индустриски најразвиени земји во светот, што ќе се одржува од утре до 8-ми јуни во германското балтичко одморалиште Хејлигендам.

(повеќе..)

Се огласи Кастро за Буш

мај 27, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Кубанскиот лидер Фидел Кастро го нарече американскиот претседател Џорџ Буш „апокалиптична личност“, во текст објавен во кубанските весници по повод усвојувањето на Законот за финансирање на американските операции во Ирак.

(повеќе..)

Русија се враќа во епохата на тоталитаризмот, а Буш и Пентагон се најголемите прекршители на слобода

април 13, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Русија постепено се враќа во епохата на тоталитаризмот, оценува лондонски „Гардијан“ во еден од серијата написи посветени на Руската федерација.

(повеќе..)

„Нуклеарните проблеми“ со Иран продолжуваат

август 31, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Од поодамна е јасно дека со својата нуклеарна програма Иран е и допрва ќе биде „трн во окото“ на „развиениот“ Запад, а пред се на САД. Не неколку години наназад (на пример од почетокот на кризата во 2002- ра), туку децении- може да се рече од 1950- та кога разви нуклеарна технологија.

Исто така е јасно дека помина фазата на „топло- ладно“, па во наредниот период (месеци и години) може да се очекува породлабочување, па и „конкретизација“ (периодични дипломатско- воени „удари“ и „судири“) на, како што е веќе назначен Иран, „латентната најголема закана на мирот во светот“.

Најновиот неуспех на ОН- неисполнувањето на барањето на Обединетите нации до 31-ви август (денеска) да ги прекине нуклеарните активности е само потврда дека овој „фронт“ ќе биде уште долго „отворен“, напоредно со се поширокото прифаќање (помирување, рамнодушност) дека на мапата на светот се „нацрта“ уште една светска нуклеарна сила.

(повеќе..)

Надворешна и безбедносна политика на ЕУ: план за помош на Хамас

август 31, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Какви резултати даде досега и какви (ќе)  дава заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ? Колку се остварени и континуирано се остваруваат нејзините цели дефинирани уште со договорот за ЕУ во 1993- та година? Да потсетам на петте главни: да се бранат заедничките вредности и темелните интереси на Унијата, да се зајакне безбедноста на ЕУ, да се зачува мирот и да зајакне меѓународната безбедност, да се поттикнува меѓународната соработка и да се развива демократијата и владеењето на правото, вклучувајќи ги човековите права.

Може да се очекува во наредниот период се повеќе и подетално да сe оценуваат и преиспитуваат конкретни потези и дејанија во  реализацијата на европската надворешна политика, а особено во однос на „зајакнувањето на својот идентитет на меѓународната сцена, посебно по пат на спроведување на заедничката надворешна и безбедносна политика, вклучувајќи го прогресивното создавање на заедничка одбранбена политика што би можело да води кон заедничка одбрана…“ (член 2 од заедничките одредби на Договорот за ЕУ).  (повеќе..)

Успех на британската полиција: спречена серија на терористички напади

август 10, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Загрижувачки, но едновремено и охрабрувачки вести од час во час пристигнуваат од Велика Британија. Несомнено се работи за голем успех на британската полиција во борбата против тероризмот, во спречување на тероритички акции од големи размери и со огромни жртви.

Глобалната борба против „исламскиот фашизам“ добива на интензитет и станува се поуспешна. Но е повеќе од сигурно дека ќе трае со години, ако не и со децении.

(повеќе..)