Subscribe

Очекуван состав на кабинетот на Иванов

мај 12, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

За оние што недоволно го познаваат новиот шеф на државата, односно не ги следеле неговите досегашни активности, постигања, круговите во кои се движел, личностите со кои бил во постојана комуникација, со кои соработувал, составот на неговиот кабинет претставува мало изненадување. Не е за оние што добро го познаваат или веќе се информирале за неговата биографија, пред се неговата научна и интелектуална дејност. Особено треба да се има предвид фактот дека Доктор Ѓорге Иванов е водечки експерт за граѓанското општество и политичкиот менаџмент, како и еден од најистакнатите македонски аналитичари на политичките и општествените движења во светот. Несомнено е неговото учество и влијание врз обликувањето на политичката сцена во Македонија. (повеќе..)

Опозиционерска доследност на Црвенковски

април 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер.

Критиките кои не пропушти да и ги упати на актуелната македонска власт странските дипломати во земјава ги слушнаа како од човек кој не е се уште дел од неа и оти не сноси никаква одговорност за тоа што, според него, многу нешта од актуелниов миг се „црни“. Особено она што се однесува на динамиката со која земајва ги исполнува условите за својата европска интеграција. (повеќе..)

Северна Македонија не е разумен компромис

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Некои новинарски политички, поточно политикантски дилетанти никако барем малку да се „смират“. Aко не можат да го контролираат својот дилетантизам, барем да не го откриваат толку често и наметливо што веќе  станува неподнослив. За жал, медиумите на кои се појавуваат, во кои се вработени, не ни помислуваат дека поради нив рејтингот им е низок, не се третираат и прифаќаат сериозно.

Најновиот дилетантски „бисер“ е прашањето кое го поставуваат, а оној од кого бараат објаснение со право не смета дека треба да го даде: што е тоа разумен компромис? Со додатно: дали тоа значи и промена на името? (повеќе..)

Отворени многу „нови страници“ на и за Македонија

април 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Моите проценки и прогнози (не само мои) се остварија во целост:

Проф. Д-р Ѓорге Иванов е новиот претседател на Република Македонија (дури го „кандидирав“ пред самиот да помисли на тоа), со беспрекорно чиста и апсолутна победа (без нерегуларности, особено полнење на гласачки кутии, како што беше „случај“ со изборот на претходните двајца претседатели); ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи- „За подобра Македонија“ освои досега најмногу градоначалнички позиции во „избирачката историја“ на земјава (прогнозирав горе- долу точна бројка); одличен резултат на локалните избори постигна ДУИ (коалиционен партнер во власта); а секако најголема победа извојуваа (не е никаква фраза) граѓаните на Република Македонија.

За важноста на „новите страници“ еднакво значење има она што го констатирав уште по првиот круг на избори, а го прогнозирав и се оствари како конечно: катастрофален пораз на опозицијата, пред се на СДСМ. За оваа партија веќе нема време за „чистка“. „Бришка“ е неминовна, а од нејзината „пепел“ треба да се „(из)роди“ нова, која ќе нема никаква врска со поблиското и подалечното „црно“ партиско минато, а ќе се темели на „изворната“ лева, социјал- демократска идеологија (основни принципи или идеали: слобода, еднаквост и социјална правда, солидарност).

(повеќе..)

Втор круг на претседателски избори: интеграцијата во ЕУ и НАТО не е „добитна комбинација“, туку авторитетот и моралниот кредибилитет на личноста

март 26, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Тоа не го покажа само првиот изборен круг од годинашниве избори, туку е покажано и докажано многу одамна. Затоа не е јасно како е можно Љубомир Фрчковски и „неговите“ СДСМ и НСДП да оценуваат и проценуваат толку политички незрело, инфантилно, „неписмено“, па и недоветно. Дури тоа се потрудија и да го потврдат со своите изјави и пораки до гласачкото тело за негова определба во вториот круг.

Меѓутоа, пред да се обидам да навлезам малку „подлабоко“ во тој несфатлив став (особено ако се има предвид дека се работи за еден професор, интелектуалец, „превеан“ политичар и партија- СДСМ- која токму евро- алтантската интеграција на Република Македонија ја „дотуркала“ до неповратна позиција), ќе се обидам аргументирано да разоткријам една шпекулација која е пласирана од опозиционата медиумско- полиичка „кујна“: тивок бојкот на вториот круг како дел од однапред детално осмислено и вешто скриено сценарио. (повеќе..)

Катастрофален пораз на СДСМ во првиот круг!

март 23, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар 3 Comments →

Сосема е разбирлива лошата глума на „весело расположение“ на раководството на СДСМ, но не и немањето на претходни подготовки (пред огледало, на имрповизирана сцена…). Затоа што резултатите од првиот круг на претседателските и локалните избори- 2009 -та можеа лесно да се предвидат. Па и дека за оваа партија и македонската опозиција воопшто ќе бидат катастрофални подготовки (пред огледало, на имрповизирана сцена…).

Меѓутоа, зачудува несериозноста и наивноста при првичните анализи, без оглед што „пресовите“ по завршувањето на гласањето се секогаш „за народ“, а „отрезнувањето“ доаѓа ден- два подоцна, односно по објавувањето на конечните резултати од страна на ДИК.

Очигледно, опозицијата, а пред се СДСМ е во агонија. Некои можеби со право констатираат и „клиничка смрт“. Големо прашање е дали во скоро време ќе се најде некој, макар бил и „папа“, што ќе ја врати „меѓу живите“ и ќе почне да ја „заживува“ на македонската политичка сцена.

Еден мој текст на овој блог, посветен токму на кризата на СДСМ односно опозиција по поразот на вонредните парламентарни избори-2008- ма, го насловив „Или чистка ил и бришка“. „Чистката“ не е ниту почната, не се знае ни дали, ни кога ќе почне, а „бришката“, за жал, продолжува со забрзано темпо.

(повеќе..)

Кампања за предвиден пораз и сигурна победа

март 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму во тоа е единствената разлика на кампањата што се одвиваше во изминатите 20 дена за претседателските и локалните избори во Македонија, в недела на 22- ри март.

Поразот е реален за СДСМ и неговите опозициони партнери, а очекувана победа се трудеа да обезбедат ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Резултатот… (повеќе..)

Старт на предизборната кампања: ништо ново, интересно, инвентивно

март 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Како што се очекуваше и најавуваше, без оглед што гласачите во Макдонија за првпат ќе бидат во „необична“ ситуација- едновремено ќе гласаат и за нов претседател на државата и за градоначалници на своите општини сосе советници, уште на стартот е јасно дека се ќе биде „стандардно“, што значи веќе видено, чуено, со „сигурна и проверена“ форма и содржина. Оние што барем малку повнимателно и поинтензивно ги следат севкупните состоби во земјава и нејзината позиција (проблеми) на меѓународен план, по денешните „промотивни“ митинзи немаат причина да продолжат да ја следат кампањата, особено не преку медиумите- и електронските и печатените. (повеќе..)

Сите подготвени (наострени) за старт на предизборната кампања

февруари 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Позиционерско- опозиционерските позиции се заземени, одамна познати и без некакви преместувања, поместувања, промени во стратегијата и тактиката, и само се чека знакот на „стартерот“ (сказалките на претседателско- локалните избори 2009- та на 00,00 часот на 2- ри март), па да се тргне жестоко кон целта.

„Трката“ нема да се разликува од сите досегашни, освен можеби во политичкиот вокабулар (веројатно малку покултурен од поранешните, што за некои кандидати- колумнисти ќе биде мошне голем напор) и обраќањата на јавноста односно гласачкото тело. Се разбира, со многу поголема мобилност во одржувањето на регуларни, фер и демократски избори, пред се поради личната одговорност што им ја наметна „меѓународниот фактор“. (повеќе..)