Вонизборна партиска успешна приказна
На 09.06.2006. година под горниот наслов во електронскиот дневен весник „Дневен е-Еснаф“ објавив прилог пред почетокот на паламентарните избори во Македонија таа година, а посветен на нужноста односно налогот од „меѓународниот фактор“ за фер и демократски избори. Во него посочувам дека, како и секогаш досега, прекршувањето на Изборниот законик се случува претходно, а се однесува на неофицијалноста“ на предизборната кампања.
Деновиве со формирањето на „институтот“ ДЕМОС, според многумина „трета политичка опција“ која би трбало да го замени „ биполарниот политички амбиент во Македонија“. Потсетувањето на една тогашна неуспешна иницијатива- за формирање на политичка партија ГПМ треба да се „чита“ о тој контекст.
Интересно е што во него го бележам предизборниот „бисер“, односно „случајот“ Бучковски- Бонева кој неодамна доби судски епилог (Бучковски е осуден како виновен).

Уште кога еден од „домашните странци“ им препорача на нашите во Владата, а посебно на „евроинтеграторката“ Шеќеринска, да почнат да ја „раскажуваат“ (или да ја „продаваат“) Македонија во странство како „успешна приказна“, некои работи ми станаа и останаа нејасни. Од нив две најважни: што е тоа „успешна приказна“ (и покрај моите солидни знаења за приказните, не знам за успешни и неуспешни, освен ако не се мисли на приказни со среќен и несреќен крај); и второ, бидејќи приказните секогаш се со минато определено свршено време, зарем нашава државичка е веќе со такво односно определено свршена.
Ќе си ги мери ли своите зборови искажани во некој еуфоричен миг (или некои, според добронамерници/недобронамернии недоброј- „еуфорична политичарка“), по извесно време- на пример некоја година? (Други веќе и ги измерија.) Ќе се срами ли од нив или, пак, ќе се гордее со нивната „тежина“?
Веќе нема дилеми дека вонредните парламентарни избори во Македонија ја „инспирираа“ опозицијата (не дел од неа, бидејќи барем на тој план македонските партии се прецизно „диференцирани“) да подготви и вонредно сценарио кое ќе резултира со „уште еден пораз на Македонија на меѓународен план“. Како и се друго во изминатиот „катастрофален“ двегодишен период на владеење на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Токму така. Очекувано за едни или неочекувано за други, „нецелосната“ победа на Тадиќ, поточно на неговата европска опција прва (веројатно нема да биде единствена) ја (зло)употреби коалицијата „Сонце“. 





