Subscribe

Надминување на политичката криза во Македонија?

август 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Нешто од новинарското искуство: наслов на прилог како прашање, особено на лично видување, согледба, промислување и коментар, се става само кога се нема доволно аргументи или сознанија за оценка на настанот или проблемот за кој се пишува односно зборува. Особено ако станува збор за важен настан во однос на проблематизирана состојба или ситуација, а кој треба допрва да се случи.

(повеќе..)

Нови сериозни обвинувања за „недржавништво“ на Црвенковски

август 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Не само што ќе нема прегласување на „спорните“ закони, како што бара претседателот Бранко Црвенковски, туку тој (лично) ќе мора да одговори (малку веројатно дека ќе одговара) на мошне сериозни обвинувања: дека го крши Уставот, манипулира со граѓаните и се меша во работата на Собранието и Уставниот суд.

(повеќе..)

Црвенковски молчи и „си тера по свое“; се продлабочува политичката криза во Македонија

август 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Црвенковски засега нема намера да потпише укази за по вторпат донесените закони во македонскиот Парламент, освен Законот за јазиците. Тој му предлага на спикерот Вељановски 5-те спорни закони да ги стави на повторно разгледување на првата наредна седница зашто по вторпат биле изгласани во Собранието спротивно на процедурата – без претходно добиено писмено известување, со образложение од страна на претседателот на државата. Откако законите за работни односи, за лобирање, за адвокатура, за експропријација и за енергетика ќе добијат зелено светло, Црвенковски, како што велат од неговиот кабинет, указите за нивно прогласување ќе ги потпише истиот ден.

(повеќе..)

Сериозна „ретроспектива“ на помилувањата на Црвенковски

август 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција презентира цел список на лица кои биле осудени и помилувани од претседателот Бранко Црвенковски, а кој пред домашната, па и меѓународната јавност (го имаме предвид неговиот углед како претседател) го ставаат во мошне непријатна позиција: дека работи и дејствува партиски (ги штити луѓето и интересите на неговата партија СДСМ), но и противуставно односно ја злоупотребува службената положба. На посреден начин мошне „проблематични“ стануваат и аболицијата на Зоран Заев и  дигнитетот на  СДСМ.

(повеќе..)

Црвенковски се повлекува од политичката сцена!

август 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, размислува наскоро, пред завршувањето на претседателскиот мандат, да ја напушти политиката. Проценката е дека кохабитацијата со премиерот Груевски веќе не е можна, па тоа уште повеќе ќе и штети на државата на меѓународен план, а враќањето во неговата партија СДСМ ќе предизвика раскол и уште поголема криза на опозиционата коалиција „Сонце“.

(повеќе..)

Груевски-Црвенковски-аболиција

август 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Интересен и за респект е ставот на премиерот Никола Груевски во врска со покренувањето на постапка за импичмент на претседателот Бранко Црвенковски. Иако неговата одлука за помилување на Заев ја смета за незаконска, тој од Охрид порача дека сакаат Црвенковски да го победат на избори, а не со кревање на два прста во Собранието. Велам интересен и за респект, затоа што неодминливот импичмент (според мене) „произлегува“ од оценката на ВМРО-ДПМНЕ дека тој извршил „државен удар“. Но пред се поради „читањето“ (дали точно?) на „заднината“ на решението за аболиција на градоначалникот на Струмица Зоран Заев и неговите соработници, како и за непотпишување на Укази за неколку важни закони донесени во Собранието на Македонија.

(повеќе..)

Импичмент за Бранко Цревенковски?

август 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

„Импичмент“ е поим кој е „имплементиран“ не така одамна- со „поинтентзивното“ транзитирање на нашето општество. Доаѓа од англискиот impeachment, што значи обвинение, осудување, всушност процедура на отстранување од должност на високопоставен државен чиновник (најчесто претседател на држава), и тоа од страна на Парламентот. Не треба да фрламе дрва и камења по него, да се жалиме дека (како и со многу други) мошне успешно ни го англиканизираат (главно), поточно ни го загадуваат јазикот. На пример, прифатен е и во рускиот јазик, чие загадување е далеку помало (веројатно затоа што е „голем“ односно му припаѓа на бројно голем народ), а и многу поефикасната одбрана од него.

По она што го направи Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, реално е да се очекува во Собранието да се покрене импичмент за него и тој да биде „успешен“, а со оглед на апсолутното мнозинство на владејачката ВМРО-ДПМНЕ (веројатно заедно со другите од коалицијата, па и коалициониот партнер во Владата-ДУИ). (повеќе..)

Изнудено: Црвенковски нема да се кандидира за втор претседателски мандат

јули 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Токму така, по најавата за привршување на „размислувањето“ дали ќе се кандидира или не на следните претседателски избори во Македонија (се „работеше“ за 1%), тој го потврди она што никого не изненадува. Всушност, станува збор за изнудена, единствено логична и последична одлука.

Во интервју за весникот „Дневник“ Бранко Црвенковски изјавува дека донел конечна одлука да не се кандидира за уште еден претседателски мандат, на изборите што ќе се одржат на пролет идната година. Како главна причина ги наведува потешкотиите во соработката со Груевски, кој по последните избори си обезбеди нов 4- годишен мандат. (повеќе..)

Суштината на популизмот

јули 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Дефинитивно, однесувањето и дејствувањето на претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски се повеќе загрижува. Како му одминува мандатот, тие стануваат се понепретседателски односно партиски.

Најнапред, непромислено и нетактички Црвенковски, како поранешен член (не сегашен- штом стана претсеател партиската книшка ја стави во „мирување“ и таква останува до завршувањето на мандатот), најави „директен“ ангажман во средувањето на состојбите во СДСМ, и тоа „во рамките на уставните надлежности“, какви што не постојат.

Потоа го премолче и се уште го молчи отворањето на „егејското прашање“ од страна на прмиерот Никола Груевски во спорот со Атина, а најдиректен „партиски“ беше на средбата со граѓаните на Охрид, на 13.07., насловена „Македонија – предизвици и перспективи“. (повеќе..)

Атина одби? Извонредно. На ред е Македонија.

јули 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Како што се очекуваше, предлогот на македонската Влада во разговорите за името да се вметне и прашањето за правата на македонското малцинство во Грција oфицијална Атина неформално го одби. Таман работа да прифатеше, па да се откриеше суштината на нејзиниот проблем со името на Република Македнија (Македонија).

Со одбивањето уште еднаш се докажува дека ЕУ и НАТО имаат во своите „редови“ недемократска земја. Зашто суштината на демократијата е владеење на мнозинството над малцинството. Кое и какво владеење кога не се признава малцинство (не само македонско)?

(повеќе..)

Груевски- „ново- стар“ премиер на Македонија

јуни 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му го врачи мандатот за состав на новата македонска Влада. Груевски има рок од 20 дена да ги заврши консултациите со партиите и до Собранието да го достави составот на новиот владин кабинет, како и неговата програма.

(повеќе..)

Елементарно непознавање на комплексноста на идентитетот

јуни 18, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Изјавата на Бранко Црвенковски дека Македонија ќе треба да отстапи од тврдата позиција за двојната формула многумина изненади, но не и оние што во континуитет, уште од почетокот на „билатералниот спор“ ја следат неговата „активност“. Без оглед што токму тој беше еден (или единствен?) нејзин креатор, оваа негова промена на ставот е логична, но задоцнета. Едноставно, нема време за лично учество во креирањето на посакуваната отстапка. (повеќе..)

Значајна посета на Црвенковски на Москва (пресвртничка за Македонија?)

јуни 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Претседателот на Република Македонмија Бранко Црвенковски учестрвуваше на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

По средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев, тој истакна дека Русија ја призна Македонија под уставното име и нема да има промени во руската политика во однос на името.

(повеќе..)

Данајците продолжуваат да работат во корист на сопствената штета

јуни 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Во светските енциклопедии, историите на народите на светот и на Интернет може да се прочита многу за нашиот јужен сосед, од што го потенцирам следново:

Името Graeci на индоевропските племиња кои 2.000 години пред н.е. почнале да го населуваат јужниот дел од денешна Грција, им го дале Римјаните според името на племето Graikoi во Епир, со кое најнапред дошле во допир. Од друга страна, од 8-от век пр. н.е., Грците себе си се нарекувале Хелени, а својата земја Елада. Од средниот век се нарекувале Ромеи, а во најново време повторно го прифатија називот Хелени со кој се нагласува наводниот етнички континуитет, од античко доба до денес. Без никакво право затоа што, меѓу другото,  грчката култура, во сите фази на развојот, што се нарекува елинизам, ги прифатила и културите и јазиците на другите, негрчки јазици.

Впрочем, во поновата историографија се инсистира на тоа поимот „хеленизам“ да ги опфати историските и културните збиднувања што се надоврзуваат на „грчко- македонските“ продирања на исток под Александар Македонски и на создавањето на големата државна организација под негова власт. Значи, и да се прифати ваквиот став не може да стане збор за посебност наречена „хеленизам“ (повеќе..)

Меѓу редови

април 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Да, воопшто не е лесно, туку напротив, најтешко е да се чита (слуша) меѓу редови она што го кажуваат и порачуваат политичарите и белосветските…Особено кога се работи за „добри намери“.

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер воопшто не мораше да доаѓа во Скопје за да ни „препорача“ да „најдеме“ решение со Грција до 9-ти јули за да ги „стасаме“ Албанија и Хрватска.

(повеќе..)