Subscribe

На 5. јуни предвремени избори во Македонија

март 31, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Утврден е денот на предвремените парламентарни избори во Македонија: 05.06.2011.

Одлуката на Никола Груевски воопшто не е неочекувана, но изненадува ставот на лидерот на СДСМ, односно на опозицијата- дека се откажува од сите барања со кои, според многумина експерти и аналитичари,  во изминативе неколку месеци се обидуваше да ги одбегне, а да наметне друго, „вонредно“ решение (политичка криза и техничка влада).

(повеќе..)

Реално: предвремени парламентарни избори во Македонија пред почетокот на годинашново лето

март 21, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Не е нереална ваквата прогноза само поради постигнатиот „извесен“ напредок на синоќешните- ноќешните разговори на четворицата лидери на (нај)релевантни политички партии кај претседателот на државата, како и закажаната нова средба утре, а не и само поради тоа што СДСМ и Црвенковски лично се се повеќе „во тесно“.

Треба да се имаат предвид и климатските услови. Таман работа граѓаните на Република Македонија вонредно да се потат и препотуваат поради политичари и кандидати за пратеници на кои треба да им се прифатат-  изгласаат нивните лични и семејно- пријателски кариеристички амбиции.

(повеќе..)

На македонскиот политички „фронт“ ништо ново

март 13, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Опозицијата ќе се врати во Парламентот (очекувано), во меѓувреме СДСМ најавува формирање на Влада во сенка, што ќе биде нејзин голем адут на претстојните предвремени парламентарни избори (предвидов); конгреси одржаа ВМРО- ДПМНЕ (со воздржавни и прилично „општи“ пораки) и ЛДП (со мошне забавни „поенти“); „брат Љубе“ и Селмани се шетаат низ селата во Македонија (а „И јас сум А1“ редовно и ревносно ги следат, но не како платен политички маркетинг); се формира „Демократска десница“; квазианалитичарите и прогонозерите „уткаџии“ најавија конечно заминување на Црвенковски од челната позиција на СДСМ (како не им текнвуа дека челната позиција е многу посилна од сенка?!), а албанските опозициони партии бараат нови изборни граници.

Да, најзначајното нешто поврзано со претстојните избори ќе биде средбата во четири очи помеѓу Груевски и Црвенковски, овие денови, а на иницијатива на премиерот. (Црвенковски се пожали дека му била „прочитана“ и „украдена“ идејата за неа- тврди дека го прислушкуваат).

(повеќе..)

Го даваат ли победникот на предвремените избори (евентуални) моментните рејтинзи?

март 09, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Евентуалноста поместена во заграда на насловот на овој текст е поради очигледното „дриблање“ на СДСМ со поставените услови, а моментно и со Државната изборна комисија (деновиве ќе го видиме „голот“ или „фаулот“).

Се разбира, ги имам предвид и условите што ги постави, од кои самиот знае дека еден, кој се покажува дека му е најважен (одмрзнување на сметките на А1 ТВи печатените медиуми на Велија Рамковски), е неостварлив. Затоа што станува збор за судска одлука  која не може да се преиначи со политичка. Без оглед дали се употребувал и може да се употреби „телефонот“ кој го користел Црвенковски кога бил на власт при слични „деликатни проблеми“ ( според сопствено признание, нему му е познат, а како што изјави- тврди „го знае и Груевски“).

(повеќе..)

СДСМ-овскиот „фронт“ да ги бојкотира претстојните избори- дефинитивно!

март 01, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Вонредните парламентарни избори да се одржат, „фронтот“- всушност СДСМ со своите „сателитски“ партии да опстојат на својот став, и тоа без оглед дали по нивното одржување меѓународната заедница (а не „фронтот“) ќе ги оцени како максимално фер и демократски или со „забелешки“.

Притоа, да потенцирам, „фронтот“ да престане да манипулира со тоа дека без нив во македонскиот Парламент ќе нема опозиција. Затоа што ЛДП, чиј рејтинг расте и сигурно наскоро ќе го преземе опоизиционото „кормило“, искажа цврст став дека ќе учествува, а не „откажаа“ и некои други.

(повеќе..)

Час поскоро вонредни парламентарни избори во Македонија!

февруари 07, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

На големо се шпекулира дали наскоро ќе има или не вонредни парламентарни избори во Македонија (редовните се догодина). И медиуми и политички аналитичари, но и „засегнати“ политичари различно оценуваат дали се можни или не, дали се нужни со оглед на парламентарната криза- напуштањето на Парламентот од страна на најголемиот дел од опозицијат.

Некои велат дека е неспорно оти станува збор за политичка криза во Македонија, а не само парламентарна, притоа заборавајќи на нејзината суштина: таа е состојба во која темелните институционализирани вредности на политичкиот систем се практично доведени во прашање и во која рутинските одговори на системот се покажуваат како неделотворни и неадекватни (Леонард Биндер); односно тоа е криза на ефикасноста, на политичкиот легитимитет и на политичкиот идентитет.

(повеќе..)

Последна фаза од сценарио или последен очајнички обид за спас од дефинитивен пораз

јануари 29, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

По бројните неуспешни штрајкови, пред се на земјоделци со што се правеа „удари“ врз еден од најуспешните економски програми (претходно на стечајни работници кои не можеа да прикријат кој им „кумуваше“), опозицијата се реши на последниот чекор (лесно предвидлив) во обид да се урне актуелната владина коалиција.

Еден од мариналните лидери на минорна политичка опозициона партија во својата „поетска вдахновеност“ не се ни обиде тоа да го скрие: изјави дека е дојдено време власта „ако треба“ да да се урне „и во буквална и во пренесена смисла“.

Според позицијата, сценариото е одамна прочитано: да се предизвика парламентарна криза и на тој начин да се изнудат предвремени избори. На кои опозицијата нема да победи, но ќе успее да „обезбеди“ техничка Влада, па после…

(повеќе..)

Од што и/или од кого треба да се плаши Груевски

јуни 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Пред да се обидам да одговорам на од ден на ден се поактуелното прашање за предизвиците што се повеќе и се натрупуваат на актуелната македонска Влада, а пред се на премиерот и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски, укажувам на одамна познатата (докажана) вистина: секој предизвик, независно од големината и тежината, раѓа страв, но многу повеќе желба, енергија, па и храброст за соочување, совладување, „борба до конечна победа. Треба да се биде внимателен особено при пресметувањето на ризикот, имајќи ги предвид пред се времето и просторот во кои тој се јавува или опстојува.

Најголемиот предизвик за денешниот, модерниот политичар (и на секој што има важна улога во едно општество), а од кој најмногу се стравува, е личната одговорност.

(повеќе..)

Инаугуриран новиот Претседател на Република Македонија

мај 12, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Со потпишување на изјава во Собранието, Ѓорге Иванов ја презеде функцијата Претседател. На свечената инаугуративна седница на која, освен премиерот Никола Груевски и владиниот кабинет, претставници на други државни институции, на дипломатскиот кор, на судството, на верските заедници , присуствуваа досегашниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски и првиот на независна Македонија Киро Глигоров, како и претседателите на Хрватска, Србија, Албанија и Црна Гора, Иванов вети дека во наредните пет години совесно и одговорно ќе ја води земјата и ќе биде претседател на сите граѓани. Во кусиот, но мошне експлицитен и прецизен говор, тој уште еднаш ги потенцира главните заложби од политичката агенда што ја промовираше во предизборната кампања- внатрешна стабилност на државата, здрави меѓуетнички односи, економско закрепнување на земјата, влез во ЕУ и НАТО и тесна соработка со сите соседи, особено со Грција. (повеќе..)

Виновникот за епидемијата на заушки мора да одговара!

февруари 05, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Епидемија на заушки во Република Македонија?! Можно ли е? Во 21-ов век?! А кој ја предизвикал, да се појави по цели 17 години? Кој не ја спречил со она што го прави редовно целиот здравствено нормален свет? Нема кој?! Никој не е одговорен, никој виновен?

Можен Марфиев закон (за мојата рубрика „Јас и Марфи“ во „Паноптикум“) : Кога нема лична- индивидуална одговорност, не може да има ниту колективна. Доколку колективот не е составен од индивидуалци, туку од колективни колективци.

Немало и нема колективна, туку само индивидуална? Не е точно! Секогаш ја имало и ја има кога нема индивидуална. (повеќе..)

Загрижувачка заборавност на Црвенковски

септември 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски е подготвен, заедно со другите, да се соочи со евентуалниот „најнов“ неуспех на планот на интеграцијата на земјата кон ЕУ. Според сопственото призание, подготвен е да ја сподели одговорноста со другите (веројатно мисли на Владата на Груевски) за се поизвесниот извештај на Европската комисија без датум за преговори. Бидејќи се залага во континуитет за лична одговорност, очекувам по извештајот лично од него да го чујам  конкретно неговиот дел од „неуспехот“ и каква одговорност ќе понесе.

(повеќе..)

Неук и неодговорен претседателски молк

август 29, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Без оглед што е партиска прозивка барањето на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на државата Бранко Црвенковски прецизно да одговори какви се неговите позиции во врска со спорот со Грција за името и со каков план има намера да го реши, тој би морал пред се на граѓаните да им објасни какво решение има „в раце“ за наметнатиот проблем на Атина во врска со уставното име на државава. Ако не поради друго, тогаш сигурно поради личниот дигнитет и политичкиот – државничкиот кредибилитет. Да го презентира јавно како би можеле стручњаци, експерти и јавноста да го анализираат, проценат, оценат, па ако е добро, „вистинско“, да добие најширока поддршка и сите заедно да се ангажираме за негово прифаќање на „другата страна“ (или беше „едната“?) односно на меѓународниот „фактор“. Се разбира, во името на што поскорешното евро- атлантско интегрирање на Република Македонија. Доколку тоа не го стори веднаш, денеска, утре, неговиот молк или „воздржаност“ не ќе може да биде протолкуван поинаку, освен како уште еден „политички гаф“, непромислен истап, уште едно од досегашни не(из)броени негови „лизгања“ на тенкиот претседателски „мраз“.

(повеќе..)

Она што нема алтернатива, нема перспектива

август 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Што е алтернатива? Точно, основното значење е дека се работи за избор помеѓу две нешта, определување за една од две одлуки, дури тежок избор на една од две можности. Но, она што е најважно во што било- во работата, нашето секојдневно дејствување, создавање- е таа, атлернативата, наспроти перспективата. Некаде „помеѓу“ секогаш се наоѓа компромисот. Го нема ако ја нема алтернативата. А без неа ништо нема перспектива. Да, освен смртта. Таа е безалтернативна, наедно безперспективна, ама сепак…Нејзина алтернатива е животот? Не, зашто помеѓу нив не е можен компромис (тоа не е живуркањето или боледувањето). Алтернатива на смртта е творештвото односно делото сосе неговото траење во времето. (повеќе..)

Свечено одбележан Денот на АРМ

август 18, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска свечено беше одбележан Денот на Армијата на Македонија.

За 16-годишнината од нејзиното создавање, развојот и перспективите зборуваа Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на оружените сили, Бранко Црвенковски, и министерот за одбрана Зоран Коњановски. (повеќе..)

Црвенковски ги преполнил „батериите“

август 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Тоа ќе е и нема друго. Настапот на претседателот Бранко Црвенковски веднаш по враќањето од одмор не може да се протолкува поинаку, освен како на политичар (па и „обичен“ човек) изваден од такт, без самоконтрола, „преполн со енергија“ да „удри“ и со првиот удар да го нокаутира противникот. А можел барем од премиерот Груевски, против кого „тргна во напад“, претходно, како поранешен аматерски боксер, да ја добие првата лекција од „боксот“ (читај: животот; прочитај: политиката): никогаш не оди „со глава в ѕид“, зашто ѕидот може да го издржи (с)ударот, ама главата тешко.

(повеќе..)