
Одамна се знае, некои научија неодамна, дека клучен, ако не и решавачки „фактор“ за забрзан економски развој се странските инвестиции. И тоа не како конкуренција или за сметка на домашните, туку за воведување на нови, повисоки стандарди во работењето и однесувањето на пазарот, како и за нивно поттикнување. Меѓутоа, она што се забележува, како можеби некаква преодна фаза е давањето на предност на странските при еднаква- рамноправна инвестициона понуда и директни странски инвестиции претежно со приватизација на големи претпријатија и банки.
А преку примерот на Хрватска, токму во привлекувањето на странските „индиректни“ инвестиции туризмот е областа што може најмногу и најбрзо да понуди: државата го развива, инвестира пред се во инфраструктура, а добива не само поголеми финансиски средства, туку и можност за повисоко ниво на квалитет на животот воопшто (културен, селски, планински туризам, развој на „придружни“ стопански дејности итн.). (повеќе..)