Subscribe

Од 2013. и Хрватска членка на ЕУ

јуни 10, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Некои аналитичари оценија дека станува збор за мошне значајна одлука на Европската комисија од аспект на перспективата на Западниот Балкан, а пред се на Република Македонија, иако станува збор за логичен, последичен, континуиран процес кој доби очекувана завршница.

(повеќе..)

Хрватска од јануари 2012. членка на ЕУ

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Беше 2009., па 2010., па 2011, а сега јануари 2012. е „најверојатно“ датумот кога Хрватска ќе стане членка на Европпската унија. Меѓутоа, веќе се јавија анализи и проценки дека е се понереално таа да ги заклучи преговорите до крајот на годинава, а што е услов за да се „достигне“ тој датум.

Како и да е, Хрватска го привршува чекорењето кон членство во ЕУ, а веќе е позната и финансиската „добивка“ по влегувањето, во првите две години: повеќе од 3,5 милијарди евра! (повеќе..)

Хрватска во „стресна состојба“

јули 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Иако дочекани со не мала доза на изненадување, па и шокантност, оставката на Иво Санадер од функциите премиер на Хрватска и лидер на владејачката ХДЗ воопшто не е неочекувана. Напротив, кога ќе се склопат сите „камчиња“ на „актуелниот мозаик“ може да се заклучи дека неговото доброволно повлекување е всушност изнудено.

Сосема неубедлива беше „првичната“ изјава на Санадер на вонредна конференција за новинарите на почетокот од месецов:

„Се повлекувам од лични причини“.

Особено ако се има предвид нејзиното „продолжение“:

„Не можам да кажам дека моето заминување нема врска со проблемите во преговорите со ЕУ“.

Санадер објави целосно повлекување од политиката и оти нема да се кандидира за претседател на Република Хрватска.

(повеќе..)

Македонија и регионот пред се поголеми удари на светската економска криза

април 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Напоредно со пакетот кризни мерки, Владата на Македонија работи и на вториот мошне важен проблем, еден од клучните за моментно, но и среднорочно спротивставување на економската криза која и на земјава и се заканува со рецесија. Таа се уште не е „стасана“, но сериозно, се посилно тропа на врата со реални шанси насилно да ја „искрши“. Се работи за обезбедување на „свежи пари“ со кои ќе биде амортизиран финансискиот дел од кризата. Притисокот станува се поголем со оглед на очекуваниот пад на интересот за државните записи кои се случи денеска.

Будно се следат и случувањата во соседството, регионот и пошироко за навреме и подготвено да се пречека „прелевањето“, да се случат исти или слични „дејанија“. Прогнозите на ММФ и реномираните светски стручњаци и аналитичари се се попесимистички.

„Кој ќе преживее ќе има што да раскажува“.

(повеќе..)

Киднапирање на „извалкан“ политичар

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Можно ли е во Република Македонија да се случи киднапирање на политичар? Досега не се случило, не е верно дека наскоро ќе се случи, но никогаш не се знае. Во моментов прашањето е дали тоа некој го заслужува, односно зошто некој би го сторил тоа. Најважно: киднапирањето е најчесто „поддржано“ со барање на поголема сума на пари за откуп. Тоа, пак, претпоставува и цена- вредност (различна) на македонските политичари. Која е цената- вредноста на актуелниве? Илјадници, милиони евра?

Она што е познато е дека врвните- на највисоките државни позиции (но и во опозицијата) вообичаено имаат „цврсто и широко“ лично обезбедување, вообичаено по неуспешниот атентат на Киро Глигоров на 3- ти октомври 1995- та година.

(повеќе..)

Данајците (Грците) веќе им се здодевни на „своите“, а стануваат здодевни и на самите себе си

јануари 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

И не само здодевни, туку се и небулозни, а најмногу смешни (како циркуски кловнови). На нивните пријатели во ЕУ и НАТО одамна им е јасно дека она што го бараат, на што инсистираат за Република Македонија- таа да се преименува себе си на „обострано задоволство“, е крајно ступидно, нема врска со„државничка“ и каква било друга логика. Тие посредно, „срамежливо“ веќе им укажуваат дека одамна преминале секоја „нормална“ (добро)соседска граница и треба малку да „ретерираат“ односно „да се смират“.

Данајската република (Грција), пак, како дебил не „дослушува“, не разбира (на пример, со „постапното откривање“ на малцинства во неа кои ќе мора да ги признае), па својата „активност“ почнува да ја проширува. Најновата е дека ќе го блокира продолжението на пристапување на Хрватска во ЕУ, што, веројатно по „пријателско укажување“, веднаш го демантира! (повеќе..)

Македонија- светска ракометна велесила

јануари 19, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар 1 Comment →

Со блескавата победа над светскиот вицешампион Полска, националниот тим на Македонија дефинитивно се нареди помеѓу најсилните на светот. Има своја игра, со врвни ракометари што би ги посакал секој, негува колективен победнички дух и, доколку над „малите“ земји, како нашата, над глава не и стои ИХФ- мафијата, предводена од нејзиниот судиски дел, лесно би можела на Светското првенство во Хрватска да стане една од 3-те најдобри селекции на светот. (повеќе..)

Расизмот и европеизмот

септември 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Можеби сум првиот кој го користи терминот „европеизам“ (значи полагам право на авторство), а во значење на европски дух, европски вредности, европска култура, европски стандарди.

За жал овојпат „поврзан“ со еден друг кој, пак, означува пред се примитивизам, а потоа нетолеранција, омраза, деструкција, дури ниски- животински страсти. Кој никако да се искорени, а се чини дека најжилав отпор дава на фудбалските терени. Најнов е оној случен- жестоко изразен во Загреб. (повеќе..)

Геостратешките интереси или кој ќе го освои Западниот Балкан

јули 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Под горниот наслов на 01.02.2006- та година во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“објавив прилог на тема која уште долго ќе остане клучна за Балканот и поширокиот регион. Се работи за прашање или проблем кој во минатото бил „предизвикувач“ дури и на војни (Балканските), а доколку остане сигурно допрва ќе се „разгорува“. Пред се малцинските права.  Можеби исто како што „меѓународниот фактор“ и „скрои“ на Република Македонија: со признавање на мнозинска и немнозински заедници.

Просто е несфатливо колку лесно и брзо нашите врвни политичари, па и експерти (без наводници оти тоа се, но и во функција) прифаќаат нешо што треба темелно, рационално и пред се алтруистички (сопствен односно државен интерес) да се анализира, оценува, проценува. Можеби токму поради неразбирање на нештата, можеби поради други, лични, а не државни интереси, прават како што прават. Притоа не водејќи сметка за, или не знаејќи што се тоа геостратешки интереси. (повеќе..)

Очекувано- без изненадувања

ноември 27, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Оние што ги познаваат политичките состојби во Хрватска и распоредот на политичките сили, воопшто не се изненадени од мошне тесната победа на владејачката ХДЗ над СДП. Пред се, затоа што поразениот во изминатиот меѓуизборен период знаеше како да се однесува конструктивно, што ќе рече „европски“ како опозиционер, за разлика од, на пример, македонските социјалдемократи.

(повеќе..)

„Стандардни“, но и очекувано-неочекувани состојби и процеси во Македонија, Европа и светот

септември 26, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонија со 117 милиони евра е 7-ма на листата земји според висината на словенечки инвестиции во странство во 2006-та година. Словенечките фирми лани во странство инвестирале вкупно 3,5 милијарди евра, од кои речиси две третини во земјите од поранешна Југославија, објави словенечкиот бизнис весник „Finance“.

Словенечки инвестиции во поранешна Југославија: Хрватска 927 милиони евра, Србија 790 милиони евра, БиХ 344 милиони евра, Македонија 117 милиони евра, Црна Гора 71 милиони евра.

(повеќе..)

Економски мозаик

септември 14, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Едно од најактуелните прашања или проблеми на македонското стопанство во целина (и „големо“ и „мало“) е секако обезбедувањето на струја за непречено работење. Подолго време се подготвува една прилично радикална мерка, а која уште сега наидува на различни коментари и оценки: набавка на струја на берза по пазарна цена. Toa e предлог на Државните електрани што треба да почне да се применува од почетокот на следната година.

(повеќе..)

Споредбени движења и процеси: Македонија, соседство, свет

август 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

(18.08.2007.)

Рејтинг агенцијата Fitch го подобри долгорочниот кредитен рејтинг на Македонија од „ББ+ рејтинг со стабилен изглед“ во „ББ+ рејтинг со позитивен изглед“ за странска и домашна валута. Агенцијата ги потврди оценките за краткорочниот рејтинг во странска валута Б и плафонот за земјата БББ- (БББ минус). Со ова е добиена и највисоката оценка пред добивање на инвестиционен рејтинг (БББ-);

(повеќе..)

Европска евтинија и „неевропска” храна

јули 21, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Европската статистичка агенција Еуростат објави дека во 2006. година Бугарија имала најниски цени на храната и пијалоците помеѓу земјите- членки на Европската унија. Цените во најскапите држави во ЕУ се за 2,5 пати повисоки во однос на најевтините земји- членки, помеѓу кои Бугарија е апсолутен лидер.

(повеќе..)

Недостижно за Македонија: Хрватска со речиси милион корисници на Интернет

јуни 09, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Според истражувањето со користење на методот gemiusAudience, кое беше спроведено во текот на април, во Хрватска има повеќе од 954.000 Интернет корисници. Во набљудуваниот период, просечен корисник на Интернет поминувал 5 часа, 34 минути и 21 секунда и отворил 272 страници.

Спротивно на вообичаеното мислење дека Интернетот е главно машки медиум, процентот на жени кои го користат изнесува 47,9%.

(повеќе..)