Subscribe

Македонскиот бизнис и независно Косово

февруари 20, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Општа е оценката (и на политичарите и на бизнисмените) дека со решавањето на статусот на Косово, односно прогласувањето на неговата независност се отвораат нови страници во развојот на економијата во регионот, во развојот, продлабочувањето и проширувањето на меѓусебните економски врски.

(повеќе..)

Независноста на Косово (не)свршена работа

февруари 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Очекувано, без никакви изненадувања: Советот за безбедност на ОН не донесе никаква одлука за во овој момент едно од најгорливите прашања, не само на Балканот и Европа, туку со мошне сериозни импликации по мирот и перспективата на светот.

Се беше однапред познато пред неговата седница: Србија е подготвена за продолжување на преговорите, а Косово за ништо друго, освен за прогласување на ( ветената) независност.

(повеќе..)

„Наместен натпревар“: ветеното да се исполни

ноември 30, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави во Баден, во близина на Виена, каде што почна 3-дневната финална рунда на преговори за идниот статус на Косово со посредство на „тројката“ на меѓународната Контакт група,  дека државната делегација на Србија дошла на преговори за Косово за со приштинската делегација да постигне „заемно прифатливо решение“, истакнувајќи дека „топката е во дворот на косовските Албанци“:

(повеќе..)

Финиш без резултат?

октомври 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Без конкретни резултати во Брисел заврши и втората фаза на директните преговори помеѓу Приштина и Белград за идниот статус на Косово. Страните останаа на нивните различни позиции.

Шефот на посредничката тројка Волфганг Ишингер веќе не е оптимист, туку реално проценува:

„Мислам дека денеска, како и на средбата наредната недела во Виена, ќе видиме дали е можно да се дојде до реален напредок. Во таа насока мислам дека ова ќе биде одлучувачка фаза“.

Додека трае неизвесноста, т.н. „Гарда на цар Лазар“ веќе објави воена состојба за одбрана на Косово. Денеска нејзини членови безуспешно се обидоа да влезат во северниот дел на Митровица.

(повеќе..)

„Стандардни“, но и очекувано-неочекувани состојби и процеси во Македонија, Европа и светот

септември 26, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонија со 117 милиони евра е 7-ма на листата земји според висината на словенечки инвестиции во странство во 2006-та година. Словенечките фирми лани во странство инвестирале вкупно 3,5 милијарди евра, од кои речиси две третини во земјите од поранешна Југославија, објави словенечкиот бизнис весник „Finance“.

Словенечки инвестиции во поранешна Југославија: Хрватска 927 милиони евра, Србија 790 милиони евра, БиХ 344 милиони евра, Македонија 117 милиони евра, Црна Гора 71 милиони евра.

(повеќе..)

Светот допрва ќе се тресе од пораката на Кремљ

септември 07, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров завчера испрати досега најостра политичка порака од Кремљ за идниот статус на Косово, подвлекувајќи кај јужната српска покраина црвена линија зад која Москва не прави компромиси, пишува „Глас Јавности“.

Означувајќи го овој „рубикон“  во застапувањето на руските интереси на Балканот, Лавров со најсилна реторика ја најави цврстината и трајноста на  рускиот политички курс, па во тој контекс оваа порака може да се смета за позначајна од заканата со вето која се однесува конкретно на планот на Ахтисари, изјави вчера за „Глас јавности“ Милош Кнежевиќ, уредник на „Национален интерес“.

(повеќе..)

Поделбата на Косово се повеќе можна

август 22, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Поделбата на Косово, од сите лоши решенија, барем е возможно решение, оценува во изјава за Радио Дојче Веле координаторот на Пактот за стабилност, Ерхард Бусек.

(повеќе..)

САД ќе ја признаат независноста на Косово

август 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Американскиот дипломат Френк Визнер навести дека САД се подготвуваат да ја признаат еднострано прогласената независност на Косово.

(повеќе..)

Споредбени движења и процеси: Македонија, соседство, свет

август 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

(18.08.2007.)

Рејтинг агенцијата Fitch го подобри долгорочниот кредитен рејтинг на Македонија од „ББ+ рејтинг со стабилен изглед“ во „ББ+ рејтинг со позитивен изглед“ за странска и домашна валута. Агенцијата ги потврди оценките за краткорочниот рејтинг во странска валута Б и плафонот за земјата БББ- (БББ минус). Со ова е добиена и највисоката оценка пред добивање на инвестиционен рејтинг (БББ-);

(повеќе..)

Независно Косово кога- тогаш, засега некогаш

август 06, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Најнови „моменти“ од битката за и против независно Косово:

Потпретседателот на Меѓународната кризна група (МКГ) Ален Делетро оцени дека за статусот на Косово постојат три опции: договор помеѓу Белград и Приштина, резолуција на Советот за безбедност за покраината или косовските власти еднострано да прогласат независност.

(повеќе..)

Светот не знае што да прави со Косово

јуни 12, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Никој во меѓународната заедница „не знае што да прави со Косово“, објави лондонски „Сандеј телеграф“, повикувајќи се на изјава на западен дипломат во Приштина.

По самитот на Г-8 стана јасно дека од новата резолуцијата на Советот за безбедност во догледно време нема ништо, а таквата ситуација, според дипломатот, би можела целиот Балкан да го воведе во нови проблеми.

(повеќе..)

„Големиот“ го боли поразот

мај 22, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Едно забавен, маргинален, безначаен музички фестивал, иако премногу скап, ја заболе „(нај)големата музичка нација“ (ја боли повеќе години на ред), па конечно побара измена во начинот на гласањето. Се разбира, за да се врати „старото“, да си победуваат и со музички ступидарии.

(повеќе..)

Балканот одново „мета за поткусурување“ помеѓу САД и Русија

мај 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Балканот е вовлечен во геополитичкиот покер помеѓу Русија и Западот. Ескалирачката криза ги зафати и односите Вашингтон- Москва, во кои е вмешана и Грција, констатира грчкиот весник „Катимерини“.

(повеќе..)

Србија и според користењето на кредитни картички пред Македонија

мај 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Додека македонската опозиција во Парламентот, во рамките на расправата за новиот Закон за банките, се изјаснува против поголемата (масовна) употреба на платежни картички во Македонија, со дилетански образложенија од типот дека во помалите и руралните места ќе има проблем поради нивно „неразбирање“ (што е недозволиво потценување на народот, на оние што ги избрале за свои претставници-пратеници), во соседна Србија тие доживуваат вистински бум. Особено купувањето со кредитни картички.

(повеќе..)

Уште еден чекор назад на Србија кон ЕУ

мај 12, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Српскиот претседател Борис Тадиќ предупреди дека изборот на заменик- претседателот на Српската радикална партија Томислав Николиќ за претседател на Парламентот „е многу штетен за интересите на државата“.

(повеќе..)