Subscribe

Очекувана, а сепак топ вест: уапсен Ратко Младиќ

мај 26, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Како што е официјално соопштено, денеска изутрина во тајна операција е уапсен Милорад Комадиќ за кого се тврди дека е всушност Ратко Младиќ. Претседателот Борис Тадиќ потврди дека се работи за Младиќ.

(повеќе..)

Македонија и регионот пред се поголеми удари на светската економска криза

април 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Напоредно со пакетот кризни мерки, Владата на Македонија работи и на вториот мошне важен проблем, еден од клучните за моментно, но и среднорочно спротивставување на економската криза која и на земјава и се заканува со рецесија. Таа се уште не е „стасана“, но сериозно, се посилно тропа на врата со реални шанси насилно да ја „искрши“. Се работи за обезбедување на „свежи пари“ со кои ќе биде амортизиран финансискиот дел од кризата. Притисокот станува се поголем со оглед на очекуваниот пад на интересот за државните записи кои се случи денеска.

Будно се следат и случувањата во соседството, регионот и пошироко за навреме и подготвено да се пречека „прелевањето“, да се случат исти или слични „дејанија“. Прогнозите на ММФ и реномираните светски стручњаци и аналитичари се се попесимистички.

„Кој ќе преживее ќе има што да раскажува“.

(повеќе..)

Неопходна заштита на новинарите

февруари 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Да, крајно е време Владата, министерствата, медиумите и новинарските здруженија да седнат на една маса, да го постават и да почнат да го решаваат проблемот на заштита на македонските новинари при вршењето на нивната задача, но и на физичка и егзистенцијална- од закани, напади, претепувања, неплаќање на трудот, на авторството, загроза на достоинствената живеачка, од економско- политичка зависност. Се разбира, тоа е процес кој не може да трае кратко, но мора да се почне, да се „отвори“ час поскоро, доколку ни се важни опстојот на демократијата, на слободата на мислата, промислата и зборот, на индивидуалното и колективното единство на различностите.

Имајќи ги предвид бројните закани, судски процеси, се поголемата егзистенцијална загроза, се чини дека најнапред им е неопходна посебна или поголем степен на кривично- правна заштита. (повеќе..)

Признание на Косово или негова поделба

февруари 05, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Што значи резолуцијата за Косово што ја донесе Европскиот парламент, а со која се повикуваат членките на ЕУ кои не го признале да го сторат тоа? Се разбира, за властите на Косово значи многу, многу и за неговите најголеми поддржувачи (и во земјите на ЕУ), но за „прозваните“ не значи ништо. А големо прашање е дали воопшто значи нешто и за неговата иднина- перспектива.
Причината е едноставна: стравување од „домино- ефект“. Државите кои се уште не го признале имаат ист или сличен проблем со дел(ови) од својата територија, па признавањето би значело и „упатство за употреба“ кај нив. Тврдењето дека Косово е „посебен случај“, „sui generis“ и сл. е ординарна (политичка) глупост.

По Хрватска, Србија ќе стане членка на ЕУ, а можеби двете едновремено

јануари 24, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Србија забрзано чекори кон членство во ЕУ. Многу е веројатно дека таа ќе биде следната земја по Хрватска која ќе биде примена, но нема да претставува никакво изненадување ако и двете бидат примени во „пакет“, можеби заедно со Албанија и/или Црна Гора.

Србија во ЕУ пред Република Македонија? Па, нормално! Има некој што се уште се сомнева во тоа? На таквиот му препорачувам да се обиде да го „измери“ геостратешкиот интерес за Балканот на „главните“ во ЕУ (Германија, Франција, Италија, Велика Британија). (повеќе..)

Секоја одлука на Брисел за земјите- аспиранти за членство во ЕУ има заднина

септември 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Тврдењето во насловот на овој напис можам да го поткрепам со низа аргументи, со низа конкретни одлуки за кои подоцна се покажало дека се работи за нешто друго. Нема значење тоа што во меѓувреме „другото“ излегло на виделина.

За „главите“ во Брисел основно правило е: „Не назад, само напред“. Тоа секогаш „топло“ им го препорачуваат на сите оние во чие минато нивните земји имаат вина или длабоко „замешале прсти“. Еднаш еден од „нивните“ дури дојде да ни поокаже на својот часовник дека тој, како и секој друг, „му работи само напред“.

(повеќе..)

Нова иницијатива на Србија во ОН за независноста на Косово

септември 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Интересни ставови и најави на српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ во интервју за грчкиот весник „Елефтеротипија“:

Белград нема да ја признае независноста на Јужна Осетија и Абхазија, и покрај руската поддршка во однос на прашањето за Косово.

Србија ќе побара одлука од Генералното собрание на ОН да се постави пред Меѓународниот суд прашањето за законитоста на едностраното прогласување на независноста на Косово.

(повеќе..)

Време е за апсење на Младиќ и предавање на Хаг

септември 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Прилично наивно „звучи“ информацијата на некои белградски медиуми дека Младиќ бил „успешно лоциран“, па следува негово големо односно спектакуларно апсење (тоа сигурно).

Досегашното искуство со други обвинети за злосторство против човештвото (Караџиќ и други) вели дека во ниедна држава, па и во светот (помина времето на успешното повеќедецениско криење низ Централна и Јужна Америка на германски нацисти по Втората светска војна), дури и кога станува збор за најголемите- водечките криминалци, нарко дилери итн., не е можно толку успешно, повеќегодишно (повеќе од една деценија) бегање односно конкретно од Хаг. Убеден сум дека, како и со Караџиќ, на домашната и странската јавност „успешно“ ќе и биде „раскажана“ приказната за негово случајно препознавање од „некој“ (што, нели, треба да добие и ептен „масна“ награда).

Мене лично многу повеќе ме интересира со каква „маска“ ќе биде фатен. Ми се чини дека не му „лежи“ долга брада, а и годините во илегала не би требало на лицето да му оставиле подлабоки траги. Сигурно од личните (семејните) драми што ги преживеа, евентуално работата како цивил (на пример, ако не е шпекулација, како овчар), ама тие не би требало драстично да му го смениле личниот опис.

(повеќе..)

Србија зачекори кон ЕУ

септември 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Како што се очекуваше, според „распоредот“ на силите, српскиот Парламент го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. За ратификацијата гласаа 140-мина пратеници од владејачкото мнозинство и Либерално- демократската партија. Против беа пратениците од Демократската партија на Србија и Нова Србија, додека радикалите не учествуваа во гласањето.

(повеќе..)

Можно: Србија во ЕУ (сосе Косово) побрзо од другите

септември 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Се разбира, не се работи за „трка“ со другите земји во регионот, особено не со оние што од поодамна ја имаат „в џеб“ Спогодбата за стабилизација и асоцијација (Македонија) или во преговарањето се во поодмината фаза, туку за поинакви услови (читај: интереси) што за неа ги има „смислено“ ЕУ. Ако се имаат предвид некои изјави на клучни фактори во Брисел по апсењето и испорачувањето на Караџиќ на Хаг, пречки „практично“ не постојат. (Спогодбата е веќе потпишана, деновиве најверојатно ќе биде ратификувана од српскиот Парламент) Освен една: независно Косово.

(повеќе..)

Изненадување или очекуван „евро- атлантски“ потег на Србија

јули 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

karadzic_thumb.jpgПо 13 години постојана, а всушност „дисконтинуирана“ потрага и барање (напоредно) на меѓународната заедница, Србија „реши“ да го пронајде и уапси еден од најбараните на светот, поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ. (повеќе..)

Русија победник на „Евровизија 2008.“

мај 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Без изненадување, најавено и потврдено:

Победник на „Песна на Евровизија 2008.“ е претставникот на Русија Дима Билан, со композицијата „Believe“ („Верувај“), со што оваа земја за првпат стана победник на најголемиот европски музички спектакл, во неговата 50- годишна историја. Во 2006. година Билан беше втор.  Победата во саботата вечерта (24. мај) е убедлива- освоени се 272 поена од гласачи во 43 земји.

Украинската диско-ѕвезда Ани Лорак беше втора со 230 поени, а Гркинката Каломира трета со 218 поени. Најмал број на поени освоија Полска, Велика Британија и Германија- по 14.

(повеќе..)

Без FYROM на „Песна на Евровизија“

мај 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Колку да се регистрира, без обврска да се запамети:

Македонските претставници Тамара, Врчак и Адријан не се пласираа во финалето на годинашниот избор на „Песна на Евровизија“. На второто полуфинале во „Белградска арена“, синоќа, со песната „Во име на љубовта“ настапија како 18-ти, од вкупно 19 учесници.

Според „редот и обичајот“, ја претставуваа не сегашната, туку „Поранешна југословенска република Македонија“.

(повеќе..)

„За европска Македонија“ предизборен џокер? Глупаво и инфантилно.

мај 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Токму така. Очекувано за едни или неочекувано за други, „нецелосната“ победа на Тадиќ, поточно на неговата европска опција прва (веројатно нема да биде единствена) ја (зло)употреби коалицијата „Сонце“. (повеќе..)

Србија бара раздвојување на Србите и Албанците на Косово

март 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Српкиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ изјави дека Владата на Србија на УНМИК му понудила предлог за Договор за функционално раздвојување на Србите и косовските Албанци на Косово.

(повеќе..)