Subscribe

Македонија го троши времето или ја слабее одбраната на македонскиот идентитет

јануари 11, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

(11.04.2008.)

Ништо ново во македонскиот Парламент: и седницата за самораспуштање на Собранието „преполна“ со (познати) опструкции на опозицијата, со користење на процедурални забелешки и паузи. Главно, процедуралните забелешки (над 70 на број) беа околу нов претседател на ДИК, иако според толкување на собраниските служби, според Изборниот законик, секогаш претседателот на ДИК го предлага опозицијата, а заменикот е од редовите на власта и тој има мандат од 5 години. Следствено, нема одредени аргументи во законот што би се случило доколку има предвремени избори.

(повеќе..)

Неподнослива леснотија на живуркање

април 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

На оние што живеат и работат во главниот град на Република Македонија не им се потребни никакви истражувања за да „дознаат“ колку е тој наблаго речено несоодветен за живеење, колку е урбана средина во вистинската смисла на зборот. Сепак, кога во една традиционална, мошне компетентна светска листа Скопје ќе се рангира на 151-то место, од 215 во светот, некои од нив се задоволни од „златната средина“, но многу повеќе на број се оние што тоа им е „мошне блиску“ до последното. Особено кога за една година на листата „напредувал“ само за три места и кога ќе помисли дека, според се, е далеку од вистинска метропола. А има ни помалку ни повеќе, туку „цели“ 10 –мина градоначалници плус еден „координативен“.

Треба да се има предвид дека станува збор за рангирање според квалитетот на животот, а тој е одамна прецизно дефиниран, но не и доволно познат кај одговорните „фактори“ и неодговорните „трактори“.

(повеќе..)

Норвежанките старо- нови европски ракометни првенки

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Оние што континуирано и „експертски“ го следат европскиот и светскиот женски ракомет воопшто не се изненадени од редоследот на селекциите на „скалата на Европа“. Дури и второто место на Шпанија, односно нејзиниот пласман во финалето за нив е очекуван, а за третото на Русија единствен виновник е селекторот Евгениј Трефилов кој во решавачкиот меч за освојување на еден од медалите против Германија „чудно“ тактизираше- ги изостави од тимот можеби двете најдобри ракометарки. (Во реваншот за бронзениот медал Русинките победата ја обезбедија лесно и сигурно.)

Македонските ракометарки го постигнаа најголемиот успех досега. Но и тој не е неочекуван, иако надежите беа многу поскромни. Напротив, можат да жалат што не „отидоа“ многу погоре ако се има предвид просечната, шаблонизирана, неинвентивна игра на Швеѓанките (од нив загубија само со еден гол разика).

Никакво изненадување не е ниту оценката за добрата организација на првенството, а уште помалку слабата посетеност на натпреварите. (повеќе..)

Трифун нема да ги дочека двокатните автобуси

октомври 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Повеќе од сигурно е дека градоначалникот Трифун Костовски нема ниту да ги дочека најавените двокатни автобуси („подарок“ на Скопје од Владата на Македонија), ниту, пак, ќе се повози во нив, макар промотивно- за „сликање“. Тендерот за набавка ќе биде реализиран кон крајот на идната- 2009-та година, локалните избори се во март, а на нив тој и да се кандидира нема никакви шанси за уште еден градоначалнички мандат (општа оценка: најлош, најнеуспешен градоначалник на Скопје досега). А граѓаните? Скопјани со нетрпение ќе чекаат да се возат во нив или, пак, се сомничави, резервирани, па уште сега се со „став“ дека нема да се качат на вториот кат. Не се „официјално“ прашани, но од некои новинарски анкет може да се заклучи дека мислат оти двокатните автобуси се добро решение за хаотичниот градски превоз. (повеќе..)

И ова е Македонија…не Европа!

септември 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Да, секаде се случува и може да се случи; во Европа, во светот. Но, не паметам некаде да се случило вакво масовно труење со слатки, освен како непријателско дејание против поширока заедница или народ кое, патем, се нарекува геноцид. Се разбира, не е тоа (бидејќи би морале да се случат многу други „нешта“, меѓу другото поточно првото меѓународна хумана, па и воена акција), туку ете така, се случи…епидемија на труење во Македонија со колачи (еклери), за среќа без жртви!

(повеќе..)

„Шут карта“ или црвен картон за Костовски

јуни 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Дали барем малку му е гајле на градоначалникот на македонската „метропола“ Трифун Костовски дека во неа се живее пред самиот европски „амбис“-  африкански? Мислам дека не му е ниту „загајлено“. Знаете зошто?

Едноставно затоа што само уште неколку месеци го делат од локалните избори и уште неколку од претседатлските. А треба да се мисли и на „непосредната“ и на „среднорочната“ лична перспектива (не кандидатура, туку „структура“).
(повеќе..)

Спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје

мај 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Спортската сала „Борис Трајковски“, со капацитет од 10.000 посетители, е свечено пуштена во употреба. Таа ги исполнува највисоките европски и светски стандарди. Опфаќа површина од 35.000 метри квадратни и има две игралишта за
различни спортови, како и професионална бина за концерти. Со три влеза, видео надзор, паркинг простор и најсовремено внатрешно уредување со ресторани, салата вредна 16 милиони евра е најголемата од овој тип досега во Македонија.

(повеќе..)

А што друго, освен уште едно вето на Атина за Република Македонија

април 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Меѓународниот „фактор“ е повторно срамно поразен од една од нејзините, според сите „перформанси“, најслаби членки. Овојпат тоа е неговиот „дел“-Европскиот парламент. И повторно поради една можеби (не само политички) најголема ступидарија на нашиов век: името на една земја која природно и припаѓа на Европа, ги исполнува сите услови и за неа и за НАТО, ама „неприродно“ не може да ги користи бенефитите од евро- атлантската интеграција затоа што друга сака да ја прекрсти „по свое“.

(повеќе..)

Нимиц охрабрен и разочаран

април 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Воопшто не изненадува тоа што „првиот чекор“ на медијаторот Метју Нимиц од новата преговарачка „офанзива“ се покажа многу потежок од досегашните. Дури, мислам дека тој не успеа ниту да го „дочекори“.

Од многу едноставна причина:  ранетиот лав е (секогаш) поопасен од оној што успешно се перчи со својата сила.

(повеќе..)

Нова „офанзива“ на Нимиц

април 18, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Веќе се неброени досегашните, па со оглед на „тврдите“ позиции, всушност неразумните-ступидните барања на Атина, оваа негова нова „офанзива“ може да се „пречека“ многу повеќе со „песимистички“ оптимизам, отколку со реален.

Метју Нимиц доби согласност од македонскиот државен врв за нивно продолжување, без оглед на предвремените парламентарни избори. Неговата „втора цел“ се надева дека ќе биде постигната утре во Атина- согласност и од неа.

Нимиц се сретна со премиерот Груевски, а потоа и со претседателот Црвенковски. На двете средби присуствуваше и министерот за надворешни работи Милошоски, а преговарачот Димитров само на средбата со Црвенковски.

(повеќе..)

Зад „очите“ на јавноста: во Атина средба на експерти од Македонија и јужниот сосед

април 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Деновиве во Атина, на иницијатива на САД, се одржала ненајавена, вешто скриена од јавноста средба на експерти од двете соседни земји. Се работи за прв од серија на состаноци на експертско ниво што ќе се одржуваат во наредниот период наизменично во Скопје и Атина.

Новинарска, медиумска шпекулкација? Нема да биде до колку во наредниот период се „пробие“ информација (како оваа) и за следните средби.

(повеќе..)

Најреално и најлогично: прекин на преговорите со Грција

март 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Откако вчерашната рунда на преговори во ОН не донесе значителен напредок, разговорите за името не запираат, продолжуваат на американско тло, но во поинаква форма и од нова локација. Од денеска дипломатските игри околу решението за името се селат во Вашингтон, каде што се во тек интензивни консултации помеѓу високи грчки дипломати и претставници на американскиот Стејт департмент.

(повеќе..)

Важна „еколошка“ одлука на Владата на Груевски

март 20, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Владата на полицијата ќе и наложи од наредната недела ригорозно да ги спроведува казнените мерки од Законот за управување со отпад, донесен во Собранието пред речиси 7 месеци.

(повеќе..)

Со силата на аргументи, а не со аргументи на силата

март 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму тоа, не за да се „потсети“ на одамна осознаената и развивана- практицирана суштина на демократијата, туку како дециден став и порака треба државниот врв на Република Македонија да му го испрати на светот, пред се на Грција. Затоа што е очигледно дека свесно, намерно се заборава, се напушта- исклучува, не „соодветствува“ на денешната стварност.

(повеќе..)