Исто, ни најмалку различно
Што очекувате од предизборната кампања за парламентарните и локалните избори што стартуваше денеска? Јас веќе одговорив (види прилог под овој): ама баш ништо! Се разбира, почитувам различно, спротивно мислење, па и она: „А што треба да очекувам? Кампања како кампања“.
Можно ли е да се измисли нешто ново во нејзини рамки, а да не биде откривање на „топла вода“? Се разбира, ама не го очекувајте тоа од мене, ниту од кој било што со судни маки си ја брани својата „интелектуална сопственост“. Да бев во некоја маркетиншка агенција од избраните на партиите или ангажиран во нечиј изборен штаб…
Нудам еден прилог за (пре)прочит чија содржина нема да ве буни, да ве стави во никаква недоумица, само доколку го имате предвид датумот на неговата објава (15.06.2006. под налов „Предизборна кампања“). За неупатените: се работи за почнувањето на предизборната кампања за последните редовни парламентарни избори во Република Македонија во 2006- та. (повеќе..)

Како што се очекуваше и најавуваше, без оглед што гласачите во Макдонија за првпат ќе бидат во „необична“ ситуација- едновремено ќе гласаат и за нов претседател на државата и за градоначалници на своите општини сосе советници, уште на стартот е јасно дека се ќе биде „стандардно“, што значи веќе видено, чуено, со „сигурна и проверена“ форма и содржина. Оние што барем малку повнимателно и поинтензивно ги следат севкупните состоби во земјава и нејзината позиција (проблеми) на меѓународен план, по денешните „промотивни“ митинзи немаат причина да продолжат да ја следат кампањата, особено не преку медиумите- и електронските и печатените.
Само политички и новинарски шарлатани и дегенерици, платени или не сеедно, можат да смислуваат вакви и секакви други за само и само да „лаат“ против
Епидемија на заушки во Република Македонија?! Можно ли е? Во 21-ов век?! А кој ја предизвикал, да се појави по цели 17 години? Кој не ја спречил со она што го прави редовно целиот здравствено нормален свет? Нема кој?! Никој не е одговорен, никој виновен?
За жал, уште еднаш, по којзнае кој пат, мора да се констатира дека СДСМ, партијата која во изминатиот период, од осамостојвуањето на Република Македонија до денес, беше најмногу години на власт, а во опозиција беше (веќе не е) главен фактор во политичките битки, пресметки и премрежија, е во длабока кал од која не може уште долго да излезе. Затоа што очигледно нема сили, а од ден на ден станува се понемоќна, за чекорење кон цврсто тло, излегување од неа и чистење односно прочистување.
Ги препознаваат ли и се гордеат ли малите народи со своите големи луѓе? Дали е тоа во „природата“ на големите народи, дали е привилегија тие да се еднакви, да се изедначени со своите, но и со туѓите големи луѓе (што не значи само почит кон нивното дело, туку и приопштување- присвојување)? Нели малите се поголеми од големите со своите големи луѓе?
Бидејќи, за жал, политиката ни стана почетна и крајна точка на нашето живуркање, а политичарите првите „борци“ за нашето обезличување и маргинализирање, пред нашите големи луѓе, на кои одвреме- навреме со прст ни покажуваат други (големи народи), од ден на ден стануваме се помали.
Што е „стандарден“ добрососедски однос помеѓу две држави? Политичарите веднаш ќе ви одговорат: кога помеѓу нив нема нерешени прашања и проблеми. Но ќе ги ставите во небрано ако им поставите додатно прашање: можете да наведете такви во овие балкански, јужноевропски, па и пшироки простори? Од друга страна, без никаков проблем, не чекајќи од нив, сами лесно можете да најдете бројни пример на „одлични“ односи помеѓу две несоседски земји, без нерешени прашања и проблеми..gif)
Прилогов во оваа рубрика е објавен на 22.02.2006-та година под наслов „Политичката наивност“, а се реактуелизира со веќе започнатите подготовки за локалните избори идната-2009-та година во Република Македонија (претседателските засега како никому да не му се интересни). Судејќи според она што се случува и најавува (политичко групирање и прегрупирање, првични сметки и пресметки, активности на теренот), сигурен сум дека за неа допрва ќе имаме можност да расправаме, да теоретизираме и конкретизирамеза неа.
Зошто „големиот“ СДСМ падна на дното од македонскиот политички „бунар“, па којзнае уште колку конгреси ќе му требаат за да „исплива“ на површината, без оглед што е ептен плиток и „површен“, се разбира доколку во меѓувреме не се удави?
Многу нешта- прашања и дилеми од минатото и сегашноста, остануваат отворени и натаму кога станува збор за „најголемата“ македонска опозициона партија СДСМ (во наводници бидејќи веќе не е најголема според значењето, влијанието и позицијата на која се наоѓа- на дното од политичкото…мочуриште или езеро изберете сами; а е прашање дали и според бројот на нејзините членови). Помеѓу нив е секако ненаученото (можеби е поверојатно неприфатено) од „абуката“ на партиското организирање (од формирање до работа- акција на теренот и победа на избори): дека партија без лидер не бидува, а на лидерот и ако „изгуби“ партија нема да му биде тешко пак да формира нова или, пак, да преземе друга, постојна).
Токму кога длабоко се загрижив дека СДСМ е во нокаут (нок-аут: од англиските зборови knock- удар и out- угасен, исфрлен од игра), односно дека од ударите на противникот (ВМРО-ДПМНЕ) тој е паднат, изнемоштен и веќе му се одбројува 10-тата (политичка) секунда, а не може да се крене и да ја продолжи битката, уште повеќе ме онерасположи, просто ме дотепа, ми го уништи и оној мал оптимизам оти сепак “битката е изгубена, ама борбата се уште не“, Г-нот Никола Поповски, поранешен висок функционер на СДСМ (сега не знам ниту дали е низок).
Станува несфатливо како најтесното раководство и неговото „опкружување“ не разбираат или не прифаќаат дека со однесувањето и дејствувањето во подолг период (од самиот старт на опозициониот „стаж“- пред две и кусур години) се маргинализира себе си; СДСМ веќе не е најголема, а станува, ако се уште не најмала, тогаш „еднакво мала“ опозициона партија со другите „содружници“; дека создава дури анимозитет не само кај своите „довчерашни“ и “доденешни“ симпатизери, туку и кај членството.
Новиот политички дискурс што го постави или, поточно, го наметна Никола Груевски и „неговите“ од ВМРО-ДПМНЕ, кој веднаш го препознаа и поддржаа граѓаните на Македонија (константно висок- највисок рејтинг и колективно и поединечно), но не го разбраa- не го прифатија (што се сведува на исто) главните „опоненти“ , пред се од врвот на СДСМ, се потврди и со утврдувањето на новиот владин кабинет.




