Subscribe

Партизацијата на културата од вчера?

јули 04, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

(22.03.2007)

Несериозен, па и карикатурален беше настапот (15.03) пред јавноста на екс министерот за култура Благоја Стефановски. Сепак, незаслужено беше одмолчен. (Медиумите само „голо“ информираа.) Ако не поради друго, барем поводно уште еднаш да се (у)каже во што е, каде е проблемот на „незгодната“, најчесто лицемерна позиција на сегашната опозиција: во сопственото (не)чинење кога таа ја практицираше власта.

Тоа поинаку се нарекува: немање ниту морално, ниту какво било друго право да се посочува на работи кои самиот си ги правел. На пример, партизацијата на културата.

(повеќе..)

Во СДСМ не само лидерска криза

јуни 21, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Откако падна во вода обидот поразот на предвремените парламентарни избори да се толкува како морална победа (што претставува нонсенс), а Бранко Црвенковски, иако јавно вети дека ќе се повлече доколку и овој пат не го победат Груевски (не само од лидерската позиција, туку од политиката воопшто), е во прилично „небрана“ внатрепартиска позиција.

(повеќе..)

„Скандал“ кој не е тоа

мај 11, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Која е крајната цел на наводните списоци за притисок за гласање?
Наводни само затоа што и оние на опозициската телевизија А1, за притисок врз вработени во јавната администрација за сигурни гласачи за ВМРО- ДПМНЕ, и оние на оваа партија за СДСМ-овски допрва треба да се проверат, да се истражат. Тие се веќе кај јавниот обвинител
, а соодветна постапка најави и јавниот правобранител.

Крајна цел? Повеќе од јасна: однапред да се обезбеди алиби за сопствениот пораз на претстојните вонредни парламентарни избори. Со други зборови, за оној што ќе изгуби тие „мора да  бидат“ нерегуларни, нефер и недемократски. Па ќе следи барање, веројатно со помош на меѓународниот фактор, тие да се поништат.

(повеќе..)

Поизвесен победникот на вонредните парламентарни избори

мај 02, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Уште еднаш се потврди дека, иако подмладено, раководството на СДСМ  не може да се ослободи од „истрошените“ кадри и да направи порадикален чекор кон „победничка иднина“.

Отсуството на Владо Бучковски од кандидатските листи не може да биде „покритие“ за „опстојувањето“ на Макрадули, Ивановски, Минчев, Иванова, Бендевска…

За Радмила Шеќеринска е се одамна познато и препознат. Таа е сега кандидат за иден премиер кој катастрофално ја изгуби претходната битка. Добива шанса за „реванш“, но со многу негативно „позиционирање“ во однос на „лутиот противник“ Груевски. Мислам на огромните разлики во сите „лидерски“ рејтинг листи)

Се чини дека е веќе јасно оти победата на ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери е сигурна, а прашањето е дали таа ќе биде голема или, напротив, дури недоволна. Не за формирање на Влада, туку според  бројот на освоените пратенички места.

(повеќе..)

Кому му пречи отчетот?

април 26, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Се разбира, му пречи на оној за кого тој бил и е мислена именка. Имено, вистина е дека во сиот изминат период на плурално владеење со Република Македонија (не баш и демократско) ниедна власт својата одговорност и јавност пред граѓаните не ја оправда- потврди со извештај- отчет. Пред се како показ и доказ на сработеното, недоработеното и несработеното. Дури и кога за „грешките“ беше казнета (СДСМ на избори) не „чувствуваше“ потреба од такво нешто- макар „за миг“ да се биде искрен и да се образложи зошто е заслужена (според сопствено признание).

Жестоката реакција на опозиционата СДСМ не е предизвикана поради „фрлените пари“ за печатење на книгата- отчет (лично воопшто не ми изгледа дека е луксузно издание, та да чини „дури“ милион евра!; според моите скромни познавања на печатарските услуги, ќе да е грешка- додадена најмалку една нула), туку токму поради „отчетувањето“, односно резултатите.

Оние што се стручни за политички маркетинг знаат дека токму отчетот е најсигурна и најдобитна предизборна „карта“.

Само напишаното- отпечатеното е лесно проверливо, особено кога се тврди дека е лага. Ако се покаже и докаже дека не е?

(повеќе..)

И официјално: вонредни парламентарни избори во Македонија на 5. јуни

април 15, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Собранието се распушти, утре претседателот Трајко Вељановски ќе го потпише Решението за распишување избори.

Не беше неочекувано, но пратениците како да заборавија дека се собраа последен пат ЗА ДА ГО ВРАТАТ ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ добиен од граѓаните на Република Македонија на избори!

(повеќе..)

„Незгодна“ ситуација

март 24, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Белким новинарите на А1 ТВ и весниците „на Велија Рамковски“ конечно ќе се сепнат, ќе се пресметаат и ќе ја зашвршат неколкумесечната кловновијада пред Владата на Македонија, а ќе се посветат на борбата за достоинство на новинарската професија, пред се против манипулациите, шпекулациите, вовлекувањето на новинари во криминални дејанија итн., односно против инструментализација од страна на „големите газди“.

Белким конечно сфаќаат дека беа и се (зло)употреувани за лукративни политички цели, а „во името“ на медиумската слобода, независноста на новинарството, демократијата…

Се разбира, едновремено и да се обидат да се извлечат што помалку извалкани од калта во која длабоко зацапале.

(повеќе..)

Лидерска средба без никакво значење

март 16, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Не е јасно врз основа на што некои аналитичари и новинари (медиуми) ја подгреваа надежта дека нешто многу важно ќе се случи, а секако најважното- СДСМ да се врати во Собранието и да започне интензивна подготовка за вонредните парламентарни избори. Особено ако се има предвид дека од ултимативните барања како предуслов за тоа едното е „проблематично“, а другото невозможно да се исполни.

Јасна е само веќе разнишаната „пуста“ надеж дека колегите од А1 ТВ и од печатените медиуми „на Велија Рамковски“ ќе „ќарат“ одмрзнување на сметките и „колку- толку“ ќе ја покријат кловновијадата пред Владата на Македонија секоја вечер веќе два и кусур месеца. (Ако се негови, тоа е спротивно на Законот за радиодифузија кој прецизно го дефинира „медиумскиот монопол“.)

(повеќе..)

На македонскиот политички „фронт“ ништо ново

март 13, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Опозицијата ќе се врати во Парламентот (очекувано), во меѓувреме СДСМ најавува формирање на Влада во сенка, што ќе биде нејзин голем адут на претстојните предвремени парламентарни избори (предвидов); конгреси одржаа ВМРО- ДПМНЕ (со воздржавни и прилично „општи“ пораки) и ЛДП (со мошне забавни „поенти“); „брат Љубе“ и Селмани се шетаат низ селата во Македонија (а „И јас сум А1“ редовно и ревносно ги следат, но не како платен политички маркетинг); се формира „Демократска десница“; квазианалитичарите и прогонозерите „уткаџии“ најавија конечно заминување на Црвенковски од челната позиција на СДСМ (како не им текнвуа дека челната позиција е многу посилна од сенка?!), а албанските опозициони партии бараат нови изборни граници.

Да, најзначајното нешто поврзано со претстојните избори ќе биде средбата во четири очи помеѓу Груевски и Црвенковски, овие денови, а на иницијатива на премиерот. (Црвенковски се пожали дека му била „прочитана“ и „украдена“ идејата за неа- тврди дека го прислушкуваат).

(повеќе..)

Го даваат ли победникот на предвремените избори (евентуални) моментните рејтинзи?

март 09, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Евентуалноста поместена во заграда на насловот на овој текст е поради очигледното „дриблање“ на СДСМ со поставените услови, а моментно и со Државната изборна комисија (деновиве ќе го видиме „голот“ или „фаулот“).

Се разбира, ги имам предвид и условите што ги постави, од кои самиот знае дека еден, кој се покажува дека му е најважен (одмрзнување на сметките на А1 ТВи печатените медиуми на Велија Рамковски), е неостварлив. Затоа што станува збор за судска одлука  која не може да се преиначи со политичка. Без оглед дали се употребувал и може да се употреби „телефонот“ кој го користел Црвенковски кога бил на власт при слични „деликатни проблеми“ ( според сопствено признание, нему му е познат, а како што изјави- тврди „го знае и Груевски“).

(повеќе..)

СДСМ-овскиот „фронт“ да ги бојкотира претстојните избори- дефинитивно!

март 01, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Вонредните парламентарни избори да се одржат, „фронтот“- всушност СДСМ со своите „сателитски“ партии да опстојат на својот став, и тоа без оглед дали по нивното одржување меѓународната заедница (а не „фронтот“) ќе ги оцени како максимално фер и демократски или со „забелешки“.

Притоа, да потенцирам, „фронтот“ да престане да манипулира со тоа дека без нив во македонскиот Парламент ќе нема опозиција. Затоа што ЛДП, чиј рејтинг расте и сигурно наскоро ќе го преземе опоизиционото „кормило“, искажа цврст став дека ќе учествува, а не „откажаа“ и некои други.

(повеќе..)

Последна фаза од сценарио или последен очајнички обид за спас од дефинитивен пораз

јануари 29, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

По бројните неуспешни штрајкови, пред се на земјоделци со што се правеа „удари“ врз еден од најуспешните економски програми (претходно на стечајни работници кои не можеа да прикријат кој им „кумуваше“), опозицијата се реши на последниот чекор (лесно предвидлив) во обид да се урне актуелната владина коалиција.

Еден од мариналните лидери на минорна политичка опозициона партија во својата „поетска вдахновеност“ не се ни обиде тоа да го скрие: изјави дека е дојдено време власта „ако треба“ да да се урне „и во буквална и во пренесена смисла“.

Според позицијата, сценариото е одамна прочитано: да се предизвика парламентарна криза и на тој начин да се изнудат предвремени избори. На кои опозицијата нема да победи, но ќе успее да „обезбеди“ техничка Влада, па после…

(повеќе..)

Ако не е се исто, се е ептен слично

јануари 25, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Власта и лично премиерот Никола Груевски „јасно и гласно“ кажаа дека не планираат предвремени парламентарни избори, ама „превејаните“ политичари од македонската политичка опозиција (како Тито Петковски и нему сличните) се „сигурни“ дека ќе има, но не се плашат бидејќи нивните партии се подготвени и ако се организираат „деновиве“. Својата „сигурност“  ја темелат на „засилената активност“ на теренот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а истата на опозицијата- пред се на СДСМ е „нормална работа со членството“ (демек е „ненормална“ за противникот кој „мора да падне“).

А всушност се работи само за едно „нешто“: на „раздрнданата“ опозиција и е „совршено јасно“ дека помина времето кога народот беше можно да се „обработи“ (читај: придобие) само за време на предиозборна кампања, сосе вообичаениот нејзин предвремен „неформален“ период. Особено ако се има предвид нејзината (пре)длабока „однароденост“.

Оние што во континуитет ги следат изборите во Македонија, од првите до последните предвремени парламентарни и досегашните локални (помеѓу нив и мојата дребност), забележуваат дека почнува да се случува токму како што е потенцирано со насловот: ако не е се исто, се е ептен слично. Уште една од многуте потврди за тоа е прилогов под наслов „Затишје пред бура или ‘чаша култура’“, објавен на 12.05. 2006. година, а кој се однесува на еден мошне важен, еден од  (нај)приоритетните „сегменти“ на секоја програма со која се сака да се освои власта. Без оглед дали се вика „Решенија“ или „Преродбата продолжува“.

(повеќе..)

Неприфатлива симплификација

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Право е на секоја опозиција да користи се што е против практиката, против решенија или активности, односно намери на власта за сопствен маркетинг, за добивање на поени и можности за подобро позиционирање пред следни избори, за себепромовирање како „конструктивен коректор“. Тоа не треба само да се признава, туку и да се почитува.

Меѓутоа, недозволиво е нешто што е комплексно, дел од системот да се симплифицира, а особено да се именува со „балон што издишува“. Особено кога тој- „балонот“ е признат од „меѓународниот фактор“ како клучна исполнета одредба („бенчмарк“) од страна на ЕК за добивање на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа е не само несериозно, туку и штетно по угледот на државата.

Како што „женска расправа“ не би  смеела толку инфантилно да ја поттикува надежта за брзо „растурање на владиниот брак“.

(повеќе..)

Идентитетот и достоинството

ноември 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Што се не се изнаслушавме и не се изначитавме деновиве во врска со проблемот на Грција со македонскиот идентитет, а кој и го наметнува не само на Република Македонија и нејзиниот народ (според Уставот, мнозинскиата и немнозинските заедници; значи и на нивниуот идентитет!), туку мошне вешто и на „меѓународниот фактор“, пред се на членките на ЕУ и НАТО: нонсенси и небулози, недоветности, неукости, наивности, експертизи со и без наводници, политикантства, „прагматичности“, „отворени“ и „затворени“ лични сметки и пресметки…

Од тоа дека како последица веќе имаме „две Македонии“(?!); одамна прифатеното „здраво за готово“ дека станува збор за „билатерален проблем“ (иако Македонија нема ист или сличен со името на Грција односно идентитетот на нејзиниот народ); дека треба да се водат „суштински“ преговори (без објаснение- конкретизација на „суштинското“ и одговор зошто и како досега биле „несуштински“); да се биде флексибилен (во однос на што?; на идентитетот?); па се до срамното сведување (од страна на новинарски „аналитичари“ и политички медиокритети) на негирањето комплексноста на македонскиот идентитет на „обичпната“ придавка „македонски“.

(повеќе..)