Subscribe

Се помалку разбирање за Грција

септември 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Проблемот што го има Данајската република (според некои Грција) со името на нашава земја (а не „разлики во ставот за името“) од ден на ден станува неразбирлив за се повеќемина видни личности, пред се интелектулаци и политичари, но и за земјите „во целина“ (власта и народот). За нас одамна осознаен (во неговата суштина), а за нив со оглед на сојузништвото (ЕУ и НАТО) и долгогодишното пријателство и соработка (ЕУ, НАТО, САД). Притоа е се помалку нужна вештината на читање „помеѓу редови“. Ставовите како пораки им се упатуваат на „двете страни“, а всушност на онаа што му задава „главоболки“ на светот со своето данајство (за него имам пишувано и на овој сајт, постои објаснение и на „Паноптикум“, а може да се сретне во која било општа енциклопедија).

Два „најнови“ става- едниот „државен“, другиот на авторитетна европска личност:

(повеќе..)

Авганистан- војна без скорешен крај

септември 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Што се случува со и во Авганистан? Можно ли е наскоро војната да заврши? За ослободување ли беше таа односно е од Талибанците? Уште ли се „живи“? Се уште не капитулирале? Толку да се „жилави“, та се уште успешно се борат против Американците и меѓународните сили односно НАТО? Во што учествуваат и наши, македонски „мировници“?

(повеќе..)

Економската криза во САД и светското стопанство

септември 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Уште на почетокот од јуни рускиот претседател Дмитриј Медведев ги обвини САД дека улогата што ја презеле во светската економија не е во согласност со нејзините вистински можности, а тоа претставува една од главните причини за сегашната глобална финансиска криза.

„Без глед на големината на американскиот пазар или јачината на американскиот финансиски систем, тие не се во состојба да ги заменат глобалните стоковни и финансиски пазари“, изјави тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, додавајќи: „Илузија е една земја, па дури и најмоќна, да може да ја преземе улогата на глобална влада. Меѓународните институции одговорни за глобалната финансиска политика, во прв ред Меѓународниот монетарен фонд (ММГ), всушност немаа влијание врз стратегиите на пазарните играчи“.

(повеќе..)

Заднината на „извозот на демократија“

септември 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Една „стандардна“, „вообичаена“ вест која (како таква) не предизвика поголемо внимание кај нас (па и во светот). Се работи за една од оние што само потврдуваат со децении позната работа, а „гласовите во пустината“ одамна никој не ги слуша. (Едно поради глувост, а друго оти нивните „сопственици“ се одамна пренесени жедни преку вода односно случајно начекана оаза). Всушност, за вест која не сакајќи го афирмира светското лицемерие, пред се на најмоќниоте земји во светот:

(повеќе..)

Русија- Грузија и „оние“ помеѓу нив во меѓувреме

септември 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Дали Грузија е жртва на Западот, а Саакашвили жртвуваниот пион во „шаховската игра“ со Русија? Судејќи според развојот на ситуацијата по завршувањето на конфликтот и повлекувањето на руските трупи од грузиска територија, како и се она што се случи и се случува во меѓувреме, се чини дека станува збор за уште една неуспешна проверка на „степенот на разбуденоста“ на Русија од страна на САД преку Грузија. ЕУ  во тоа е само епизодист, „страничен играч“ кој трча на средината на теренот и по аут линиите, и тоа без да гледа каде се наоѓа „топката“ (во „игра без топка“ толку се „извешти“ што на неутралната публика воопшто не и пречи оти не знае и не може да даде „гол“; меѓу другото и затоа што не знае кому).

Првата „мошне непријатна“ работа за САД (за почетокот на новата Студена војна?), но и за ЕУ која се обиде преку Франција (претседавач) со оној „за жалење“ Саркози пак да одигра „без топка“ и да даде „гол“, беше оценката на набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа- ОБСЕ. Тие соопштија дека Грузија ја има вината за избувнувањето на кризата во Кавказ.

(повеќе..)

Продолжуваат маките на Американците со ураганите

септември 02, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

И покрај тоа што силата на ураганот „Густав“ беше намалена до прва категорија според скалата на Сафир-Симсон, со максимална брзина на ветровите од 145 километри на час, најмалку 12-мина луѓе загинаа во американската држава Луизијана. Ниту една од жртвите не е од Њу Орлеанс. Во меѓувреме тој ослабна до тропска бура која предизвика поплави и прекин на електричната енергија.

(повеќе..)

ЕУ на крстосница

јуни 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Поранешниот британски министер за Европа, Денис Мекшејн,  остро забележа дека не може да постои единствена надворешна политика на ЕУ додека „Грција ја блокира Македонија, а шпанската дипломатија лобира против Косово“:

(повеќе..)

Залуден притисок врз Данајската република (Атина)

јуни 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Со оглед на мошне краткото време за решавање- разврска на проблемот на Грција во врска со името на Републиика Македонија, без оглед на се поголемиот притисок врз Грција тешко дека САД ќе успеат да „завршат работа“. Не затоа што Данајската Репуплика (Атина) моментно се замислува ептен силна, дури посилна од САД (сегашната власт на заминување, на чело со Џорџ Буш), туку поради „данајската природа“ на Атињаните да го искористат  својот „тројански коњ“ (Барак Обама) кога ќе дојде „вистинското време“ (кога тој ќе стане нов претседател на САД).

(повеќе..)

Домашна задача

јуни 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Една мошне погрешна и тенденциозна оценка за изборите на 1-ви јуни, за домашна, но многу повеќе за меѓународна употреба, беше изнесена од опозицијата, конкеретно од лидерката на СДСМ (во оставка) Радмила Шеќеринска: дека тие биле најлошо организирани од сите досегашни, за разлика од оние во 2006-та.

Колку за потсетување, а пред се против краткото паметење, еве еден мој објавен коментар во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ од
12.05.2006-та година. Го преобјавувам со незначителни, пред се печатни и стилски поправки.
(повеќе..)

Македонија- САД: Декларација за партнерство и соработка

мај 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Македонија потпиша декларација за стратегиско партнерство и соработка со Соединетите Аме­рикански Држави, најавувана веднаш по самитот во Букурешт. Најзначајно во неа е што САД ја реафирмираат поддршката на принципите за сувереност и територијален интегритет, гарантирајќи ја унитарноста на Македонија во нејзините сегашни граници. Тоа едновремено значи засилување на американско- македонското сојузништво.

(повеќе..)

Поддршка со „задршка“ за покана во НАТО

март 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Од интервјуто на Џорџ Буш за Хрватската државна телевизија:

„Единствена работа која можам да ја потврдам е дека САД го поддржува членството на Хрватска во НАТО. Имам голема надеж. Не сакам однапред да давам мислење за одлуката на своите колеги но, јас сум голем оптимист. Ништо не би било подобро од тоа да ви донесам добра вест за членството“.

(повеќе..)

Директно вмешување на САД во решавањето на проблемот на Грција?

март 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

САД конечно решија да преземат конкретни чекори за „спас“ на Грција за решавање на нејзиниот проблем со уставното име на Република Македонија.  (Не на, како што постојано се вели, а јас постојано укажувам, билатералниот, туку на нејзиниот односно „унилатералниот“; од проста причина, потенцирам уште еднаш, што Република Македонија нема проблем со своето име, особено не „во однос“ на Грција- со нејзиното.)

(повеќе..)

Со силата на аргументи, а не со аргументи на силата

март 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму тоа, не за да се „потсети“ на одамна осознаената и развивана- практицирана суштина на демократијата, туку како дециден став и порака треба државниот врв на Република Македонија да му го испрати на светот, пред се на Грција. Затоа што е очигледно дека свесно, намерно се заборава, се напушта- исклучува, не „соодветствува“ на денешната стварност.

(повеќе..)

Грција се повеќе се дави во сопственото „мочуриште“

март 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove 2 Comments →

Притисоците што се вршат врз Македонија од „сите“ страни (всушност од сојузниците и „симпатизерите“ на Грција; дали, на пример, сте слушнале- прочитале за такво нешто од страна на Русија?) да биде „конструктивна“ односно „флексибилна“, всушност „попустлива“, е буквално спасување на Грција во последен момент, за да не се удави во сопственото „мочуриште“ што го создаде, а во меѓувреме не успеа, не се ни потруди или не знае(ше) како да го „исуши“.

(повеќе..)

„Стандардни“, но и очекувано-неочекувани состојби и процеси во Македонија, Европа и светот

септември 26, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонија со 117 милиони евра е 7-ма на листата земји според висината на словенечки инвестиции во странство во 2006-та година. Словенечките фирми лани во странство инвестирале вкупно 3,5 милијарди евра, од кои речиси две третини во земјите од поранешна Југославија, објави словенечкиот бизнис весник „Finance“.

Словенечки инвестиции во поранешна Југославија: Хрватска 927 милиони евра, Србија 790 милиони евра, БиХ 344 милиони евра, Македонија 117 милиони евра, Црна Гора 71 милиони евра.

(повеќе..)