Уште еден неуспешен американско- европски „фронтален притисок“ за името

Европа и САД конечно „ја открија Америка“: Данајската република (Грција) нема проблем со името на државата Република Македонија, туку со идентитетот на македонскиот народ! Поради ова најново „откритие“ Атина е дефинитивно срамно „разголена“, па единствен спас гледа во евентуалното убедување на своите сојузници и пријатели по изборите во јуни; дека токму тој- идентитетот е опасен за целата западна цивилизација, а не само за неа. Не сум убеден дека во тоа нема да успее, а што, пак, од друга страна, ќе значи или „поголема флексибилност“ на Македонија, која подразбира „компромис“ околу „македонски“ (јазик, култура, корени, блиско и далечно минато- историја, традиција…-идентитетот во сета негова комплексност) или спорењето на нејзиното име (не уставно) да продолжи се до идното прекројување на регионот- негово „стопување“ во „преоден“ европски дел.
Патем, нужно е, и за нас и за меѓународниот фактор, да се „расчисти“ следнава „валканица“ на Атина: таа нема „спор“ за името на својот северен сосед, туку „го спори“ неговото постоење со уставното име (не со FYROM- БЈРМ или некое „заеднички прифатливо“). Да имаш спор и да спориш е сосема различно. Кој не знае или не разбира нека стори напор да научи, а може и да најде некој да му објасни (не мора да биде многу учен). (повеќе..)

Судскиот процес на терористичката група во САД и самата пресуда на браќата родени во Дебар немаат никакво значење, а најмалку „товар“ кој би требало да предизвика некаков „специјален“ ангажман. Што ќе рече останува во доменот на „внатрешните работи“ и „мало камче“ во мозаикот наречен „Борба против светскиот тероризам“.
Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер.
И на политичкиот лаик веќе му е јасно дека Саакашвили не води „гола борба“ за власт, и натаму да остане претседател на Грузија, туку „мора да остане“ поради остварување на пошироки геополитички и геостратешки интереси: држејќи ги во латентна криза руско- грузиските оноси НАТО, односно западните сили предводени од САД да бидат што поблиску до Русија, на самата нејзина граница, со единствена цел да се спречи ширење на нејзиното влијание. Сферите на влијание се од исклучителна важност во овој само навидум глобализиран свет, а всушност во сериозна и веројатно долгорочна нова Студена војна, во нова „софистицирана“ форма.
Токму како размрдување „Гласот на Русија“ го пренесе реагирањето на светските политичари на повикот за нуклеарно разоружување (обнова на СТАРТ). Меѓутоа, истото може да се однесува и на некои конкретни потези на внатрешно- економски (американски) односно надворешен економско- политички план, како што е укинувањето на дел од ембаргото спрема Куба.
И на економскиот лаик му е јасно дека ќе биде тешко и долготрајно излегувањето од светската економска криза. Особено затоа што сценариото за неа долго се подготвуваше, а уште подолго траеше нејзиниот почеток (белким не мисли некој дека таа „падна од небо“). Во тој контекст е наивно, па дури и смешно убедувањето на некои странски експерти и политичари дека процесот на стабилизација односно совладување на кризата е веќе започнат, па дури се забележуваат и првите знаци на економски подем од „нулта точката“.
Светот како да очекуваше и се уште очекува „некаде“ да почне војна, поучен од таквото „ефикасно и брзо“ решавање на регионални и глобални економско- политички кризи. Сепак, судејќи според рамнодушноста, особено на најмоќните, оние во чии раце е судбината на светот (така е, без оглед дали тоа му се допаѓа некому или не), пред се едностраните поддршки, тоа „некаде“ не е појасот Газа и старо- новиот судир помеѓу Израел и Хамас. Допрва ќе се види каде, а во овој момент единствено е сигурно дека „решителниот удар“ на Израел против палестинските екстремисти ќе запре привремено кога за тоа ќе решат неговите поддржувачи, пред се САД.
Победата на Барак Обама на претседателските избори во САД е повеќе од очекувана. Не поради прогнозите и анкетите кои бележеа постојана значајна предност пред републиканскиот кандидат МекКејн, туку пред се поради разочараноста од политиката на републиканците, конкретно на Џорџ Буш, од шпекулативната економија што ја поддржуваше и и отвораше нови „хоризонти“, од бесперспективноста во која ја туркаше и ја турна Америка во текот на своите два претседателски мандата, како и загриженоста на Американците од она што допрва неодминливо доаѓа. 
Какви бои има западната демократија? Има ли доминатна? Веројатно е зелено- сината (САД- Европа), но не треба да се заборави и на жолтата (европските ѕвезди; се сеќавате на „Подвлечено со жолто“?). Црвената е нејзино минато, особено затоа што се смета дека повеќе недемократска (таму кајшто ја има, на пример во Кина, некои латиноамерикански држави…). А портокаловата (како „премин“ од црвена во жолта)? Е, неа дефинитивно ја (из)губи.
Некои го сметаат за контроверзен, некои за живописен, атрактивен, некои го нарекуваат популист, херој, но сите се согласуваат дека Хуго Чавез е „нестандарден“, односно надвор од „рамките“ во кои сме навикнале да ги гледаме светските лидери. Дали за Венецуела е „соодветен“ претседател?




