Subscribe

Климата го возвраќа ударот

февруари 10, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Секојдневно следиме вести и информации за невреме,  снежни бури, урагани, земјотреси…

Дали долгонајавуваната предупреда дека е „последен миг“ светот да стори нешто за натамошниот сопствен опстанок, за повторно враќање на климатската рамнотежа  веќе не важи? „Мигот“ помина, та катаклизмичките промени на климата, како нејзино возвраќање на ударот, веќе започнаа? Не е ли ова „почеток на крајот“?

(повеќе..)

Надеж на светот: економски раст на САД во 2010-та

февруари 02, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

По објавувањето на крај на рецесијата минатиот месец, сега економски експерти од администрацијата на претседателот Обама  најавуваат раст годинава од 4,5% на годишно ниво. Се разбира, станува збор за сериозни и детални анализи на моментните состојби, но и на потенцијалот на државата во наредниот двегодишен период.

(повеќе..)

Невешта замка: едно име за севкупна употреба

февруари 02, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму така. Инсистирањето на Грција за „компромисното“ решение „Едно име за FYROM севкупна употреба“ е невешта стратешка замка во која би требало да „падне“ Република Македонија, поточно македонскиот народ. Таквото решение значи постапно, но сигурно и неповратно меѓународно губење- непризнавање на неговиот идентитет!

Затоа е тоа „главната црвена линија“ на Грција, од која нема да остапи „по никоја цена“.

Затоа и експлицитните ступидни барања за ограничена (зло)употреба на „придавката“ македонски (во случајов таа воошпшто не е тоа) имаат предвиден „празен простор“ за премолчена „отстапка“.

(повеќе..)

Неуспешна прва година на Обама. Има време да се „поправи“.

јануари 25, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Претседателот на САД сам призна дека имал „политички недостатоци“, а особено во реализирањето на програмата за излез од кризата.

Всушност, признал или не признал „тоа му е“, противниците- републиканците се чини брзо се „созедоа“, па ја однесоа и првата(?) победа на изборите за сенатор на Масачусетс.

(повеќе..)

Авганистан долгорочно воено жариште

јануари 18, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Се чини дека воените жаришта се неопходни во нашево време ако се има предвид дека, со оглед на распоредот на воената моќ во светот, може да ги нема. А  секое што би се појавил би можело да се запре, да се „угасне“ дури и за буквално 24 часа, па и помалку. Зошто неопходни? Прашањево е комплексно, одговорот воопшто не е лесен, но најнапред некако сами по себе се наметнуваат интересот и балансот, односно затврдениот распоред на моќта кој не смее да се наруши.

Очевидно, такви неопходни, долгорочни жаришта се Ирак и Авганистан. Во нив се „најевидентни“ токму интересот и балансот на моќта, а и на лаикот одамна му е јасно дека можат да се „угаснат“ мошне брзо, за само неколку месеци. Напротив, внатрешните судири не се спречуваат, тие се латентни, без никаков обид да запрат. Зад „кулисите“ дури и се поттикнуваат, пресметувајќи ги огромните цивилни жртви како „колатерална штета“.

(повеќе..)

По катастрофалниот земјотрес на Хаити

јануари 18, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

По првиот шок од размерите на последиците од земјотресот, огромните жртви (над 100.000) и разурнувања, светот почнува да реагира, иако многу бавно. Особено во спасувањето на затрупаните живи луѓе под урнатите зданија.

Во поновата историја на тектонските движења на Земјините плочи и земјотресите по нивните рабови, земјотресот на (12.01) ќе биде забележан како еден од најсилните-7 степени според Рихтеровата скала. По него се забележани уште 30-тина помали, од кои 10-тина со магнитуда поголема од 5 степени.

Епицентарот бил на 15 километри западно од главниот град на Хаити- Порт-о-Пренс.

(повеќе..)

Според Буш, Македонија во НАТО

декември 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

(05.04.2008.)

Најголемата поддршка што во последно време САД и ја даваат на една земја е Република Македонија. Во подолг период, а вистинска кулминација доживеа на штотуку завршениот самит на НАТО во Букурешт- Романија. Тоа не значи никаква утеха за „поразот“ со недобивањето на покана за членство (во наводници зашто веќе го искажав и аргументирав ставот дека всушност е поразена, и тоа жестоко, Грција- удавена во сопственото примитивно националистичко мочуриште), туку нешто што веќе ги загрижува и нашиот јужен сосед (поради последиците од „Пировата победа“ која е пред се над најмоќната сила на светот), но и нејзините европски сојузници во НАТО (не сите). Ова особено се однесува на земјите од „стара Европа“.

(повеќе..)

Решено ли е или се уште не

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Дали грчкиот весник „Елефтеротипија“ се покажа „поербап“ од македонските медиуми- „блиските извори“ на нашите медиуми им се “подалечни“ од неговите или, пак, е во прашање шпекулација за што  и грчките и македонските досега се покажаа еднакво успешни?Да, треба да се има предвид дека тој е близок со партијата ПАСОК на Папандреу.

Ако се суди според „чудното однесување“ на американскиот државен врв, пред се на американската дипломатија, кое може да се „препознае“ како молчење и повлекување од вревата на јавноста, нешто како да се „тркала“. Можеби не „стапица“ од која, како што објавија грчки весници, Грција има се поголем уплав, ама нешто како од „Голем брат“ многу веројатно.

Од друга страна, зошто решението што наводно го подготвуваат Американците би било „стапица“, кога во овој „пресуден момент“ за Грција е најповолно „разумно компромисно“?

(повеќе..)

Пандемискиот А Х1Н1 и во Македонија

ноември 13, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Очекувано и најавувано, што ќе рече и напордно долгорочно подготвување за соочување и пренетивно- лекувачка битка, деновиве тн. свински грип почна интензиво да се шири и во Република Македонија. Се регистрираат се повеќе случаи на заболени дневно, а граѓаните се се повеќе загрижени, особено поради фактот што почесто се зааразуваат младите.

Самоиницијативноста во преземање на чекори за лична заштита е в ред (на пример носење на маски), но бидејќи се работи за специфичен односно нов вид на грип (првото појавување е забележано во 50- тите години на минатиот век) сепак треба внимателно да се следат  упатствата и препораките на одговорните и стручните. Особено треба да се води сметка да не се предизвика паника, а за што првенствена обврска имаат медиумите. Не оти нема место за неа (ширењето штотуку започна, па ќе биде се побрзо во наредните денови и недели), туку оти може да предизвика дополнителни проблеми и последици.

(повеќе..)

Ирак се покрвав

октомври 25, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Веќе не е спорно дека на САД им се случува „нов Виентам“, можеби и потежок во однос на завршувањето- разрешувањето на ирачката војна, а особено во однос на долгорочните последици кога се има предвид геостратешкото значење на Блискиот Исток. Со други зборови, тие несомнено доживуваат и дпрва ќе доживеат тежок пораз од кој е/ќе биде многу тешко да извлечат „жива глава“.

„Извозот на демократијата“ на Џорџ Буш се претвори во „извоз“ на долготрајна (безгранична?) граѓанска војна. Очигледно, на претседателот Обама и неговиот тим ќе му бидат потребни многу мудрост, рационалност, па и храброст не за да ја извлечат земјата од крвавиот Ирак (најмалку со едноставното повлекување на воените трупи кое започна на 1- ви јули), туку да не бидат „исфрлени“ од него како „нафтени убијци на демократијата“. (повеќе..)

Неминовно: Купот на фудбалските конфедерации ќе го надмине СП

јуни 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Сигурно дека моево тврдење (во насловот на овој текст) многумина начекува неподготвени (да му се спротивстават со противаргументи), кај многумина предизвикува недоверие, а можеби во најголем број се оние што му се смеат, му се потсмеваат, го отфрлаат како „ординарна глупост“. Таман работа Купот на конфедерациите, чиј финален турнир во Јужна Африка го следевме деновиве, да го замени Светското првенство!

Ама ај да потпрашам: што е „светско“, а што „конфедерациско“- интерконтинентално? Колку ги имаме предвид двете првенства а пред се во организациска (систем) и реализаторска смисла, за да можеме да ги компарираме и да ги (пре)оцениме, конечно да донесеме каков годе заклучок или тврдење (како што е моево)?

Ми доаѓа „случајов“ да го ставам во рамки на една друго мое тврдење (пак за многумина сигурно многу смело), всушност порака која сепак ќе ја одложам за не долго време (друг текст): заборавете на „мулти“, „интер“ и „интра“ се единствената перспектива!
(повеќе..)

„Меѓународната“ знае дека Атина не е подготвена на разумен компромис!

јуни 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму така: „меѓународната“, односно ЕУ, НАТО и САД знаат или во меѓувреме дознаа дека не станува збор за промена на името на Република Македонија (одамна е јасно дека не се бара промена на уставното име), туку на идентитетот на македонскиот народот во сета негова комплексност (не и малцинствата или „немнозинските заедници“). Тоа е причината за разочарувањето и скептицизмот дека ќе нема брзо, скорешно решение на спорењето на името „Македонија“ од страна на Данајската република (Грција), а не на „спорот“. Па и на нервозата (пред се на пријателите и сојузниците на Атина, а особено на оние во ЕУ) и се поострите критички „стрели“ кон македонскиот државен врв поради негова „нефлексибилност“.

Дволно е да се потсетиме на дволичноста на поранешниот генерален секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер (по „прошталната“ посета на Скопје и Атина) и децидниот став на Саркози дека земјава не може да смета на евро- атлантска интеграција под постојното уставно име „Република Македонија“ (што значи дека бара и уставно преуредување на земјава; толку му сече умот). (повеќе..)

Опасна закана со војна

мај 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Северна Кореја и се закани на Јужна Кореја со војна доколку им се приклучи на САД во пресретнувањето на бродови кои носат оружје за масовно уништување. Заканата уследи откако јужнокорејските медиуми известија дека Пјонгјанг, соочен со меѓународни санкции поради нуклеарната проба што ја изведе на почетокот од неделата, повторно ја пушти во погон постројката за преработка на плутониум:

„Секоја непријателска акција против нашите бродови, вклучувајќи пребарување и заплена, ќе биде сметана за непростливо загрозување на нашиот суверенитет и веднаш на тоа ќе одговориме со воена сила“, изјави портпаролот на војската, а пренесе официјалната севернокорејска агенција KCNA. (повеќе..)

Уште еден неуспешен американско- европски „фронтален притисок“ за името

мај 18, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Европа и САД конечно „ја открија Америка“: Данајската република (Грција) нема проблем со името на државата Република Македонија, туку со идентитетот на македонскиот народ! Поради ова најново „откритие“ Атина е дефинитивно срамно „разголена“, па единствен спас гледа во евентуалното убедување на своите сојузници и пријатели по изборите во јуни; дека токму тој- идентитетот е опасен за целата западна цивилизација, а не само за неа. Не сум убеден дека во тоа нема да успее, а што, пак, од друга страна, ќе значи или „поголема флексибилност“ на Македонија, која подразбира „компромис“ околу „македонски“ (јазик, култура, корени, блиско и далечно минато- историја, традиција…-идентитетот во сета негова комплексност) или спорењето на нејзиното име (не уставно) да продолжи се до идното прекројување на регионот- негово „стопување“ во „преоден“ европски дел.

Патем, нужно е, и за нас и за меѓународниот фактор, да се „расчисти“ следнава „валканица“ на Атина: таа нема „спор“ за името на својот северен сосед, туку „го спори“ неговото постоење со уставното име (не со FYROM- БЈРМ или некое „заеднички прифатливо“). Да имаш спор и да спориш е  сосема различно. Кој не знае или не разбира нека стори напор да научи, а може   и да најде некој да му објасни (не мора да биде многу учен). (повеќе..)

Маргиналнa и за Македонија неинтересна „приказна“

април 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Судскиот процес на терористичката група во САД и самата пресуда на браќата родени во Дебар немаат никакво значење, а најмалку „товар“ кој би требало да предизвика некаков „специјален“ ангажман. Што ќе рече останува во доменот на „внатрешните работи“ и „мало камче“ во мозаикот наречен „Борба против светскиот тероризам“.

Така и се следеа случувањата во изминатите месеци и денови, без оглед што некои медиуми односно новинари се обидоа да им дадат каков- таков ексклузивитет.

(повеќе..)