Subscribe

Предупредување и оправдување

јули 04, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

(20.03.2007)

Предупредувањето на Шефер дека постои реална закана за ракетен напад на Европа изненади многумина, но во меѓувреме сомнежите се потврдија: дека зад тоа се крие оправдување односно поддршка на планот на САД да изгради систем на ракетна одбрана на европско тло, а на што жестоко реагира Русија.

(повеќе..)

Македонското земјоделство се повеќе извозно

јуни 10, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Ако нешто на опозицијата и беше лоша „карта“ во педизборната кампања, тоа секако беше „удирањето“ по „промашувањата“ на Владата на Груевски во земјоделието.

(повеќе..)

Русија-Украина: договорена испораката на гас, но и ревизија на билатералните договори

ноември 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

На Европа и олесна. Од вчера има една грижа помалку. И тоа не баш мала, без оглед што Брисел пред три дена на заплашените им упати смирувачка порака- дека европските складишта за гас се целосно полни, а во текот на јануари идната година ќе биде зголемен протокот на гасоводот „Јамал – Европа“. Четвртина од потребите на ЕУ од гас обезбедува Русија, од што 80% доѓаат преку Украина.

Значи, континентот нема да има проблеми со гасот оваа зима  пред се благодарение на „расположбата“ помеѓу Путин и Тимошенко, односно на договорената нова формула за корекција на цените на рускиот гас за 2010- та: Украина од Русија купува гас, но и ги наплатува транзитните услуги. (повеќе..)

Нова гасна криза во Европа?

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Реална е опасноста со почетокот на зимата да избувне нова гасна криза каква што се случи на почетокот од јануари годинава. Причина е одново Украина, нејзината неспособност да продолжи со редовна исплата на испорачаниот руски гас, а поради длабоката економска криза.

Путин навреме ја предупредува Европа, а таа засега „глуми“ ладнокрвност.

(повеќе..)

Опозиционерска доследност на Црвенковски

април 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер.

Критиките кои не пропушти да и ги упати на актуелната македонска власт странските дипломати во земјава ги слушнаа како од човек кој не е се уште дел од неа и оти не сноси никаква одговорност за тоа што, според него, многу нешта од актуелниов миг се „црни“. Особено она што се однесува на динамиката со која земајва ги исполнува условите за својата европска интеграција. (повеќе..)

Дефинитивна разрешница на кризата во Грузија

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

И на политичкиот лаик веќе му е јасно дека Саакашвили не води „гола борба“ за власт, и натаму да остане претседател на Грузија, туку „мора да остане“ поради остварување на пошироки геополитички и геостратешки интереси: држејќи ги во латентна криза руско- грузиските оноси НАТО, односно западните сили предводени од САД да бидат што поблиску до Русија, на самата нејзина граница, со единствена цел да се спречи ширење на нејзиното влијание. Сферите на влијание се од исклучителна важност во овој само навидум глобализиран свет, а всушност во сериозна и веројатно долгорочна нова Студена војна, во нова  „софистицирана“ форма.

Тешко е да се одговори на прашањето дали опозицијата, која упорно, со постојани штрајкови врши притисок врз Саакашливи, бара негова оставка, има „допирни точки“ со Русија; ја има или не непосредната поддршка од неа, без оглед што сериозно разнишаниот претседател ја обвинува Москва дека е се во нејзина режија. (повеќе..)

Обама ги „размрдува“ светските политичари

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Токму како размрдување „Гласот на Русија“ го пренесе реагирањето на светските политичари на повикот за нуклеарно разоружување (обнова на СТАРТ). Меѓутоа, истото може да се однесува и на некои конкретни потези на внатрешно- економски (американски) односно надворешен економско- политички план, како што е укинувањето на дел од ембаргото спрема Куба.

Неспорно е дека не само САД, туку и светот во Барак Обама доби политичар од нов, модерен „ков“, какви што му се потребни на светот во овој 21- ви век. (повеќе..)

Страв од Путин или од „путинизмот“

ноември 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Руската Државна дума денеска го одобри траењето  на новиот мандат на шефот на државата на 6 години, наместо досегашните 5. За промените на Уставот гласаа 351 пратеник, додека против беа 57- мина.

Рускиот Устав ќе ја наведе одредбата дека граѓаните на Русија ќе избираат претседател на рок од 6 години (наместо досегашните 4), врз основа на општо, директно, тајно гласање, а пратениците на Државната дума на рок од 5 години (наместо досегашните исто така 4).

Измените на Уставот ги предложи претседателот Дмитриј Медведев на 11- ти ноември годинава.

(повеќе..)

Геостратешкиот интерес на Русија и Арктикот

септември 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Вознемирувачка- загрижувачка изјава на Дмитриј Медведев за оние што внимателно ги следат и анализираат геостратешките придвижувања, поместувања, преместувања, прераспоредувања итн., а кои со светската економската криза добиваат и се повеќе ќе добиваат на интензитет:

Рускиот претседател им наредил на своите службеници да подготват нацрт- закон со кој би се одредиле границите на Арктикот. Притоа не навел каде точно би требало да се наоѓаат тие, но е веќе познато дека Русија смета оти полага право на голем дел од неговата територија. (повеќе..)

Сценарио: финансиска криза, глобална рецесија, геостратешко прегрупирање

септември 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Во развиениот бизнис, особено мултинационалниот- меѓународниот, главен „принцип“ на работење и дејствување е: ништо случајно не се случува зашто Господинот Случај не е и не може да биде ниту маргинален, ниту минорен партнер. Следствено, секој најмал потег и секое „моментно“ решение се дел од темелно осмислена среднорочна и долгорочна стратегија. И тоа не самостојна, поединечна- индивидуална, изолирана, туку на најмоќен или на еден од најмоќните бизнисменски „кругови“, односно полит- бизнис олигархиски елити во најмоќната земја или во сојуз на најмоќни на светот.

Ако се имаат предвид случувањата на светскиот пазар на капитал во изминатите неколку години, воопшто не е тешко да се „прочита“ сценариото подготвено од американската елита (или елити кои се поврзани меѓусебе и тесно соработуваат, особено кога треба да се дејствува „радикално“ на меѓународната сцена). Фазите на неговата реализација се исто така очигледни, но пред се логични: предизвикување на финансиски потреси, глумење на обид да се спаси „што може“, потоа глобална рецесија и најсетне или напоредно, на почетокот не така „читливо“, геостратешко прегрупирање односно нова поларизација на светот (чија цел, меѓу другите, е и отворање на ново или нови воени жаришта како дел од нов „Њу дил“). (повеќе..)

Западната демократија ја изгуби портокаловата боја

септември 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Какви бои има западната демократија? Има ли доминатна? Веројатно е зелено- сината (САД- Европа), но не треба да се заборави и на жолтата (европските ѕвезди; се сеќавате на „Подвлечено со жолто“?). Црвената е нејзино минато, особено затоа што се смета дека повеќе недемократска (таму кајшто ја има, на пример во Кина, некои латиноамерикански држави…). А портокаловата (како „премин“ од црвена во жолта)? Е, неа дефинитивно ја (из)губи.

Дали со новата светска економска односно финансиска криза западната демократија полека не станува доминатно сива, поточно безлична?

Верувам дека добро се разбравме. Па, размислете.

(повеќе..)

Уште една авионска несреќа годинава

септември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Нема ништо случајно?

Ако се направи хронолошки пеглед на најголемите авионски несреќи во светот  од 2000-та година до денес, ќе се утврди дека освен во 2003-та, кога се случиле 2 и во 2004-та една, годишно се случуваат 4- 5 несреќи со трагични последици (ретки преживеани). Рекордна е 2002-ра со 6 големи авионски несреќи:

2000- 4, 2001- 4, 2002- 6, 2003- 2, 2004- 1, 2005- 6, 2006- 4, 20007- 5 и годинава досега 3.

Статистиката е сурова, во неа „влегуваат“ и од неа „излегуваат“ само бројки и проценти, но со нејзина помош често се изведуваат мошне валидни заклучоци кои можат дури и да антиципираат некои нешта. Се разбира, не може да стане збор за „нечија“ намера, но аналитичарите би можеле да се позанимаваат со посочениот просе, особено во споредба со фреквенцијата во авиосообраќајот во одделни периоди во годината, во одделни региони и сл., па евентуално и да препорачаат превентивни мерки. Дотолку повеќе што најчеста причина за авионските несреќи не е човечкиот, туку техничкот фактор. (повеќе..)

Економската криза во САД и светското стопанство

септември 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Уште на почетокот од јуни рускиот претседател Дмитриј Медведев ги обвини САД дека улогата што ја презеле во светската економија не е во согласност со нејзините вистински можности, а тоа претставува една од главните причини за сегашната глобална финансиска криза.

„Без глед на големината на американскиот пазар или јачината на американскиот финансиски систем, тие не се во состојба да ги заменат глобалните стоковни и финансиски пазари“, изјави тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, додавајќи: „Илузија е една земја, па дури и најмоќна, да може да ја преземе улогата на глобална влада. Меѓународните институции одговорни за глобалната финансиска политика, во прв ред Меѓународниот монетарен фонд (ММГ), всушност немаа влијание врз стратегиите на пазарните играчи“.

(повеќе..)

Новата Студена војна засега во почетна, „вербална фаза“

септември 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Први жестоки (ин)директни меѓусебни судири: САД и Русија „преку“ Чејни и Путин, Русија и Грузија преку Хаг, Русија и Европа преку енергенсите.

Важна порака на Медведев која сигурно претставува дополнително долевање на маслото на огнот што тлее, но и подготовка за нова тактика и стратегија на противничките страни:

„Помирете се со промена на границите на Грузија“.

(повеќе..)

Русија- Грузија и „оние“ помеѓу нив во меѓувреме

септември 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Дали Грузија е жртва на Западот, а Саакашвили жртвуваниот пион во „шаховската игра“ со Русија? Судејќи според развојот на ситуацијата по завршувањето на конфликтот и повлекувањето на руските трупи од грузиска територија, како и се она што се случи и се случува во меѓувреме, се чини дека станува збор за уште една неуспешна проверка на „степенот на разбуденоста“ на Русија од страна на САД преку Грузија. ЕУ  во тоа е само епизодист, „страничен играч“ кој трча на средината на теренот и по аут линиите, и тоа без да гледа каде се наоѓа „топката“ (во „игра без топка“ толку се „извешти“ што на неутралната публика воопшто не и пречи оти не знае и не може да даде „гол“; меѓу другото и затоа што не знае кому).

Првата „мошне непријатна“ работа за САД (за почетокот на новата Студена војна?), но и за ЕУ која се обиде преку Франција (претседавач) со оној „за жалење“ Саркози пак да одигра „без топка“ и да даде „гол“, беше оценката на набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа- ОБСЕ. Тие соопштија дека Грузија ја има вината за избувнувањето на кризата во Кавказ.

(повеќе..)