Падот на наталитетот во развиените и средноразвиените земји од ден на ден станува се поалармантен. Се смета дека секоја секунда на Земјата се раѓаат 4 нови бебиња. Прецизно, 4,1 бебе. Дневно тоа се 356.201 бебе.
Во еден извештај на ОБСЕ за наталитетот во Европа се изнесени мошне загрижувачки согледби и предвидувања:
Доколку стапката на наталитетот паѓа со сегашното темпо, до 2030- та година ќе има околу 20 милиони работници помалку. Во „комплетна“ источна Европа поради укинувањето на комунистичките стимулации и бенефиции (бесплатни станови, високи детски додатоци и сл.) дошло до драстичен пад на наталитетот, додека некои развиени европски земји, како Шведска, имаат веќе низа години негативен природен прираст.
Стручњаците на ЕУ сметаат дека ниту имиграцијата од неевропските земји не може да ја пополни оваа празнина, а доколку тој прилив биде преголем демографската слика на некои прилично национално хомогени европски земји, како што се Франција и Германија, би можела да биде значително изменета.
Пред 1990- та година ниту една европска земја немала стапка на наталитет помала од 1,3%, а до 2002- ра ги имало над 20. Бројот на жители ниту една земја освен Франција не го одржува преку наталитетот, туку со помош на имиграцијата (а и таму најголем наталитет имаат Арапите).
(повеќе..)