Помеѓу „ќе“ и „можам“ (нема и „морам“)
Сериозноста и зрелоста на еден политичар, а особено на лидер на голема партија најмногу се „чита“ во ветувањето односно ветувањата. Се разбира, мислам пред се на предизборното/ предизборните, но и на она што е „тековно“. Макар што на вториве, барем досега, никому не му текнувало (додека „мандатирале“ позиционерски или опозиционерски).

Владата на Караманлис и тој лично очигледно ги издава трпението. Се повеќе станува јасно дека Атина ниту барала, ниту бара конструктивно решение на нејзиниот проблем во врска со името на нашата земја, туку нова географска одредница која всушност значи бришење на националниот идентитет на македонскиот народ. 

Два процеса или две дејанија во последно време се наметнуваат како најактуелни: лажењето и самозалажувањето. Второво е поактуелно од првото, особено самозалажувањето на власта- Владата. Проблемот е што тоа не се прифаќа како такво, туку како (лажен) оптимизам кој, се разбира, не може да се негува долго. Паѓа- пропаѓа како кула од карти кога ќе настапи мигот на соочување со реалноста.
Не само што почна пред законски утврдениот старт, со што е направен прекршок од сите „главни“ политички партии- учесници на вонредните парламентарни избори, туку „предвреме“ и заборавија на што се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.
Интересно, сето она што лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски го рече на промоцијата на кандидатите за изборните листи на коалицијата „За подобра Македонија“ засега не предизвикува никаква реакција, туку една негова претходна изјава, инаку познат став: дека за промена на името на државата треба да решаваат граѓаните по парламентарните избори. 





