Subscribe

Отворени многу „нови страници“ на и за Македонија

април 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Моите проценки и прогнози (не само мои) се остварија во целост:

Проф. Д-р Ѓорге Иванов е новиот претседател на Република Македонија (дури го „кандидирав“ пред самиот да помисли на тоа), со беспрекорно чиста и апсолутна победа (без нерегуларности, особено полнење на гласачки кутии, како што беше „случај“ со изборот на претходните двајца претседатели); ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи- „За подобра Македонија“ освои досега најмногу градоначалнички позиции во „избирачката историја“ на земјава (прогнозирав горе- долу точна бројка); одличен резултат на локалните избори постигна ДУИ (коалиционен партнер во власта); а секако најголема победа извојуваа (не е никаква фраза) граѓаните на Република Македонија.

За важноста на „новите страници“ еднакво значење има она што го констатирав уште по првиот круг на избори, а го прогнозирав и се оствари како конечно: катастрофален пораз на опозицијата, пред се на СДСМ. За оваа партија веќе нема време за „чистка“. „Бришка“ е неминовна, а од нејзината „пепел“ треба да се „(из)роди“ нова, која ќе нема никаква врска со поблиското и подалечното „црно“ партиско минато, а ќе се темели на „изворната“ лева, социјал- демократска идеологија (основни принципи или идеали: слобода, еднаквост и социјална правда, солидарност).

(повеќе..)

Идентитетот не се гарантира, туку се богати и брани!

април 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Во врска со „билатералниот проблем за името“ со јужниот сосед на Република Македонија (за него подолу) во изминатиот период се изнаслушавме секакви небулози и нонсенси, од кои најголемиот нонсенс е дека е тој лесно решлив „само да се  гарантира македонскиот национален идентитет“. Притоа без да се наведе  макар  очекуваниот гарант (одвреме- навреме слушаме оти тоа се „нашите пријатели во ЕУ и НАТО“, а пред се „најголемиот“- САД). И уште, дека Данајската република (Атина) „прави проблем“ единствено со придавката  „македонски“ (често сведувајќи го на (пре)именувањето на народот и јазикот).

Во многу мои досегашни текстови укажував дека идентитетот е мошне комплексна „материја“, особено националниот, и оти зачудува искажаното основно непознавање на некои од македонските „политички врвови“. Кога тој проблем, што е очигледно суштински за Атина, би се поставил на експертско ниво, „билатералниот“ во разговорите или преговорите (и за ова подолу) би добил сосема нова „димензија“.

(повеќе..)

Русија- ЕУ: Последиците од одлагањето на преговорите за стратешко партнерство

октомври 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Дефинитивно, лидерите на Европската унија во Брисел останаа поделени по прашањето за обнова на преговорите со Русија за ново стратешко партнерство, па се тие прекинуваат и нема да продолжат пред средбата на врвот помеѓу ЕУ и Русија на 14-ти ноември. Ова го потврди главниот дипломат на ЕУ, Хавиер Солана. Како што потенцира тој, преговорите, кои Европјаните ги прекинаа на 1-ви септември, ќе продолжат кога ќе заврши проценката на врските помеѓу ЕУ и Русија што ја покренаа Советот и Комисијата.

Француското претседателство со ЕУ најнапред изрази надеж дека преговорите ќе продолжат веднаш по завршувањето на дводневниот самит во Брисел. Меѓутоа, Велика Британија, Полска, Чешката Република и балтичките земји побараа прекин барем до ноември за да ја натераат Москва да ги повлече своите бази од Грузија и да им се приклучи на преговорите кои во Женева се водат за Абхазија и Јужна Осетија.

(повеќе..)

Нимиц одамна „заборавил“ дека е медијатор

септември 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Да, улогата на Метју Нимиц во надминувањето на проблемот што го има јужниот сосед со името Македонија (не уставното име на државава), всушност со постоењето и идентитетот на македонскиот народ, одамна не е медијаторска, а на тоа не се реагира. Освен неодамна, кога македонската „страна“ му обрна внимание дека ги пречекорува своите ингеренции. Неговото наводно заборавање е  вешто и итро (дипломатско?) наметнување на себе си како клучен фактор, решавач на проблемот.

Кога би бил она за што е избран од страна на ОН- медијатор, ниту досега, ниту сега, ниту во поблиска или подалечна индина не би си „дозволил“ да предлага нови имиња за Република Македонија, секогаш со „придружни пакети“, туку би барал предлози од двете „страни“, кои потоа би ги разгледал со помош на експерти, за најпосле да посредува во формулирањето на  заеднички  прифатливиот. Можно ли е на Нимиц тоа да не му е познато? Не! (повеќе..)

По најновата средба во Њујорк:решавање единствено на името

август 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Ништо ново, уште помалку спектакуларно по вчерашната средба на Метју Нимиц во Њујорк, со македонските претставници Никола Димитров и Мартин Протуѓер.

Меѓутоа, она што во сите изминати години на разговори или преговори (што ли беа?) беше мошне вешто „одиграно“ од страна на Грција (уште еден „плус“ за моето инсистирање да ја именуваме како Данајска република, како наше и сечие право секој секого да нарекува како што сака, а притоа да немаме потреба од „проблематизирање“ односно преговарање), „проширувањето“ на „спорот“, конечно е вратено во „пропишаните“ рамки, што може да се оцени како сериозен, мошне значаен успех на македонската страна. „Проширување“ во вид на „придружен пакет“, па инсистирање на „географска одредница“, па неприфаќање на ништо „македонско“, па ново име на државата со кое таа ќе биде „новородена“, без ниту „ронка“ од историски континуитет, па… се до моментот кога веќе ниту таа- Данајската република, не можеше да го прикрива својот суштински проблем (со огромни, светски димензии односно идни последици): идентитетот на македонскиот народ, носителот на суверенитетот и независноста на Република Македонија (како „мнозински народ“).

(повеќе..)

Уште една „незгодна тема“ за преговорите со Грција

август 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Метју Нимиц идната недела ќе ги посети Скопје и Атина. Ова се уште дефинитивно не е потврдено, а одлуката ќе ја обелодени по консултациите со македонските и грчките преговарачки тимови во наредниве денови.

Предвидено е, најверојатно в среда и четврток, Нимиц во Њујорк прво да се сретне со Никола Димитров, а потоа со Адамантиос Василакис. Од исходот на тие разговори или консултации ќе зависи дали медијаторот в петок на заедничка маса ќе ги седне претставниците на двете страни.

Се очекува Нимиц да изнесе нови идеи, кои најверојатно нема да бидат формулирани во конкретен предлог.

(повеќе..)

Преговори само за името или…

август 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Медијаторот Метју Нимиц закажа нова рунда на преговори во спорот за името. Дали само за него или и за „придружен пакет“?

Преговарачите Димитров и Василакис прво ќе заминат на консултации во Њујорк, на 14-ти и 15-ти овој месец, а на крајот од август или почетокот на септември Нимиц ќе допатува на средби со лидерите на Грција и Македонија. Во рамките на дводневните преговори во Обединетите нации се предвидени одделни средби, но и една заедничка на која Нимиц се очекува да објави дека, доколку нема сериозни причини, нема да излегува од својот мандат кој предвидува тој да најде замена за референцата „ФИРОМ“. Евентуалниот нов предлог треба да дојде за време на посетата на Нимиц на регионот, по што, откако двете страни ќе го разгледаат, би започнале детални преговори со учество и на шефовите на дипломатиите, Бакојани и Милошоски.

(повеќе..)

„Спор“ за името: драматична или драматизирана состојба

мај 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова!, Економикс No Comments →

Прилогов што следи го напишав и објавив на крајот од 2005-та година во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“, а го преобјавувам со мали и несуштествени корекции. Ова колку да не помисли некој дека грешам што не го ставам под рубриката „Дневно и актуелно“:

(повеќе..)

Разговори- преговори- договори или крај на грчката ступидарија?

март 31, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Се надевам дека ќе се согласите оти ова е мошне интересна, но ретко поставувана релација за размислување и промислување. Притоа, да се води сметка за поимното разликување и актуелноста за нас на „локален“ и „глобален“ план.

Чинам дека не грешам многу ако кажам дека станува збор за еден градиран- степенуван процес до крајната цел: решавање на прашање или проблем во дадена ситуација и констелација.

(повеќе..)

Косово далеку од „свршена работа“

август 03, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

И да добие независност, која очигледно е ветена од „одлучувачки фактори“ на меѓународната сцена, и еднострано да ја прогласи, а потоа да почне, како што се очекува, интензивно признавање, Косово уште долго ќе чека пред „вратите“ на целосната државност. Не само затоа што Србија, разбирливо, ќе ја продолжи својата борба и до чинот на независноста и по него.

Се чини дека, сепак, во нејзини раце е конечното решение. И тоа не како „спасување на она што може да се спаси“, туку како реален и прифатлив компромис за сите: поделба на Косово односно отцепување на неговиот северен дел населен исклучиво со српско население (она што остана по повеќегодишното етничко чистење). Сосема е друго, „независно“ прашање која ќе биде компензацијата за тоа и на чија сметка (можеби „најлесна“ на Република Македонија откако ќе се заврши „последната фаза“- нејзиното преименување и губење на националниот идентитет на државотворниот народ). (повеќе..)