Subscribe

ЕУ и (не)слободното медиумско слепило

април 12, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Проблемот на слободата и независноста (читај: објективноста) на медиумите во Македонија не е во определбата да се анализира и коментира, односно зазема позиционерски или опозиционерски став, туку да се искажува јасна партиска припадност и да се  информира еднострано, селективно, значи необјективно, па и невистинито (груба лага).

(повеќе..)

Манифестација и традиција: Охридски пливачки маратон

јули 18, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

На патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до градското пристаниште, долга 30 км, се одржа традиционалниот 23- ти на ред меѓународен пливачки маратон, според многу нешта единствен, но и еден од повеќето во рамките на ФИНА- меѓународната пливачка федерација.

Пкровител беше претседателот на државата, Ѓорге Иванов, а пливачите се бореа за бодови и за вкупен награден фонд од 25.000 долари.

Охридскиот маратон има завидни резултати, особено на планот на врвниот професионализам во неговото одржување, но во последниве неколку години се почесто се заговараат промени, притоа задржувајќи ја „основната“ традиција. Впрочем, како и секоја друга, традицијата никогаш не значела и не значи еднакво „робување“ на формата и содржината, туку напротив, во рамките на формата секогаш или одвреме- навреме (но не според слободна проценка) да се менува, надградува, збогатува содржината. (повеќе..)

Неприфатлив „реципроцитет“

март 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Она што се случи синоќа во Охрид- испишување на навредливи графити на данајски (грчки) автобуси, е вандалски чин што секој добронамерник, просечно културен човек не го прифаќа, туку го осудува. Повеќе од јасно е дека се работи за „вратка“ на она што некои (се уште неоткриени) данајски (грчки) примитивци, заробени, идеолошки замрачени, наци- фашистички умови не така одамна на неколку наврати им го правеа на македонски граѓани (исто, слично и дури поварварско, поунижувачко). (повеќе..)

Норвежанките старо- нови европски ракометни првенки

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Оние што континуирано и „експертски“ го следат европскиот и светскиот женски ракомет воопшто не се изненадени од редоследот на селекциите на „скалата на Европа“. Дури и второто место на Шпанија, односно нејзиниот пласман во финалето за нив е очекуван, а за третото на Русија единствен виновник е селекторот Евгениј Трефилов кој во решавачкиот меч за освојување на еден од медалите против Германија „чудно“ тактизираше- ги изостави од тимот можеби двете најдобри ракометарки. (Во реваншот за бронзениот медал Русинките победата ја обезбедија лесно и сигурно.)

Македонските ракометарки го постигнаа најголемиот успех досега. Но и тој не е неочекуван, иако надежите беа многу поскромни. Напротив, можат да жалат што не „отидоа“ многу погоре ако се има предвид просечната, шаблонизирана, неинвентивна игра на Швеѓанките (од нив загубија само со еден гол разика).

Никакво изненадување не е ниту оценката за добрата организација на првенството, а уште помалку слабата посетеност на натпреварите. (повеќе..)

Светски настан во Охрид

септември 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Во Охрид започна 14-от Меѓународен славистички конгрес. Тој е еден од најголемите научни собири организирани годинава кај нас и во регионот. Учествуваат 750-мина слависти од 40 земји, а ќе трае ди 16-ти овој месец.

Во обраќањето пред присутните претседателот на Меѓународниот славистички комитет, академик Милан Ѓурчинов, истакна „залагањето за вредностите на морален и духовен план, со кои словенството некогаш и денес било и е толку сродно, не е никаква утопија и не значи одбегнување на сегашниот и реалниот свет во кој живееме, туку обратно – свртеност кон него таков каков што е, со сите негови светлини и опачини, прифаќање на неговите реалности и подготвеноста да станеме негови активни, но и критички партиципиенти“.

(повеќе..)

Падна авион во двор на црква посветена на Богородица кај Охрид

август 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Мал патнички авион „Цесна“, со ознаки Z-3 ДCV, се урна во близина на селото Скребатно кај Охрид, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Пилотот и тројца патници, кои летале на панорамско разгледување на Охрид, загинаа на местото на несреќата. Авионот се урнал додека ја надгледувал месноста каде што илјадници православни верници го прославуваа празникот Голема Богородица.

Авионот удрил во паркирано патничко возило „Застава 750“ во обид ниско да го надлета местото. При падот се оштетени уште две возила.

(повеќе..)

Спектакуларен концерт на Лени Кравиц во Охрид

август 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

(о4.08.2008, Маја Глигоровска, А1 ТВ)

Со врисоци, овации, скандирање и скокање на 10- илјадната публика во ритамот на музиката, синоќа се одржа концертот на мега популарната рок ѕвезда, Лени Кравиц.

Настапот што го изведе за Македонија беше невиден досега. Со перфектна опрема и осветлување, донесени лично од него, максимална организираност, висока безбедност и внимателно избрани песни, Лени Кравиц одржа два ипол часовен концерт во Охрид.

(повеќе..)

Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

октомври 30, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Со усвојувањ на е заедничка Декларација за унапредување на дијалогот и заемното разбирање помеѓу религиите и цивилизациите од сите, на над 200-мина духовни водачи и претставници на поголемите верски заедници од 40-тина држави во Охрид, заврши Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

(повеќе..)

За „новиот имиџ“ на македонското Собрание и бизнис климата

октомври 03, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Партиски војници, луѓе со криминални досиеја, вооружени, влегуваат и во највисокиот законодавен дом на Македонија, пред очите на собраниското обезбедување.

(повеќе..)

5. јуни-Светски ден на животната средина

јуни 06, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Глобалното затоплување, кое придонесува за топење на вечните снежни покривки и мразот, директно ќе загрози 40% од 6,5. милијарди жители на планетата Земја, предупредија ОН во извештајот „Светските перспективи на мразот и снегот“, објавен по повод 5-ти Јуни – Светскиот ден на животната средина.

Во документот се наведува дека вечните снежни покривки и глечерите од Хималаите до Алпите и мразот од Алјаска до Сибир се топат, а во многу реони се намалени и снежните врнежи.

(повеќе..)

На Плаошник ново откритие

мај 24, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Под мозаичната површина на археолошкиот локаликтет во Плаошник, во Охрид, е пронајдена бронзена фигура на човек со крилја, наречена „Дедал”“ Таа е откопана уште пред 2 месеца, од црвена земја која содржи најмалку хемикалии, што придонело фигурата да биде сочувана.

(повеќе..)

Меѓународен семинар за македонски јазик во Охрид- светски славистички центар

август 14, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ секоја година, во средината на август, организира мошне значајна манифестација која веќе има богата традиција и резултати достојни за почит: Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Таа речиси четири децении извонредно придонесува во афирмацијата на нашата држава во светот, на македонските културни и уметнички вредности, на јазикот, литературата, на македонскиот идентитет. Веќе прерасна во реномиран светски славистички центар на кој досега учествувале над 3.000 учесници од 40- тина земји (македонисти и професори по македонски јазик и литература на странски универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик на лекторатите во светот). Сепак, нејзин најнепосреден придонес е изучувањето на македонскиот јазик во над 30 земји во светот. (повеќе..)

Прослава на 5- годишнината на Рамковниот договор

август 13, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

По малку чудно, па и апсурдно: прослава на „заокружен изминат период на реализација на потпишан документ организира „актер“ кој се борел со оружје в рака (но не за него односно за „спогоденото“, туку за сосема други цели), а не нејзин потписник или потписниците. Не станува збор ниту за некаква „артикулација“, меѓународно правно „формулирање“ на барања или услови (суштинското на договорот е подобрување на статусот на малцинствата за кои во вооружен „конфликт“ се бореа само припадници на едно!). Што, се разбира, не значи негација на правото да го прославува за што самата не знаела дека се бори (не мислам на „општата“ цел).

Не е на одмет да потсетам дека „конфликтот“ не го предизвика и водеше политичка партија (нејзина воена формација), туку воена структура, долго време и меѓународно третирана како терористичка, од која „изникна“, „произлезе“ албанскиот политички субјект ДУИ.

Уште почудно и поапсурдно е што потписниците не само што не ни помислуваат на такво нешто (да прославуваат), туку и не ја удостојуваат прославата со своето учество. Како да чувствуваат грижа на совеста, како да сакаат да заборават што потпишале, како некој со сила да ги натерал на тоа.

(повеќе..)

Охрид во простор и (без)време

август 09, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Насловот сигурно воопшто не ги збуни оние што ги познаваат просторните и (без)времените уметности и следат што се случува овие денови, што се случи денеска: два значајни настана кои ги актуализира токму просторноста и (без)временоста во една од светските културни и духовни метрополи- Охрид. Првиот предизвика и допрва ќе предизвикува сомнежи дека делото има свој простор и надвор од себе си, па губи од вредоста доколку не го доживеал- доживува, не го преживеал- преживува, а вториот значи само (очекувана) потврда на можна, па и сигурна победа над времето во опстојбата на звукот, тонот, ритамот и тишината.

На плоштадот во Охрид свечено е поставен- откриен споменик на Свети Климент, уште едно монументално дело на македонскиот  скулптор Томе Серафимовски; а вечерва, во рамките на Охридско културно лето маестрален концерт одржа еден од најголемите виолончелисти на светот Миша Мајски. (повеќе..)