Важна победа на и за Република Македонија
Оценката за организацијата на првиот круг од парламентарните и локалните избори, пред се на ОДИХР во прелиминарниот извештај- дека се исполнети повеќето од меѓународните стандарди за демократски избори, е мошне значајна за Република Македонија, но не е и неочекувана. Притоа, да повторам, воопшто не се работи за „испит на зрелоста“, како што ги означија некои медиуми и политичари (не ни помислувајќи дека со тоа својата држава ја ставаат во понижувачка, „незрела“ позиција; како досега да сме ја учеле демократијата оти не сме ја знаеле, па сега „испитна комисија“ ќе ни го проверува наученото), а тенденциозно и некои бриселски полит- бирократи, туку за нужност од потврда на демократските вредности и капацитети на македонското општество воопшто, на граѓаните на Македонија, власта и политичкиот естаблишмент.
Сите досегашни организирани избори, од осамостојувањето на Република Македонија, беа нерегуларни, нефер и недемократски, иако особено политичките партии на власт, како најодговорни, секогаш најавуваа и ветуваа дека ќе бидат такви (еден екс премиер ги назначи „скандинавски“). Со инциденти, нереди, употреба на огнено оружје, дури ранувања и убиства, незаконско гласање- семејно, полнење на гласачки кутии итн. Не затоа што Република била демократски „незрела“, туку единствено поради сметките и пресметките на партиите и нивните елити и во позицијата и во опозицијата, кои гласачкото тело го сметаа за „тесто за месење“. Веројатно и овојпат ќе имаше нешто од тоа доколку меѓународниот фактор, пред се „главната дипломатија“ во земјава (предводена од ЕУ и САД), не ги презеде работите во свои раце, во оној дел што не зависи од власта и нејзините законски обврски. Ги „притегна“ партиите, нивните лидери, не им даде ниту да „здивнат“, а камо ли да помислат да „мрднат“ од вообичаените демократски изборни стандарди. (повеќе..)


Од серијата мои текстови во текот на 2006- та година, кои се однесуваат на периодот пред парламентарните избори, во текот на нивното одржување и по нив, а чија содржина сметам дека има и пошироко значење (хроничарско- хрономерно, а не вонвременско или универзално) е и следниов, под наслов „Нападот е најдобра одбрана?“ (30.01.2006.).
Ги препознаваат ли и се гордеат ли малите народи со своите големи луѓе? Дали е тоа во „природата“ на големите народи, дали е привилегија тие да се еднакви, да се изедначени со своите, но и со туѓите големи луѓе (што не значи само почит кон нивното дело, туку и приопштување- присвојување)? Нели малите се поголеми од големите со своите големи луѓе?
Бидејќи, за жал, политиката ни стана почетна и крајна точка на нашето живуркање, а политичарите првите „борци“ за нашето обезличување и маргинализирање, пред нашите големи луѓе, на кои одвреме- навреме со прст ни покажуваат други (големи народи), од ден на ден стануваме се помали.
Досега имаме слушнато и/или прочитано (пре)многу ступидни обвинувања и „напади“ на опозицијата врз власта, во што секако предничат оние од СДСМ. Ама најновото тешко дека во скорешна иднина ќе биде надминато (ниту во идниот мандат на „ново- стариот“ лидер Бранко Црвенковск)и: опозицијата („преку устата на „дотичниот“) остро ги нападна ставовите за името на земјава (всушност спорот „за разликите за името“) на премиерот Никола Груевски искажани на прославата на Денот на независноста.
Судејќи според подготовките за фер и демократски избори (изборното законодавство) и почетокот на медиумската кампања, уште отсега едно е сигурно: ќе биде интересно, а богами и мошне весело и смешно.
Континуитетот на животот утврден и одамна покажан и докажан со нераскинливата врска помеѓу вчера, денес и утре го негираат оние на кои им се дозволува (им се може) да им ја кројат судбината на други. А кога се во прашање тие самите- нивниот континуитет, нивното опостојување, коренување, нивниот идентитет, не дозволуваат за тоа ниту да се помислува, а камо ли да се ртасправа или нешто презема.
Веќе нема дилеми дека вонредните парламентарни избори во Македонија ја „инспирираа“ опозицијата (не дел од неа, бидејќи барем на тој план македонските партии се прецизно „диференцирани“) да подготви и вонредно сценарио кое ќе резултира со „уште еден пораз на Македонија на меѓународен план“. Како и се друго во изминатиот „катастрофален“ двегодишен период на владеење на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.




