Решено ли е или се уште не
Дали грчкиот весник „Елефтеротипија“ се покажа „поербап“ од македонските медиуми- „блиските извори“ на нашите медиуми им се “подалечни“ од неговите или, пак, е во прашање шпекулација за што и грчките и македонските досега се покажаа еднакво успешни?Да, треба да се има предвид дека тој е близок со партијата ПАСОК на Папандреу.
Ако се суди според „чудното однесување“ на американскиот државен врв, пред се на американската дипломатија, кое може да се „препознае“ како молчење и повлекување од вревата на јавноста, нешто како да се „тркала“. Можеби не „стапица“ од која, како што објавија грчки весници, Грција има се поголем уплав, ама нешто како од „Голем брат“ многу веројатно.
Од друга страна, зошто решението што наводно го подготвуваат Американците би било „стапица“, кога во овој „пресуден момент“ за Грција е најповолно „разумно компромисно“?


Што се случува со и во Авганистан? Можно ли е наскоро војната да заврши? За ослободување ли беше таа односно е од Талибанците? Уште ли се „живи“? Се уште не капитулирале? Толку да се „жилави“, та се уште успешно се борат против Американците и меѓународните сили односно НАТО? Во што учествуваат и наши, македонски „мировници“?
Станува збор за истражување чии резултати „фактографски“ негираат една од европските „вредности“- безбедноста односно борбата против криминалот. Во наводници оти воопшто не станува збор дека е тоа- вредност, а најмалку европска. Некои македеонски „проевропски“ новинари, аналитичари и квазиексперти токму така ги именуваат „одредниците“- „бенчмарковите“ и другите услови кои Република Македонија мора(ше) да ги исполни за оние од ЕУ да и ја прифатат нејзината милениумска припадност на „европското семејство“. Признавањето од нив не треба ниту да се бара зашто ниту се опитни, ниту се надлежни за тоа.
Прашањето е дали големиот кубански, латиноамерикански и светски лидер ги прослави или не своите и „народните“ осум „историски“ децении.
Се разбира, мислам на континуираната борба против неа и не само со економско- социјални мерки. Таа мора да биде приоритетна и жестока, да се бие со сите средства што на власта- Владата и стојат на располагање. Никаква преродба не може да успее, никакви 100 или 1.000 чекори не вредат ако во нивната суштина, во смислата и содржината нејзиниот дефинитивен пораз не е прва и последна цел.




