Со силата на аргументи, а не со аргументи на силата
Токму тоа, не за да се „потсети“ на одамна осознаената и развивана- практицирана суштина на демократијата, туку како дециден став и порака треба државниот врв на Република Македонија да му го испрати на светот, пред се на Грција. Затоа што е очигледно дека свесно, намерно се заборава, се напушта- исклучува, не „соодветствува“ на денешната стварност.

На примерот на Турција најјасно и најотворено се покажува- потврдува непринципелната, недоследната, едностраната и ригидна политика на ЕУ, без оглед даликон своите членки, оние во азоцијативно членство или на оние на кои зачленувањето им е само „консенсуален приоритет“. Може да се рече дека таа се повеќе станува погубна за фактичкото, а не само за формалното интегрирање (што е важно за сиромашните, без оглед на последиците), а нејзин најистакнат експонент (не само според функцијата) е секако Оли Рен. 




