Одложен датумот за преговори за членство во ЕУ
Очекувано, без никакво изненадување. Наводната неколкудневна „драма“ на седницата на Советот на Европа се „одвиваше“ само во главите на некои новинарски медиокритети и трабанти кои „независно“ континуирано информираат од Брисел. Се разбира, секогаш „длабоко загрижени“ за Република Македонија денес и нејзината иднина.
Сите дилеми во „апсолутно спокојство“, својствено на политичките итромани и лицемери, се сведуваа на тоа колку повеќе да му се удоволи на „миленичето“ Грција и како да не се избламира Брисел, конечно да не му паднат сите маски. На штета на Република Македонија? Па, таа не постои! Ако се мисли на FYROM (единствен „заштитник“ на СФР Југославија и на совеста на „меѓународниот фактор“ за нејзиното крваво уништување), в ред. Ама таа треба „да си го реши“ проблемот со името и идентитетот на својот народ затоа што е пред се „билатерален“ (без оглед на тоа што нема и не прави такви проблеми со Грција). (повеќе..)

Македонската опозиција и нејзините медиумски трабанти ја добија можеби најголемата шлаканица во сето досегашно опозиционерско дејствување. И тоа „најголемиот дел“ од неа не од позицијата- партиите на власт (не само ВМРО- ДПМНЕ), туку од „меѓународниот фактор“, поточно од Европската комисија. Иако од петни жили се трудеа, како досега, нејзините членови да ги „онерасположат“, па да напишат „избалансиран извештај за Македонија со многу повеќе забелешки отколку пофалби“ и да не дадат препорака за определување на датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, со „горчина в уста“ мораа да констатираат дека препораката е „сепак добиена“. Ама…
Моите проценки и прогнози (не само мои) се остварија во целост:
Деновиве, секој ден, на јавниот сервис МРТВ со куси „рефренски спотови“ се најавува ново издание на Скопскиот музички фестивал, односно изборот на песна со која Република Македонија по којзнае кој пат ќе учествува на музичкиот европски фестивал „Евровизија“. Иако не сум стручњак (каква стручност за забавна односно лесна музика?), верувам дека со многумина го споделувам ставот оти овојпат понудата е навистина бедна, дури срамна. Сосе „круната на бедата и срамот“ – она „Рум-дум-дум“ со нашата „дива“ Калиопи и дебилната поза и фаца на Наум Петрески. Немојте ни случајно да не гласате за нив, бидејќи Калиопи „предупреди“ оти и дава последна шанса на Македонија да ја испрати на „Евросонг“ (!).
Најнапред, не како оградување или лична „одбрана“, туку само како почит кон авторството:
ЕУ и нејзиниот „истопорен“ претставник пред Република Македонија веќе не знаат што да прават, како да се однесуваат, како да „ескивираат“, да се „покријат“, да ја „прикријат“ очигледната зависна и понижувачка позиција пред „силниот“ сојузник Грција (најсиромашна членка). Затоа што и на најголемиот лаик му е јасно дека условите што и ги поставуваат на земјава веќе стануваат обични политикантски небулози, нешто што не можат ни самите да го објаснат. Освен со она што не смеат отворено да го кажат: не може да се даде датум за почеток на преговори со Македонија за членство во Унијата, без оглед што нема земја на која и биле поставувани такви (пред)услови а таа да ги исполнила (или ги исполнува и ќе ги исполнува во континуитет, како многу други стари и нови членки), се додека не се задоволи Данајската Република (уште ја нарекувате Грција?): Македонија да се преименува со име што нејзе ќе и одговара, се разбира „топтан“ со идентитетот, минатото, достоинството…А замислете, на средбата не се разговарало за спорот со името!


На прегласувањето в недела „меѓународната“ му придава огромно значење. Го смета за поправен испит по демократија кој, ако не се положи, Македонија со децении ќе ја оддалечи од Европа.




