Subscribe

Залуден притисок врз Данајската република (Атина)

јуни 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Со оглед на мошне краткото време за решавање- разврска на проблемот на Грција во врска со името на Републиика Македонија, без оглед на се поголемиот притисок врз Грција тешко дека САД ќе успеат да „завршат работа“. Не затоа што Данајската Репуплика (Атина) моментно се замислува ептен силна, дури посилна од САД (сегашната власт на заминување, на чело со Џорџ Буш), туку поради „данајската природа“ на Атињаните да го искористат  својот „тројански коњ“ (Барак Обама) кога ќе дојде „вистинското време“ (кога тој ќе стане нов претседател на САД).

(повеќе..)

„Спор“ за името: драматична или драматизирана состојба

мај 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова!, Економикс No Comments →

Прилогов што следи го напишав и објавив на крајот од 2005-та година во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“, а го преобјавувам со мали и несуштествени корекции. Ова колку да не помисли некој дека грешам што не го ставам под рубриката „Дневно и актуелно“:

(повеќе..)

Најреално и најлогично: прекин на преговорите со Грција

март 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Откако вчерашната рунда на преговори во ОН не донесе значителен напредок, разговорите за името не запираат, продолжуваат на американско тло, но во поинаква форма и од нова локација. Од денеска дипломатските игри околу решението за името се селат во Вашингтон, каде што се во тек интензивни консултации помеѓу високи грчки дипломати и претставници на американскиот Стејт департмент.

(повеќе..)

Ново име за Република Македонија со географска одредница

март 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

По средбата во седиштето на ОН во Њујорк помеѓу Нимиц, Василакис и Димитров, што започна во пријатна атмосфера, медијаторот Метју Нимиц даде изјава во која потенцира дека понудил нов, само еден предлог во кој има елементи на стари, претходно дадени предлози. Според него, тој е фер, чесен и разумен.

(повеќе..)

Дефинитивно ништо од членство во НАТО?

март 18, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

И покрај тоа што Нимиц официјално изјави дека нема нов предлог, се дознава дека медијаторот денеска, на разговорите со Василакис и Димитров во Виена, излегол со 3 „старогрчки“ предлози (како свои), а кои досега на неколку наврати беа отфрлувани од македонската страна:

Македонија да прифати да се нарекува „Горна“, „Нова“ или „Република Македонија – Скопје“.

(повеќе..)

Што значи „прогрес“, „скриена желба“, не за двојно име на Македонија…?

декември 07, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Кон прашањево, за кое засега нема одговор, туку „дециден“, „цврст“ став, во врска со решавањето на „разликите“ околу името со Грција (од каде, пак, сега „разлики“, што се почесто се користи од наша страна, како замена за „спор“?) го потенцирам стравувањето на македонскиот државен врв дека „по секоја цена“ треба да се зачува идентитетот на македонската нација.

(повеќе..)