Subscribe

Во преговорите за „спорот“ за името ништо ново, освен се поголем притисок врз Македонија, па и закани од „меѓународниот фактор“

јануари 25, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Може ли пролонгирањето- одолговлекувањето на решението за „билатералниот проблем“ за името на Република Македонија да предизвика меѓуетничка дестабилизација во земјава? Не е невозможно! А кој би ја иницирал, „режирал“? Кој друг, ако не „меѓународниот фактор“?

Сепак, многу е пореално дека се ќе остане само во рамките на притисокот што побрзо да се изнајде компромисно решение- ново име, со „поголемо попуштање“ на земјава.

(повеќе..)

„Меѓународната“ знае дека Атина не е подготвена на разумен компромис!

јуни 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму така: „меѓународната“, односно ЕУ, НАТО и САД знаат или во меѓувреме дознаа дека не станува збор за промена на името на Република Македонија (одамна е јасно дека не се бара промена на уставното име), туку на идентитетот на македонскиот народот во сета негова комплексност (не и малцинствата или „немнозинските заедници“). Тоа е причината за разочарувањето и скептицизмот дека ќе нема брзо, скорешно решение на спорењето на името „Македонија“ од страна на Данајската република (Грција), а не на „спорот“. Па и на нервозата (пред се на пријателите и сојузниците на Атина, а особено на оние во ЕУ) и се поострите критички „стрели“ кон македонскиот државен врв поради негова „нефлексибилност“.

Дволно е да се потсетиме на дволичноста на поранешниот генерален секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер (по „прошталната“ посета на Скопје и Атина) и децидниот став на Саркози дека земјава не може да смета на евро- атлантска интеграција под постојното уставно име „Република Македонија“ (што значи дека бара и уставно преуредување на земјава; толку му сече умот). (повеќе..)

А што беше тоа небулоза?

март 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Некои македонски „водечки“ надворешно- политички коментатори, па и  политичари, би морале при правењето на нивните сочиненија (текстови кои не можат да се сместат во кој било ноинарски жанр) да имаат пред себе си барем речник на странски зборови и изрази и/или општа енциклопедија. За да не се срамотат јавно,  дури и кога пренесуваат- толкуваат- анализираат.

На пример и срамењето и срамотата на НАТО и ЕУ поради тоа што за своја членка имаат една наци- фашистичка држава што (треба да) се вика Данајска република (Атина), а се уште се именува и ја именуваат со називот Грција; на пример кога треба да си ја расчистат дилемата дали Република Македонија е во изолација или во самоизолација, дали е тоа воопшто можно во ова врeме на глобализација и регионализација, дали Владата на Груевски ја води кон едното или другото, односно да не е можеби нешто „сосема трето“ во прашање; натаму, што е дијалог воопшто, политички посебно, што е антиквизација (најнови македонски новинарско- политички идиотизми), а што…небулоза!

Мора да имаат речник или општа енциклопедија затоа што веќе и на „обичниот“ граѓанин му стануваат смешни и неподносливи со своите нонсеси што на тони ги истурија и ги истураат преку (не)слбодните и (не)зависните медиуми. (повеќе..)

Македонскиот одговор на најновиот предлог на Нимиц допрва ќе се пишува

октомври 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Всушност, нема што допрва да се пишува (не мислам на формалноста). И ненапишан му е познат на медијаторот Нимиц.

Очигледно е дека неговиот последен предлог, кој „од авион“ се гледа дека е целосно неприфатлив, бидејќи е максимално прогрчки (за што не треба посебна експертска анализа), е срочен со намера да биде отфрлен од македонска страна, а Грција со тоа да добие уште еден аргумент дека „другата страна“ не е конструктивна односно не сака заеднички прифатливо решение. Притоа нема никакво значење колку таа му платила за него и дали му го издиктирала.

Сепак, добро е „тактизирањето“ на македонскиот државен врв со „дополнителни консултации во процесот на координација на државниот врв“, како што се потенцира во соопштението од кабинетот на Претседателот Црвенковски за денешната средба со Груевски и Димитров, инаку прва по поднесувањето на предлогот. Ако не поради друго, барем малку подолго да се „потат“ Бакојани, Нимиц & comp. (повеќе..)

Нимиц одамна „заборавил“ дека е медијатор

септември 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Да, улогата на Метју Нимиц во надминувањето на проблемот што го има јужниот сосед со името Македонија (не уставното име на државава), всушност со постоењето и идентитетот на македонскиот народ, одамна не е медијаторска, а на тоа не се реагира. Освен неодамна, кога македонската „страна“ му обрна внимание дека ги пречекорува своите ингеренции. Неговото наводно заборавање е  вешто и итро (дипломатско?) наметнување на себе си како клучен фактор, решавач на проблемот.

Кога би бил она за што е избран од страна на ОН- медијатор, ниту досега, ниту сега, ниту во поблиска или подалечна индина не би си „дозволил“ да предлага нови имиња за Република Македонија, секогаш со „придружни пакети“, туку би барал предлози од двете „страни“, кои потоа би ги разгледал со помош на експерти, за најпосле да посредува во формулирањето на  заеднички  прифатливиот. Можно ли е на Нимиц тоа да не му е познато? Не! (повеќе..)

Од данајството на Атина веќе им „пука филмот“ на сите

септември 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Воздржаноста што ја покажуваат и Скопје и Атина во врска со „модифицираниот пакет- идеи“, кој Метју Нимиц го претстави во Њујорк, може да се разбере единствено како незадоволство на двете страни, но и оставање на простор и време на „другата“ да се „истрча“.

Незадоволството на македонското државно раководство не е „ново“, а произлегува од тоа што Нимиц не се откажува од „пакет- идеи“, односно под постојан притисок на Грција излегува од медијаторските ингеренции (да посредува во решавање единствено на „спорот“ за името, а не и на нешто или сешто што „произлегува“ од него).

Грчкото, пак, незадоволство (кое се повеќе преминува во нервоза) е поради фактот што се потешко и „проаѓа“ данајстовото. Принудена е се повеќе да го открива својот вистински проблем- не името на северниот сосед, туку идентитетот на народот во сета негова комплексност (јазик, култура, историја, традиција, цивилизациски вредности…).

Впрочем, тоа се појасно го истакнува грчкиот печат, посочувајќи дека понудата на Нимиц содржи „референци за македонски јазик и нација“. (повеќе..)

Преговори за „спорот“ за името: ништо ново

септември 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Што содржи „модифицираниот сет на идеи“ на медијаторот Нимиц?

Иако ништо не се открива, тајни нема, ниту може да има. Од проста причина што е одамна познато околу што се „врти“ проблемот на нашиот јужен сосед со името на државава. (Забележувам дека се повеќе се прифаќа моето инсистирање оти не се работи за уставното, туку за името на државава; во посебен прилог на овој сајт ја имам објаснето разликата помеѓу државното (државотворното) и уставното име- уставното го назначува и уставниот поредок на државата (република), па таквото инсистирање би значело директно мешање во внатрешните работи на државата, за што Македонија би требало да побара меѓународна осуда); сега само ќе додадам дека инсистирањето на Атина новото име што ќе биде прифатено да се вгради во Уставот не е исто што и барање за промена на уставното име). Дека се работи за промена на идентитетот кој, пак, не се сведува само на јазикот и името на нацијата, туку е многу покомплексен (корени, историја, традиција, култура, цивилизациски вредности итн.).

(повеќе..)

Уште едно ступидно тврдење: власта ја изолира земјата!

септември 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Досега имаме слушнато и/или прочитано (пре)многу ступидни обвинувања и „напади“ на опозицијата врз власта, во што секако предничат оние од СДСМ. Ама најновото тешко дека во скорешна иднина ќе биде надминато (ниту во идниот мандат на „ново- стариот“ лидер Бранко Црвенковск)и: опозицијата („преку устата на „дотичниот“) остро ги нападна ставовите за името на земјава (всушност спорот „за разликите за името“) на премиерот Никола Груевски искажани на прославата на Денот на независноста.

(повеќе..)

Манипулации, шпекулации и малку вистина

август 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

И досега ги имаше, медиумите ја подгреваа „атмосферата“ пред секоја нова рунда на разговори- преговори за проблемот што со името на земјава го има Данајската република (според некои се уште Грција), ама сегашниве, во овие и изминативе денови и недели, добија, добиваат и сигурен сум дека ќе добијат уште поголем интензитет. Не толку поради деликатноста на ситуацијата, пред се мислам на притисокот да се изнајде решение што побрзо (сегашниот „нужен“ рок е крајот на септември), туку пред се поради колебливиот наместо досегашниот цврст, очигледно неединствениот став на македонскиот државен врв.

(повеќе..)

Пропуштен моментум, ништо од исчекор

август 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

„Северна“ и/или „Горна Македонија“, во заграда или со цртичка или само како додавка.

„Овој период сега сметам дека е важен во овие преговори, но не треба да се пропушти можноста да се обидеме за исчекор. Којзнае што ќе се случи за неколку месеци“, изјави Метју Нимиц.

(повеќе..)

Однапред „пропадната“ новата мисија на Нимиц

август 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Државно владиниот врв ги усогласи позициите пред претстојната посета на медијаторот Метју Нимиц на Македонија.

Состанокот се одржа во кабинетот на шефот на државата, а присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот Антонио Милошоски, преговарачот  Никола Димитров и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер.

(повеќе..)

По најновата средба во Њујорк:решавање единствено на името

август 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Ништо ново, уште помалку спектакуларно по вчерашната средба на Метју Нимиц во Њујорк, со македонските претставници Никола Димитров и Мартин Протуѓер.

Меѓутоа, она што во сите изминати години на разговори или преговори (што ли беа?) беше мошне вешто „одиграно“ од страна на Грција (уште еден „плус“ за моето инсистирање да ја именуваме како Данајска република, како наше и сечие право секој секого да нарекува како што сака, а притоа да немаме потреба од „проблематизирање“ односно преговарање), „проширувањето“ на „спорот“, конечно е вратено во „пропишаните“ рамки, што може да се оцени како сериозен, мошне значаен успех на македонската страна. „Проширување“ во вид на „придружен пакет“, па инсистирање на „географска одредница“, па неприфаќање на ништо „македонско“, па ново име на државата со кое таа ќе биде „новородена“, без ниту „ронка“ од историски континуитет, па… се до моментот кога веќе ниту таа- Данајската република, не можеше да го прикрива својот суштински проблем (со огромни, светски димензии односно идни последици): идентитетот на македонскиот народ, носителот на суверенитетот и независноста на Република Македонија (како „мнозински народ“).

(повеќе..)

Уште една „незгодна тема“ за преговорите со Грција

август 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Метју Нимиц идната недела ќе ги посети Скопје и Атина. Ова се уште дефинитивно не е потврдено, а одлуката ќе ја обелодени по консултациите со македонските и грчките преговарачки тимови во наредниве денови.

Предвидено е, најверојатно в среда и четврток, Нимиц во Њујорк прво да се сретне со Никола Димитров, а потоа со Адамантиос Василакис. Од исходот на тие разговори или консултации ќе зависи дали медијаторот в петок на заедничка маса ќе ги седне претставниците на двете страни.

Се очекува Нимиц да изнесе нови идеи, кои најверојатно нема да бидат формулирани во конкретен предлог.

(повеќе..)

Преговори само за името или…

август 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Медијаторот Метју Нимиц закажа нова рунда на преговори во спорот за името. Дали само за него или и за „придружен пакет“?

Преговарачите Димитров и Василакис прво ќе заминат на консултации во Њујорк, на 14-ти и 15-ти овој месец, а на крајот од август или почетокот на септември Нимиц ќе допатува на средби со лидерите на Грција и Македонија. Во рамките на дводневните преговори во Обединетите нации се предвидени одделни средби, но и една заедничка на која Нимиц се очекува да објави дека, доколку нема сериозни причини, нема да излегува од својот мандат кој предвидува тој да најде замена за референцата „ФИРОМ“. Евентуалниот нов предлог треба да дојде за време на посетата на Нимиц на регионот, по што, откако двете страни ќе го разгледаат, би започнале детални преговори со учество и на шефовите на дипломатиите, Бакојани и Милошоски.

(повеќе..)

Нешто ново во преговорите помеѓу Атина и Скопје?

јули 31, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Метју Нимиц најави извесна промена на „фокусот“ на преговорите за проблемот што го има јужниот сосед со името на нашата земја. Всушност, не станува збор за промена, туку за враќање на онаа појдовна позиција (уште од „проблематизацијата“ со приемот во ООН и измислувањето на ступидната референца БЈРМ), а која во меѓувреме, под притисок на Атина, се „помести“ односно се „разголи“- се постави вистинскиот проблем: идентитетот на македонскиот народ „конкретизиран“ со проблемот на егејските Македонци, пред се со нужното идно, скорешно признавање на македонското малцинство во Грција (според мене, посоодветно и пооправдано име на јужниот сосед -Данајска република). (повеќе..)