мај 11, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Не само што почна пред законски утврдениот старт, со што е направен прекршок од сите „главни“ политички партии- учесници на вонредните парламентарни избори, туку „предвреме“ и заборавија на што се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.
(повеќе..)
мај 07, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Поентар
No Comments →
(07.05.2008.)
Интересно, сето она што лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски го рече на промоцијата на кандидатите за изборните листи на коалицијата „За подобра Македонија“ засега не предизвикува никаква реакција, туку една негова претходна изјава, инаку познат став: дека за промена на името на државата треба да решаваат граѓаните по парламентарните избори. (повеќе..)
април 23, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Мојот став дека е ступидна најавата односно намерата (веќе реализирана?) за формирање на коалиција на македонски партии со европска ориентација (Движење за европска Македонија), предводена од СДСМ, а која ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори (мислам и на другата- „патриотската“), мошне „ефектно“ ја потврди премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
(повеќе..)
април 04, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Грција го злоупотреби правото на вето, изјави во Букурешт македонскиот претседател Бранко Црвенковски.
Сите земји членки на НАТО, освен една држава, беа на страната на Македонија, изјави во Букурешт македонскиот премиер Никола Груевски.
(повеќе..)
април 02, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Акценти
No Comments →
Букурешт е подготвен за самитот. Отворањето ќе го означи традиционалната изложба на НАТО и самитот на владите од земјите членки и партнери на алијансата. Потоа ќе следува обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер, а за денеска е најавено и пристигнувањето на американскиот претседател Џорџ Буш од Украина и на рускиот претседател во оставка Владимир Путин.
(повеќе..)
март 17, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Акценти
No Comments →
Навредени од коментарите на Груевски на оценки од страна на експерти за однесувањето на ДПА- предизвикувањето на владина криза која резултираше со решението „малцинска Влада“ (ДПА ја напуштила Владата поради грчки косовски или српски сценарија), министрите од ДПА ја напуштија денешната седница на Владата и најавија дека „веќе никогаш нема да работат заедно со Никола Груевски“.
(повеќе..)
февруари 28, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Читни го ова!
No Comments →
Непосредно по последните парламентарни избори (2006-та), по победата на ВМРО-ДПМНЕ, во серијата секојдневни прилози пред и по неа објавени во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ е и следниов (07.07.2006), со кој актуелизирав едно мошне важно прашање, а е непосредно поврзано со програмата на Никола Груевски „Преродба во 100 чекори“.
Го објавувам на ова место исто како да сум го напишал сега, на овој ден.
(повеќе..)
февруари 21, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Пред неколку месеци имав доволно „храброст“ да предложам ново име на нашава држава (не уставно), како што тоа го стори уште еден мој колега кој потоа, веројатно под „притисок“, својот предлог самиот го оквалификува како несериозен односно ироничен.
(повеќе..)
јануари 09, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Се случи нешто што во други средини e не само недозволиво, туку и несфатливо: да се исклучи струја на кардиохируршка клиника! Само среќата „помогна“ да се избегне катастрофа.
На 27-ми декември (2007-ма) во Кардиохирургијата „Филип Втори“ Воената болница ја исклучила струјата поради поправка на високонапонска склопка која овозможува да работи агрегатот.
(повеќе..)
ноември 19, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Акценти
No Comments →
По парламентарната пресметка помеѓу коалиционите партнери- лидерите на НСДП, Тито Петковски, и на ДПА, Мендух Тачи, а чиј повод беше интерпелацијата за заменик- министерот за внатрешни работи Рефет Елмази (пратениците од НСДП гласаа за), премиерот Никола Груевски оцени дека не станува збор за криза во Владата, туку за „недоразбирање“ односно „мали проблеми“:
„Се надевам дека двете партии ќе најдат начин да ги надминат тие недоразбирања. Ќе се обидам да ги исконтактирам деновиве, да поразговараме и се надевам дека тие мали проблеми ќе бидат надминати“.
(повеќе..)
јуни 03, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Влезот на француската банка „Сосиете женерал“ во Охридска банка е историски исчекор во банкарскиот сектор и во сферата на инвестициите во Македонија, оцени премиерот Никола Груевски на заедничката прес- конференција со извршниот менаџмент на групацијата, на која ја промовираа оваа инвестиција.
(повеќе..)
април 30, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Премиерот Никола Груевски објави дека државата во наредните 3 години ќе изгради 180 спортски сали. За нив ќе бидат потрошени 55 милиони еврa, a oд тоа 10 се кредит од Европската банка за развој.
(повеќе..)
април 17, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: In continuo
No Comments →
Од денеска до 22-ри април штандовите во 3-тата и 4-тата хала на Скопскиот саем ќе бидат преполни со нови книги. Судејќи според изложеното и најавеното, пред се големите попусти, реално е очекувањето дека тие брзо ќе бидат испразнети (се разбира, тоа повеќе симболично оти издавачите имаат доволно на лагер веднаш пак да ги преполнат).
(повеќе..)
април 11, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: In continuo
No Comments →
Во последниве денови и недели (па и месеци) Грција интензивира два „фронта“ во однос на спорот со Република Македонија околу нејзиното уставно име, а кои постојано ги држи „отворени“ во изминативе деценија ипол: лобирањето и тајната дипломатија.
(повеќе..)
август 11, 2006
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
Ако се има предвид моментното расположение на граѓаните на Македонија, пред новата Влада на Никола Груевски се поставуваат многу очекувања, барања и обврски. Најмногу од она што не е остварено во изминатиот период, а претходната го беше ветила. (Многумина сметаат дека затоа СДСМ и коалицијата „Сонце“ не „поминаа“, што му доаѓа како казна).
Одговорноста е мошне голема, „Преродбата во 100 чекори“ конкретна, а посебно ќе се „мери“ ветената посветеност „за подобра Македонија“. (повеќе..)