Засега ништо од „новиот“ СДСМ
„Најголемата“ опозициона партија СДСМ(во наводници оти е мошне дискутабилно односно речиси сигурно дека не е тоа, особено не во однос на значењето и улогата што би требало да ја има како „клучен играч“ на македонската политичка сцена) продолжува со стариот „манир“: да ја бара вистината од други (од Владата на Груевски) користејќи лаги и сопствени конструкции. Па и веќе „популарните“ јавни трибини (во наводници оти не се тоа, како што веројатно било планирано, туку „чисто“ партиски- на кои учествуваат и или партиски „војници“ или партиски „приврзаници“) се обична лакрдија; на нив се презентираат „докази“ за лошто владеење на позицијата кои и нејзе, но и на многу други (пред се на медиумите) им служат за мајтапење- директно или индиректно сеедно).
Сето тоа е само уште еден доказ за „вредноста“ на познатиот виц за „кризата“ на јавната куќа: не ја „надминала“ зашто ги променила чаршавите, а не…

Какви бои има западната демократија? Има ли доминатна? Веројатно е зелено- сината (САД- Европа), но не треба да се заборави и на жолтата (европските ѕвезди; се сеќавате на „Подвлечено со жолто“?). Црвената е нејзино минато, особено затоа што се смета дека повеќе недемократска (таму кајшто ја има, на пример во Кина, некои латиноамерикански држави…). А портокаловата (како „премин“ од црвена во жолта)? Е, неа дефинитивно ја (из)губи.
Наспроти најавите дека Караманлис „жестоко“ ќе одговори на писмото упатено до него од страна на македонскиот премиер Никола Груевски, тоа е толку „неподносливо лесно“ што е во голема мера и неочекувано. Со него Атина уште повеќе од досега се демаскира односно разголува пред светот, а најнапред пред своите сојузници.
Во светските енциклопедии, историите на народите на светот и на Интернет може да се прочита многу за нашиот јужен сосед, од што го потенцирам следново:
Ништо чудно во однесувањето на нашиот јужен сосед. Чудна е се поголемата нервоза кај неговите политичари, сега и на црковни лица. А се знае: нервозата најчесто е предизвикана од несигурност, од лага, од „разголување“ на вистината, но и од фактографска инфериорност.
За многумина политичари, особено од актуелната опозиција, токму политичко-државничкото достоинство е деновиве на најголем испит. А со она што го зборуваат и го прават, како дејствуваат, докажуваат дека воопшто го немале и го немаат. Ако досега некако успевале да го одржуваат држејќи го во заветрината на своите кариеристички амбиции, остварувани дури и со кодошење на сопствената држава вон нејзините граници, дури и со унижување на сопствениот народ, сега веќе не можат. Затоа што станува збор за пресудни моменти за иднината на националното достоинство. Тие се подготвени, тоа веќе и не се обидуваат да го прикријат, дури и идентитетот на својот народ да го проблематризираат, „дискутираат“, поточно да тргуваат со него за да постигнат лични и партиски лукративни цели.
Прилогов е објавен во 2005. година во „Дневен е-Еснаф, а го преобјавувам без никакви корекции. Се разбира, со непоколеблив став дека темата, па и пристапот и начинот не се врзани за ниедна актуелна власт, односно еднакво се „валидни“ за минатите, сегашната и за сите идни (да, меѓу другото и како опомена).
Нашите политичари и нивните политички партии (ниедна моја) многу погрешно го поставиле меѓународното интегрирање на Република Македонија- како евро- атлантско. Што ќе рече дека му се дава еднакво значење и тежина на членството во ЕУ и во НАТО. Тоа го оправдуваат, меѓу другото, и со „меѓузависноста“ на тие процеси, што воопшто не е точно. Без оглед што се работи за многу исти и слични барања односно исполнување на стандарди и норми.




