Subscribe

Што се случува со храната во светот и кај нас?

март 01, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Податоците се алармантни, загриженоста се поголема, а најголема е неизвесноста- подеднакво и на развиените- богатите, и на неразвиените- сиромашните земји.

Почнувајќи од Нова година (всушност од летото 2010), вестите не се за зголемување на цените одвреме- навреме, туку секојдневни. Во светот, а кај нас дури и „секојчасовни“.

(повеќе..)

Нова гасна криза во Европа?

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Реална е опасноста со почетокот на зимата да избувне нова гасна криза каква што се случи на почетокот од јануари годинава. Причина е одново Украина, нејзината неспособност да продолжи со редовна исплата на испорачаниот руски гас, а поради длабоката економска криза.

Путин навреме ја предупредува Европа, а таа засега „глуми“ ладнокрвност.

(повеќе..)

Рецесијата не е никаков бауч

август 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Оној што има барем просечни познавања од економијата и финансиите, барем површно ги следи светските економски текови, прво воопшто не би ја прашувал Владата (ресорниот министер) дали Република Македонија е во рецесија или не (демек, Владата „да признае“), а второ би барал- предлагал внимателни, темелно осмислени и долгорочни мерки за нејзино совладување.

На човек да му се смачи читајќи- слушајќи некои новинари- медиуми и партиски војници со каков дилетантизам ги „мешаат“ актуелните глобални, регионални и локални- македонски економски прашања и проблеми. Еднакво како идиотизмот на една “новинарка“ наречен „антиквизација“ и поранешниот (исто така (и) нејзин) „политички дијалог“. (повеќе..)

И Република Македонија неминовно во рецесија

април 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Да, рецесијата се посилно тропа и на нашата врата, го „слушаме“ односно чувствуваме тоа од ден на ден се повеќе. Се уште не ја отвора, но повеќе од сигурно е дека ќе влезе, и тоа без употреба на поголем напор односно „туркање“. Треба ли да се плашиме од неа?

Оние што ја знаат суштината на рецесијата одговараат негативно, потсетувајќи дека депресијата е многу полоша и поопасна. Впрочем, и во нејзиното дефинирање постојат прашања и дилеми. Не постои најпрецизна дефиниција, па дури се наметнува потреба од редефинирање.

Главно, рецесијата се дефинира како пад на БДП два квартала последователно. Меѓутоа, тоа мошне лесно се доведува во прашање доколку се имаат предвид некои проблеми воочени токму во оваа економска криза: БДП може да флуктуира квартално, на пример во првиот и третиот квартал 4%, а во вториот и чевртиот 1% , што по дефиниција не би било рецесија иако доаѓа до негов релативно долгорочен пад; или дирекната и индиректната поврзаност на БДП со порастот на населението.

Се чини дека имаат полно право некои еминентни економски стручњаци кога инсистираат на поголемо значење на невработеноста. Имено, таа се мери полесно и бројките не се менуваат подоцна, а порастот на невработеноста досега се покажа како добар индикатор на рецесијата. Како пример се наведуваат САД бидејќи тамошниот пазар на трудот е прилично либерален, па промените во економијата релативно брзо се одразуваат на бројот  на вработените. (повеќе..)

Македонија и регионот пред се поголеми удари на светската економска криза

април 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Напоредно со пакетот кризни мерки, Владата на Македонија работи и на вториот мошне важен проблем, еден од клучните за моментно, но и среднорочно спротивставување на економската криза која и на земјава и се заканува со рецесија. Таа се уште не е „стасана“, но сериозно, се посилно тропа на врата со реални шанси насилно да ја „искрши“. Се работи за обезбедување на „свежи пари“ со кои ќе биде амортизиран финансискиот дел од кризата. Притисокот станува се поголем со оглед на очекуваниот пад на интересот за државните записи кои се случи денеска.

Будно се следат и случувањата во соседството, регионот и пошироко за навреме и подготвено да се пречека „прелевањето“, да се случат исти или слични „дејанија“. Прогнозите на ММФ и реномираните светски стручњаци и аналитичари се се попесимистички.

„Кој ќе преживее ќе има што да раскажува“.

(повеќе..)

Економската криза допрва ќе се продлабочува

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Економската криза е шанса за преструктирање на економијата, дури за еден нов економски „светоглед“. Како и секоја друга, во која било друга област, таа поттикнува најнапред на рационални и ефикасни мерки, често „прекуноќни“, со кои се спречува „огнот“ да не се прошири, да не ги зафати се уште „неисушените“, „непресушените“ (од)брани од него. Напоредно (никако не потоа) се презема и „напад“, особено врз „изгорените“, „опожарените“, се до „јадрото“, „сушноста“ на севкупната живеачка. Секој друг пристап води единствено кон продолжување, поттикнување на кризата, нејзина радикализација, деструирање на смислата и содржината на постоењето.

Одговорните, пред се власта, но и опозицијата, експертската и лаичката јавност, мораат катадневно да работат и дејствуваат, а се што се презема претходно да подлежи на продлабочена причинско- последична анализа. За да се одбегне какво годе конкретна мерка да биде палијативна.

(повеќе..)

Државните записи- атрактивни и сигурни за пласман на сопствени средства

април 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Основно за нив:

Државниот запис е краткорочна државна обврзница со која државата најдолго за една година се задолжува кај заинтересирани инвеститори. Емитувањето на оваа хартија од вредност не мора да значи дека државата е во некој проблем со ликвидноста или со каков било друг. Таа е важен инструмент за генерално поттикнување на финансискиот пазар и пазарот на хартии од вредност.

Инвестицијата во државни записи не носи голема заработка, бидејќи државата е најсигурен должник, но исплатата на договорената камата е загарантирана од причина што е таа најсигурен емитент односно тој запис е со најмал ризик. Едноставно, помеѓу депонирање на средства во банка или купување на државен запис изборот би требало да „падне“ на записот. Имено, теоретски банката ниту одблизу не е толку добар должник како државата од причина што таа има фискален авторитет, можност за собирање на даноци и со самото тоа поголема извесност за измирување на обврските. (повеќе..)

Самитот на Г- 20 во Лондон- историски или не

април 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

За еден настан или случување, во случајов договорен состанок на лидери на 20 највлијателни земји на светот, да се оцени како историски (со најава како таков според очекувањата, а особено веднаш по неговото завршување според донсените заклучоци односно решенија) е нужно тој да се анализира и процени едновремено и од сегашна- моментна и од перпективна гледна точка. Се разбира, со вообичаената резервираност во однос на времето и просторот на дејствување, опфатот и динамиката на промените, како и значењето за сушноста и опстојот на човековата цивилизација (глобален), односно на нација, локално население, регион, држава (ограничен).

Засега самитот во Лондон може да се оцени како историски само од аспект на ефектите што се очекуваат од договорените мерки и активности во надминувањето на глобалната криза односно рецесијата, особено оние на краток рок. Тие би требало да бидат позитивни, но дилемата е дали со подеднаков обем и квалитет и во развиените и во неразвиените земји. Некои аналитичари веќе укажуваат на реалната опасност од протекционизам, се разбира од страна на најмоќните.

(повеќе..)

Самит на ЕУ во Брисел- тешко до решенија за економската криза

март 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Се чини дека почна пропаѓањето на одделни членки на ЕУ, како „преодна фаза“ во „растурањето“ на унијата: ЕУ ќе ги спасува своите членки од банкрот, а први за тоа се сметаат Ирска и Грција.

Договореното во Брисел не е она што се очекуваше. Лидерите на ЕУ решенијата за надминување на глобалната економска криза ги „префрлија“ на претстојниот самит на Г 20, што ќе се одржи во Лондон на почетокот на април.

Постигнатиот начелен договор за издвојување на 5 милијарди евра за инвестирање во енергетски инфраструктурни проекти и широкопојасен Интернет е начелен поради условот предвидените средства да се потрошат во оваа и идната- 2010- та година. Тој се смета за успешен со оглед на претходно жестокото отфрлање на планот за спас на економиите на Централна и Источна Европа од страна на претседавачот- Чешка.

Првите критики за самитот ги испорача Америка: и покрај одлуката за двојно зголемување на фондот на 50 милијарди евра за оние што се најмногу погодени од кризата, зајакнувањето на ММФ и спомнатите 5 милијарди евра, ЕУ засега нема решение како да се излезе од кризата.

(повеќе..)

Економската рецесија нема да кулминира во 2009- та

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонските стопанственици следат што се случува во светот, веќе ги чувствуваат последиците од светската рецесија (ниски цени и отежнат пласман на производите во странство) и се однесуваат како таа допрва да ќе започне. А сите анализи и експертски проценки велат дека во 2009- та нема да кулмиунира, туку ќе продолжи да се интензивира во наредните најмалку две- три години, со се потешки економско- социјални, но и политички последици (редефинирање на стратешките цели). Бараат парцијални, „моментни“ решенија ( за да се продолжи живуркањето), и тоа пред се од Владата (како да им е таа бизнис партнер), притоа не размислувајќи за преструктуирање, прилагодување, конкретни решенија на среден рок, рационализација, ефикасност, модернизација… (повеќе..)

Македонија помеѓу „мали“ и „големи“ инвестиции

септември 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Одамна е осознаено дека сегашнината и иднината на македонската економија е во  бројот и развојот на малите и средните претпријатија. Само економските лаици (во жаргонот на младите постои  интересен термин за таквите: дунстери) можат да тврдат и да се залагаат за „она другото“, особено кога се работи за привлекување на странски инвестиции. На пример, дека треба „да направиме се“ за да привлечеме големи компании кои во земјава ќе инвестираат стотици милиони. Со 5-6 такви брзо ќе стасаме до посакуваната милијарда, а најважно од се е што таквите ќе вработат „се живо и диво“ во земјава. Па дури и се потсмеваат кога некоја странска фирма ќе реши да вложи 5-10 милиони евра (или долари сеедно). Од еден таков (дунстер) прочитав дека, парафразирам, наместо „ветените“ неколку, „Грујо & comp.“ во земјава ќе ја „донесат“ милијардата со „стотици по 5 или 10 милиони“, а згора на тоа „ќе се отепаат“ од поставување на камен темелници и  сликање на „нивните“ телевизии.

(повеќе..)

Загрижувачки пораст на инфлацијата

јули 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Инфлацијата во Македонија е повторно двоцифрена. Заводот за статистика соопшти дека трошоците за живот во минатиот месец пораснале за 10,1% во споредба со истиот месец лани.

Јасно е дека е таа најмалку „внатрешна“, односно резултат на енормниот пораст на нафтата на светскиот пазар, но и на порастот на цените на храната и кај нас и во светот. Меѓутоа, не смее да се чека таа да падне на подносливо ниво „сама од себе“, особено затоа што граѓаните секојдневно директно ја чувствуваат врз сопствениот џеб. Таа е „додатна тежина“ на и онака тешкиот сиромашки „камен“ што постојано ги влече или држи на дното на живуркањето. Најмалку, пак, Владата да продолжи како ништо драматично да не се случува. (повеќе..)

Економски позиции на Македонија во светот

ноември 23, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонија е земја со среден безбедносен и политички ризик за странските инвестиции.

Ова го покажа студијата „Risk map 2008“ на консултантската куќа „Control Risks“, која оценува дека во речиси 60% од земјите во развој постојат сериозни закани за странските инвестиции во политичкото и безбедносното опкружување.

(повеќе..)

„Стандардни“, но и очекувано-неочекувани состојби и процеси во Македонија, Европа и светот

септември 26, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонија со 117 милиони евра е 7-ма на листата земји според висината на словенечки инвестиции во странство во 2006-та година. Словенечките фирми лани во странство инвестирале вкупно 3,5 милијарди евра, од кои речиси две третини во земјите од поранешна Југославија, објави словенечкиот бизнис весник „Finance“.

Словенечки инвестиции во поранешна Југославија: Хрватска 927 милиони евра, Србија 790 милиони евра, БиХ 344 милиони евра, Македонија 117 милиони евра, Црна Гора 71 милиони евра.

(повеќе..)

Светското стопанство во пораст

јули 31, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Експерти на Меѓународниот монетарен фонд во најновата анализа ги зголемија проекциите на годинашната стапка на раст на светското стопанство на 5,2%, од претходните 4,9%.

(повеќе..)