Subscribe

„Билатерално прашање“(?!)како проблем од различни „аспекти“

мај 25, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

(24.12.2007.)

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Анкара на заедничка прес-конференција со својот гостин, македонскиот премиер Никола Груевски, истакна дека е лош и погрешен ставот на Грција да го условува приемот на Македонија во НАТО со промена на името. Секоја држава треба да ги почитува независноста, името и суверенитетот на Република Македонија. Ердоган соопшти дека им дал налог на претставниците на Турција во сите структури на НАТО да работат на приемот на Македонија во алијансата.

(повеќе..)

Невешта замка: едно име за севкупна употреба

февруари 02, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму така. Инсистирањето на Грција за „компромисното“ решение „Едно име за FYROM севкупна употреба“ е невешта стратешка замка во која би требало да „падне“ Република Македонија, поточно македонскиот народ. Таквото решение значи постапно, но сигурно и неповратно меѓународно губење- непризнавање на неговиот идентитет!

Затоа е тоа „главната црвена линија“ на Грција, од која нема да остапи „по никоја цена“.

Затоа и експлицитните ступидни барања за ограничена (зло)употреба на „придавката“ македонски (во случајов таа воошпшто не е тоа) имаат предвиден „празен простор“ за премолчена „отстапка“.

(повеќе..)

Во прилог на исполнување на Македонија на уште еден критериум на ЕУ: развој на добрососедските односи

ноември 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Иако не беше една од одредниците („бенчмарковите“) што земјава требаше да ги исполни или во чии „рамки“ требаше да се постигне виден напредок, развојот на нејзините добрососедски односи- добрите односи со соседните држави се „подразбираше“.

Токму проблемот на Република Грција со името на Република Македонија во последниот извештај на ЕК е „посредно“ забележан како „недобрососедски“. Не во негативна смисла , туку како „билатерален проблем“ за чие решавање се дава „силен поттик“. Македонската опозиција и нејзиниуте медиуми исто така „силно го поттикнаа“ решавањето на проблемот (дури и со закани дека, доколку Советот на Европа на состанокот на 7- ми и 8- ми декември не утврди датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, поради тоа „во земјава сешто ќе се случува“). Притоа „подзаборавајќи“ дека односите со Грција, особено на економски план, се извонредни, а проблемот ги „залади“ само политичките.

(повеќе..)

„Меѓународната“ знае дека Атина не е подготвена на разумен компромис!

јуни 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму така: „меѓународната“, односно ЕУ, НАТО и САД знаат или во меѓувреме дознаа дека не станува збор за промена на името на Република Македонија (одамна е јасно дека не се бара промена на уставното име), туку на идентитетот на македонскиот народот во сета негова комплексност (не и малцинствата или „немнозинските заедници“). Тоа е причината за разочарувањето и скептицизмот дека ќе нема брзо, скорешно решение на спорењето на името „Македонија“ од страна на Данајската република (Грција), а не на „спорот“. Па и на нервозата (пред се на пријателите и сојузниците на Атина, а особено на оние во ЕУ) и се поострите критички „стрели“ кон македонскиот државен врв поради негова „нефлексибилност“.

Дволно е да се потсетиме на дволичноста на поранешниот генерален секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер (по „прошталната“ посета на Скопје и Атина) и децидниот став на Саркози дека земјава не може да смета на евро- атлантска интеграција под постојното уставно име „Република Македонија“ (што значи дека бара и уставно преуредување на земјава; толку му сече умот). (повеќе..)

Идентитетот не се гарантира, туку се богати и брани!

април 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Во врска со „билатералниот проблем за името“ со јужниот сосед на Република Македонија (за него подолу) во изминатиот период се изнаслушавме секакви небулози и нонсенси, од кои најголемиот нонсенс е дека е тој лесно решлив „само да се  гарантира македонскиот национален идентитет“. Притоа без да се наведе  макар  очекуваниот гарант (одвреме- навреме слушаме оти тоа се „нашите пријатели во ЕУ и НАТО“, а пред се „најголемиот“- САД). И уште, дека Данајската република (Атина) „прави проблем“ единствено со придавката  „македонски“ (често сведувајќи го на (пре)именувањето на народот и јазикот).

Во многу мои досегашни текстови укажував дека идентитетот е мошне комплексна „материја“, особено националниот, и оти зачудува искажаното основно непознавање на некои од македонските „политички врвови“. Кога тој проблем, што е очигледно суштински за Атина, би се поставил на експертско ниво, „билатералниот“ во разговорите или преговорите (и за ова подолу) би добил сосема нова „димензија“.

(повеќе..)

Значајна конференција во Астана- учество на Милошоски

октомври 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Во Астана, Казахстан, се одржува министерска конференција на западните и муслиманските земји „Заеднички свет: Прогрес низ различности“.

По дебатите организирани во две сесии, министрите за надворешни работи и високи претставници од 30-тина земји ќе потпишат заедничка декларација со порака за поголема толеранција и за зачувување на мирот и стабилноста во светот.

(повеќе..)

Предочување

август 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Во текстот посветен на Дора Бакојани (објавен пред некој ден на оваа web страница) ги оценив како весели односно за смеење (ступидни, инфантилни, инфериорни…) нејзините изјави и оценки во последно време, а во врска со проблемот на нашиот јужен сосед со името на земјава. Меѓу другите, со таква, „соодветна“ оценка ја регистрирав и нејзината реакција за „активирањето“ на тн. двојна формула од страна на Груевски.

Да потсетам, таа изјави дека македонскиот премиер „прави сериозна грешка и сноси одговорност за каква било пречка во преговорите, и пошироко, за евро- атлантскиот курс на државата“.

(повеќе..)

Прецизно, јасно и аргументирано

август 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски даде интервју за грчкиот весник „Елефтеротипија“, во кое прецизно и јасно, со многу аргументи и факти, одговара на низа провокативни прашања, а кои читателите на весникот ги остава во многу недоумици и дилеми. Сигурно кај многумина ќе помогнат и за промена на досегашните наци-фашистички ставови, континуирано наметнувани од  нивните  политичари  и  владетели.

Избирам само неколку прашања и одговори:

(повеќе..)

Македонија и ЕУ: конзистентност и доследност

јуни 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Македонија е решена да ги исполни поставените задачи потребни за членство во ЕУ, но како мала земја е загрижена да не се поставуваат нови, дополнителни непринципиелни услови и пречки кои не се дел од копенхагенските критериуми.

ЕУ треба да ги почитува принципите кои самата ги постави и прогресот на земјите кандидати да го цени врз таа основа.

Во Брисел се одржува европски политички самит  „Рекапитулар за Балканот“, на кој учествува и македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

(повеќе..)

Нимиц охрабрен и разочаран

април 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Воопшто не изненадува тоа што „првиот чекор“ на медијаторот Метју Нимиц од новата преговарачка „офанзива“ се покажа многу потежок од досегашните. Дури, мислам дека тој не успеа ниту да го „дочекори“.

Од многу едноставна причина:  ранетиот лав е (секогаш) поопасен од оној што успешно се перчи со својата сила.

(повеќе..)

Меѓу редови

април 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Да, воопшто не е лесно, туку напротив, најтешко е да се чита (слуша) меѓу редови она што го кажуваат и порачуваат политичарите и белосветските…Особено кога се работи за „добри намери“.

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер воопшто не мораше да доаѓа во Скопје за да ни „препорача“ да „најдеме“ решение со Грција до 9-ти јули за да ги „стасаме“ Албанија и Хрватска.

(повеќе..)

Тактички потег или конечно „Доста!“

март 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Македонскиот државен врв последниот предлог на медијаторот Нимиц го смета за конечен.

„Овој предлог го сметаме, по 15 години разговори околу овој билатерален спор, за конечен предлог во процесот. Вториот заклучок е дека процесот на градење на став во однос на овој конечен предлог продолжува деновиве и најверојатно според Уставот и законите ќе резултира со собраниска расправа во понеделник“, изјави македонскиот министер за надворешни работи  Антонио Милошоски.

(повеќе..)

Ново име за Република Македонија со географска одредница

март 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

По средбата во седиштето на ОН во Њујорк помеѓу Нимиц, Василакис и Димитров, што започна во пријатна атмосфера, медијаторот Метју Нимиц даде изјава во која потенцира дека понудил нов, само еден предлог во кој има елементи на стари, претходно дадени предлози. Според него, тој е фер, чесен и разумен.

(повеќе..)