Subscribe

Значењето на извештајот на ЕП за Македонија

февруари 10, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Тој нема некое поголемо, особено не пресудно значење за перспективата на односите помеѓу ЕУ и Македонија, туку е само едно барање или, можеби поточно, уште еден притисок за решавање на „спорот“ за името на Република Македонија. Во него се прави еден вид на баланс на тој план, а особено се поприсутната и јасно посочена согледба дека нерешавањето може да има сериозни последици врз меѓуетничките односи во земјава. Тоа секако ќе има одраз и во опкружувањето, но и врз односите во самата Европска унија.

(повеќе..)

Решено ли е или се уште не

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Дали грчкиот весник „Елефтеротипија“ се покажа „поербап“ од македонските медиуми- „блиските извори“ на нашите медиуми им се “подалечни“ од неговите или, пак, е во прашање шпекулација за што  и грчките и македонските досега се покажаа еднакво успешни?Да, треба да се има предвид дека тој е близок со партијата ПАСОК на Папандреу.

Ако се суди според „чудното однесување“ на американскиот државен врв, пред се на американската дипломатија, кое може да се „препознае“ како молчење и повлекување од вревата на јавноста, нешто како да се „тркала“. Можеби не „стапица“ од која, како што објавија грчки весници, Грција има се поголем уплав, ама нешто како од „Голем брат“ многу веројатно.

Од друга страна, зошто решението што наводно го подготвуваат Американците би било „стапица“, кога во овој „пресуден момент“ за Грција е најповолно „разумно компромисно“?

(повеќе..)

Има ли македонската опозиција „црвена линија“ при решавање на „спорот“ со Грција?

ноември 13, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Се почесто македонската парламентарна и вонпарламентарна опозиција бара да се седне за маса и да се утврди „национална стратегија“ за решавање на проблемот што го има Грција со името на Република Македонија, „каква што има јужниот сосед“. Настрана фактот дека неговата „црвена линија“ не е „консенсуална стратегија“, особено не поставена- формулирана низ „политички дијалог“ ( една од многуте опозиционерски ступидарии, според последиците еднаква на „антиквизацијата“), а имајќи предвид неразбирливи, пред се сомнителни ставови (како што е „договор по секоја цена“, предизборното ветување за решение за 6 месеци), крајно е време таа- македонската опозиција јасно и гласно, се разбира јавно, да се изјасни:

Која е нејзината „црвена линија“ преку која не би минала, макар земјава да добие уште едно вето односно да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ?

Изјаснувањето е нужно, меѓу другото, за да не се губи време и залудно да не се троши енергија. Зашто, доколку е иста со онаа на власта ( добро позната- иденттитетот во сета негова комплексност, особено името на народот и неговиот јазик), тогаш чуму „нов договор“?

Меѓутоа, доколку смета дека може да се отстапи и од нив (да не е тоа „по секоја цена“?), тогаш…никакво договарање! Подобро да замолчи, да се „покрие“ за да не биде не само извикана, туку и исплукана.

(повеќе..)

Валканата дипломатска игра на Атина привршува

август 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Метју Нимиц си противречи на себе си со изнасилениот оптимизам од една и безизлезот, односно последниот обид со нов пакет- идеи конечно да и стави крај на валканата, неразумна, апсурдна, ступидна дипломатска игра на Данајската република (Грција) со името на Република Македонија (не уставното). Дека била таква од почетокот на спорењето (не спор, а најмалку билатерален) е и ќе биде уште не долго време, му е јасно не само на Нимиц, туку им е веќе „преку глава“ и на сојузниците на Атина во ЕУ и НАТО.

(повеќе..)

Лесна и недипломатска реторика од позиција на сила

август 01, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Во 21- ов век Данајската република (Грција) се однесува како да живее и дејствува во 19- от и 20- от, иако е „заслужено“ модерна евро- натовска држава. Раководството во Атина очигледно се уште мисли дека светот е поделен на „големи“ и „мали“, а големите можат да им се закануваат на малите, да ги блокираат, да им поставуваат услови, да се однесуваат арогантно спрема нив. Притоа не ни помислувајќи, ниту разбирајќи дека токму „малите“ отсекогаш биле, се и ќе бидат поголеми од „големите“. Со своето достоинство, со своето опстојување, доследност, разум, мудрост, со својот идентитет. И, што е најважно, „големите“ не ги третираат и не се однесуваат спрема нив како „мали“, туку како рамноправни со нив во името на соживотот, заедништвото, развојната перспектива. Да, и во името на евро- натовското односно глобалното интегрирање. (повеќе..)

Отворени многу „нови страници“ на и за Македонија

април 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Моите проценки и прогнози (не само мои) се остварија во целост:

Проф. Д-р Ѓорге Иванов е новиот претседател на Република Македонија (дури го „кандидирав“ пред самиот да помисли на тоа), со беспрекорно чиста и апсолутна победа (без нерегуларности, особено полнење на гласачки кутии, како што беше „случај“ со изборот на претходните двајца претседатели); ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи- „За подобра Македонија“ освои досега најмногу градоначалнички позиции во „избирачката историја“ на земјава (прогнозирав горе- долу точна бројка); одличен резултат на локалните избори постигна ДУИ (коалиционен партнер во власта); а секако најголема победа извојуваа (не е никаква фраза) граѓаните на Република Македонија.

За важноста на „новите страници“ еднакво значење има она што го констатирав уште по првиот круг на избори, а го прогнозирав и се оствари како конечно: катастрофален пораз на опозицијата, пред се на СДСМ. За оваа партија веќе нема време за „чистка“. „Бришка“ е неминовна, а од нејзината „пепел“ треба да се „(из)роди“ нова, која ќе нема никаква врска со поблиското и подалечното „црно“ партиско минато, а ќе се темели на „изворната“ лева, социјал- демократска идеологија (основни принципи или идеали: слобода, еднаквост и социјална правда, солидарност).

(повеќе..)

Квазилидерство

август 18, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

За квазилидерството „како такво“, посебно во македонското политичко милје, досега сум пишувал на неколку наврати, а, се разбира, и натаму ќе пишувам секогаш кога ќе имам конкретен повод (неисцрпна тема?). Како сега.

Имено, дефинитивно е јасно и крајно „експлицитно“ потврдено дека главниот (можеби и единствен) проблем на обновениот СДСМ е неговото најтесно раководство, а пред се лидерот Радмила Шеќеринска. Таа ниту „личи“ на лидер(ка), ниту се однесува (контролира) како таква, особено во настапите пред јавноста. Мислам на нејзините се почести „застанувања“ (или „местења“) пред микрофоните и камерите на медиумите и изјавите за се и сешто, а всушност за „единствено нешто“: Никола Груевски.

(повеќе..)

Непромислено инсистирање на Атина: барањето за ново име на Македонија со географска одредница е признавање на нејзина моментна нецеловитост!

јуни 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

(30.06.2008.)

По дводневната македонско- грчка турнеја медијаторот Метју Нимиц им изјави на новинарите дека е точно оти се разговара и за друго освен за ново име на Република Македонија. „Појавувањето на други прашања“, како што рече, е потврда дека Атина на преговорите (а не разговорите како што вели Нимиц) поставува и прашања односно барања „поврзани“ со името. Нешто што или поради политичко слепило не го гледаат или го премолчуваат  за да се покажат „конструктивни“ некои политичари од опозицијата (белки не мислат дека „поврзани праша“ поставува Македонија!). (повеќе..)

Компромисот е нужен, но не на сметка на идентитетот

јуни 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Државно- владиниот врв на Република Македонија одржал едночасовна средба на која го реафирмирал македонскиот став за спорот со Атина. Без да се дадат детали, во соопштението од кабинетот наБранко Црвенковски информираа дека биле разменети мислења помеѓу државните фактори пред претстојната посета на медијаторот Нимиц в петок.

Највисок приоритет на Македонија останува зачувувањето на идентитетот и достоинството на нацијата.

(повеќе..)

Нимиц охрабрен и разочаран

април 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Воопшто не изненадува тоа што „првиот чекор“ на медијаторот Метју Нимиц од новата преговарачка „офанзива“ се покажа многу потежок од досегашните. Дури, мислам дека тој не успеа ниту да го „дочекори“.

Од многу едноставна причина:  ранетиот лав е (секогаш) поопасен од оној што успешно се перчи со својата сила.

(повеќе..)

Нова „офанзива“ на Нимиц

април 18, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Веќе се неброени досегашните, па со оглед на „тврдите“ позиции, всушност неразумните-ступидните барања на Атина, оваа негова нова „офанзива“ може да се „пречека“ многу повеќе со „песимистички“ оптимизам, отколку со реален.

Метју Нимиц доби согласност од македонскиот државен врв за нивно продолжување, без оглед на предвремените парламентарни избори. Неговата „втора цел“ се надева дека ќе биде постигната утре во Атина- согласност и од неа.

Нимиц се сретна со премиерот Груевски, а потоа и со претседателот Црвенковски. На двете средби присуствуваше и министерот за надворешни работи Милошоски, а преговарачот Димитров само на средбата со Црвенковски.

(повеќе..)

Со силата на аргументи, а не со аргументи на силата

март 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму тоа, не за да се „потсети“ на одамна осознаената и развивана- практицирана суштина на демократијата, туку како дециден став и порака треба државниот врв на Република Македонија да му го испрати на светот, пред се на Грција. Затоа што е очигледно дека свесно, намерно се заборава, се напушта- исклучува, не „соодветствува“ на денешната стварност.

(повеќе..)

Сепак промена на уставното име

февруари 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Пред неколку месеци имав доволно „храброст“ да предложам ново име на нашава држава (не уставно), како што тоа го стори уште еден мој колега кој потоа, веројатно под „притисок“, својот предлог самиот го оквалификува како несериозен односно ироничен.

(повеќе..)

Зошто новиот предлог на Нимиц таен?

февруари 20, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

„Првиот дел“ од најавата се оствари: на средбата во Атина посредникот на ОН за решавање на „билатералниот“ проблем помеѓу Атина и Скопје, Метју Нимиц, во врска со уставното име на Македонија (всушност „унилатерален“, бидејќи е проблем само на Атина), донесе нов, според некои аналитичари последен предлог- ново име. „Вториот дел“- тоа да се обелодени е „одложен“. Предлогот на Нимиц ќе остане таен се додека двете земји на највисоко ниво не го анализираат и објават во јавност.

(повеќе..)

Метју Нимиц за неговата посредничка мисија

мај 27, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Меѓународниот посредник во спорот за името Метју Нимиц ги демантира грчките медиуми дека се повлекува од преговорите за името во Обединетите Нации.

„Не смеам да ја прекинам посредничката мисија“, изјавил Нимиц за весникот „Катимерини“, потврдувајќи дека има намера годинава да ги продолжи активностите за изнаоѓање на компромис.

(повеќе..)