Завршна фаза на решавање на ступидниот проблем на Грција
Жално е една земја, која себе си се смета, а и „старата дама“ Европа ја смета за лулка на демократијата, да се потсетува или да се учи дека не може и не смее да се однесува од позиција на сила, супериорно, арогантно, условувачки. Тоа ќе рече дека се залажув(ла) себе и залажувала други оти демократијата е сушност на нејзинот опстанок во минатото, денес и во иднина, негирајќи постоење на еден народ-макдонски, на неговиот идентитет и на именувана држава-Македонија. Не поради скорешни (пре)имеувања на 3 од своите 13 региони (Источна Македонија и Тракија, Средна Македонија, Западна Македонија), туку поради нејзиниот милениумски контиунитет во минатото и денес.

Како што се очекува(ше), притисокот за решавање на проблемот на Грција со името на Република Македонија од „меѓународниот фактор“ деновиве стана мошне силен, а во следниве недели и месеци сигурно ќе кулминира, по што, логично, решение ќе мора да се најде или ќе се наметне. Тој не е насочен само кон Република Македонија, туку и кон Грција, а во насока на нужен, неминовен компромис. Тоа би можело да се оцени како успех на македонските власти (Владата и претседателот на државата), а со оглед на досегашното „разбирање“ на јужниот сосед од страна на неговите сојузници во ЕУ и НАТО. Мошне забвележливо е дека се одбегнува проблемот да се нарекува спор или да се назначува како билатерален, што беше постојано потенцирано, а Република Македонија и новата власт во Грција се повикуваат што поскоро да го „затворат прашањето“.
Вонредниоте избри во Данајската република (Грција) се логична последица или, можеби попрецизно речено, завршница на едно лошо, неуспешно, деструктивно владеење на конзервативната партија „Нова демократија“, а посебно на нејзиниот лидер и (до) сегашниот премиер Костас Караманлис. Пред се на внатрешен план, доведувајќи ја земјата до економски колапс, до политичка и социјална дестабилизација, но и на меѓународен- со маргинализација, па и изолација еднакво поради „тврдиот“ став спрема проблемот со името на Република Македонија (блокирање на нејзиното членство во НАТО), дискриминацијата- непризнавањето на националните малцинства, пред се македонското, како и проблемите со Турција и Кипар.
Во 21- ов век Данајската република (Грција) се однесува како да живее и дејствува во 19- от и 20- от, иако е „заслужено“ модерна евро- натовска држава. Раководството во Атина очигледно се уште мисли дека светот е поделен на „големи“ и „мали“, а големите можат да им се закануваат на малите, да ги блокираат, да им поставуваат услови, да се однесуваат арогантно спрема нив. Притоа не ни помислувајќи, ниту разбирајќи дека токму „малите“ отсекогаш биле, се и ќе бидат поголеми од „големите“. Со своето достоинство, со своето опстојување, доследност, разум, мудрост, со својот идентитет. И, што е најважно, „големите“ не ги третираат и не се однесуваат спрема нив како „мали“, туку како рамноправни со нив во името на соживотот, заедништвото, развојната перспектива. Да, и во името на евро- натовското односно глобалното интегрирање.
Ништо ново во разговорите и преговорите околу спорењето (не станува збор за спор, ниту за билатерален проблем) на Данајската република (Грција) на името на нашата држава. Оптимизмот на Метју Нимиц по најновата рунда разговори (околу проблемите што ги „оптоваруваат“ преговорите) е сигурно одново разнишан, ако не и „збришан“ по повторениот став на Груевски за двојна формула како „природна позиција на Македонија“, а особено по денешната закана на Бакојани дека нејзината земја ќе продолжи да ја блокира евро- атлантската интеграција на Република Македонија се до изнаоѓање, односно „прифаќање на сложено име со јасна географска одредница за севкупна употреба“.
Сериозноста и зрелоста на еден политичар, а особено на лидер на голема партија најмногу се „чита“ во ветувањето односно ветувањата. Се разбира, мислам пред се на предизборното/ предизборните, но и на она што е „тековно“. Макар што на вториве, барем досега, никому не му текнувало (додека „мандатирале“ позиционерски или опозиционерски).
Да, рецесијата се посилно тропа и на нашата врата, го „слушаме“ односно чувствуваме тоа од ден на ден се повеќе. Се уште не ја отвора, но повеќе од сигурно е дека ќе влезе, и тоа без употреба на поголем напор односно „туркање“. Треба ли да се плашиме од неа?




