Subscribe

Финиш без резултат?

октомври 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Без конкретни резултати во Брисел заврши и втората фаза на директните преговори помеѓу Приштина и Белград за идниот статус на Косово. Страните останаа на нивните различни позиции.

Шефот на посредничката тројка Волфганг Ишингер веќе не е оптимист, туку реално проценува:

„Мислам дека денеска, како и на средбата наредната недела во Виена, ќе видиме дали е можно да се дојде до реален напредок. Во таа насока мислам дека ова ќе биде одлучувачка фаза“.

Додека трае неизвесноста, т.н. „Гарда на цар Лазар“ веќе објави воена состојба за одбрана на Косово. Денеска нејзини членови безуспешно се обидоа да влезат во северниот дел на Митровица.

(повеќе..)

За „новиот имиџ“ на македонското Собрание и бизнис климата

октомври 03, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Партиски војници, луѓе со криминални досиеја, вооружени, влегуваат и во највисокиот законодавен дом на Македонија, пред очите на собраниското обезбедување.

(повеќе..)

Светот допрва ќе се тресе од пораката на Кремљ

септември 07, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров завчера испрати досега најостра политичка порака од Кремљ за идниот статус на Косово, подвлекувајќи кај јужната српска покраина црвена линија зад која Москва не прави компромиси, пишува „Глас Јавности“.

Означувајќи го овој „рубикон“  во застапувањето на руските интереси на Балканот, Лавров со најсилна реторика ја најави цврстината и трајноста на  рускиот политички курс, па во тој контекс оваа порака може да се смета за позначајна од заканата со вето која се однесува конкретно на планот на Ахтисари, изјави вчера за „Глас јавности“ Милош Кнежевиќ, уредник на „Национален интерес“.

(повеќе..)

Поделбата на Косово се повеќе можна

август 22, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Поделбата на Косово, од сите лоши решенија, барем е возможно решение, оценува во изјава за Радио Дојче Веле координаторот на Пактот за стабилност, Ерхард Бусек.

(повеќе..)

САД ќе ја признаат независноста на Косово

август 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Американскиот дипломат Френк Визнер навести дека САД се подготвуваат да ја признаат еднострано прогласената независност на Косово.

(повеќе..)

Независно Косово кога- тогаш, засега некогаш

август 06, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Најнови „моменти“ од битката за и против независно Косово:

Потпретседателот на Меѓународната кризна група (МКГ) Ален Делетро оцени дека за статусот на Косово постојат три опции: договор помеѓу Белград и Приштина, резолуција на Советот за безбедност за покраината или косовските власти еднострано да прогласат независност.

(повеќе..)

Светот не знае што да прави со Косово

јуни 12, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Никој во меѓународната заедница „не знае што да прави со Косово“, објави лондонски „Сандеј телеграф“, повикувајќи се на изјава на западен дипломат во Приштина.

По самитот на Г-8 стана јасно дека од новата резолуцијата на Советот за безбедност во догледно време нема ништо, а таквата ситуација, според дипломатот, би можела целиот Балкан да го воведе во нови проблеми.

(повеќе..)

Путин се „поинтересен“

јуни 05, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Рускиот претседател Владимир Путин се заложи за продолжување на времетраењето на претседателскиот мандат во Русија, но и против зголемување на бројот на мандатите што може да ги врши едно лице.

„Претседателски мандат од 5, 6 или 7 години е сосема прифатлива варијанта за денешна Русија, но бројот на мандатите треба да биде ограничен“, изјави Путин во интервју за група новинари од државите од Групата 8 индустриски најразвиени земји во светот (Г-8), додавајќи дека смета оти сегашниот мандат во Русија е многу краток. Во моментов трае 4 години и едно лице има право на најмногу 2 мандатa.

(повеќе..)

Балканот одново „мета за поткусурување“ помеѓу САД и Русија

мај 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Балканот е вовлечен во геополитичкиот покер помеѓу Русија и Западот. Ескалирачката криза ги зафати и односите Вашингтон- Москва, во кои е вмешана и Грција, констатира грчкиот весник „Катимерини“.

(повеќе..)

Очекувано: нема брзо решение за статусот на Косово

мај 16, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Нема брзо решение за статусот на (се уште) српската покраина, без оглед што е јасно и наскоро таа ќе стане независна. (Моја промисла- домисла: Секое политичко решение се потврдува  или не во економските, социјалните, културните и творечките состојби и перспективи.) Во меѓувреме:

Русија не може да прифати 2 точки од предлогот на специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово, Марти Ахтисари, изјави рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин.

(повеќе..)

Почнува „домино ефектот“ на идното независно Косово

април 26, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Многумина со право постојано, со години на ред, предупредуваат дека „позитивното“ решавање на Косово, што не значи ништо друго (прифатливо) освен независност, ќе предизвика „домино ефект“ во регионот, на Балканот, па и пошироко. Всушност, станува збор за (под)отворање на „Пандорината кутија“, па наивни и инфантилни се неодамнешните барања на Солана и Рен да се договорат „релевантните меѓународни фактори“ дека доделувањето на независност на Косово ќе биде „последно“.

(повеќе..)

„Необични“ ставови и размислувања на младите на Косово

април 23, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Повеќето од младите жители на Косово од сите етнички заедници сакаат да емигрираат поради тоа што не гледаат перспектива во покраината, покажуваат резултатите од спроведеното истражување на јавното мислење.

(повеќе..)

Мисија на СБ во Белград и Приштина

април 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Русија е задоволна од одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации да го прифати барањето на Москва за испраќање на своја мисија во Белград и Приштина, изјави рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин.

(повеќе..)

„Булдожер дипломатија“ за независност на Косово?

март 27, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Се сеќавате на Ричард Холбрук? Таман работа да го заборавивте. Беше мошне успешен при „убедувањето“ на инволвираните во распадот на Југославија (Изетбеговиќ, Туѓман и Милошевиќ) да го потпишат Дејтонскиот договор.

Интересно и мошне индикативно е неговото повторно јавување (или ангажирање) сега, и тоа во борбата за независност на Косово. Познато е, тој никогаш не се занимавал со „ситници“ во разрешувањето на кризни ситуации (со „морков или стап“), туку со „круцијални“ работи. Така и овојпат.

(повеќе..)

Косово далеку од „свршена работа“

август 03, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

И да добие независност, која очигледно е ветена од „одлучувачки фактори“ на меѓународната сцена, и еднострано да ја прогласи, а потоа да почне, како што се очекува, интензивно признавање, Косово уште долго ќе чека пред „вратите“ на целосната државност. Не само затоа што Србија, разбирливо, ќе ја продолжи својата борба и до чинот на независноста и по него.

Се чини дека, сепак, во нејзини раце е конечното решение. И тоа не како „спасување на она што може да се спаси“, туку како реален и прифатлив компромис за сите: поделба на Косово односно отцепување на неговиот северен дел населен исклучиво со српско население (она што остана по повеќегодишното етничко чистење). Сосема е друго, „независно“ прашање која ќе биде компензацијата за тоа и на чија сметка (можеби „најлесна“ на Република Македонија откако ќе се заврши „последната фаза“- нејзиното преименување и губење на националниот идентитет на државотворниот народ). (повеќе..)