Усвоена резолуција и извештајот на Дик Марти
Очекувана вест: Парламентарното собрание на Советот на Европа ги усвои извештајот на Дик Марти и резолуцијата за трговија со човечки органи на Косово, со кои се повикува на меѓународна истрага на овие обвиненија. За резолуцијата гласаа 169-мина пратеници, 8-мина беа против, а 14-мина воздржани.
Од 19-те амандмани што ги поднесоа Албанците прифатен е само еден, па називот на резолуцијата е променет во „Истрага на обвиненијата за нехуман третман на луѓе и нелегална трговија со човечки органи на Косово“.

По повод почнувањето на „правната битка“ за Косово пред Меѓународниот суд на правдата, со предавањето на поднесоци на 17- ти овој месец од страна на правните тимови на Белград и Приштина, мошне широко во светот одекнаа две изјави односно два става на видни личности, со мошне цврсти аргументи за
Да, крајно е време Владата, министерствата, медиумите и новинарските здруженија да седнат на една маса, да го постават и да почнат да го решаваат проблемот на заштита на македонските новинари при вршењето на нивната задача, но и на физичка и егзистенцијална- од закани, напади, претепувања, неплаќање на трудот, на авторството, загроза на достоинствената живеачка, од економско- политичка зависност. Се разбира, тоа е процес кој не може да трае кратко, но мора да се почне, да се „отвори“ час поскоро, доколку ни се важни опстојот на демократијата, на слободата на мислата, промислата и зборот, на индивидуалното и колективното единство на различностите.
Што значи резолуцијата за Косово што ја донесе Европскиот парламент, а со која се повикуваат членките на ЕУ кои не го признале да го сторат тоа? Се разбира, за властите на Косово значи многу, многу и за неговите најголеми поддржувачи (и во земјите на ЕУ), но за „прозваните“ не значи ништо. А големо прашање е дали воопшто значи нешто и за неговата иднина- перспектива.
Всушност, Косово отсекогаш било, е и ќе биде пред се, а може да се рече и единствено европски проблем. Освен ако како „неевропски“ се третира геостратешкиот интерес на САД (реализиран преку НАТО). И тоа како дел од тн. Западен Балкан кој ЕУ не сакаше односно не сака да го интегрира, да го прими во „своите редови“, па до ден- денес си игра „дрн- дупка“ со поставување на се нови и нови, кој од кој поапсурдни и поступидни услови (драстичен „контра“ пример е Кипар). Косово и Западниот Балкан („топтан“) станува и допрва ќе стане голем- огромен проблем за Унијата, особено по политичката рецесија која неминовно ќе ја зафати како последица на економската. 
Учесниците- 16-мина претседатели и тројца специјални претставници, два дена дебатираа за енергијата и проширувањето на ЕУ, за Косово и за проблемот на Грција со името на Република Македонија.




