Subscribe

Ветото на Грција нејзин проблем

септември 13, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Ако Грција стави вето на приемот на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе ја прекрши Времената спогодба и со тоа ќе отвори простор земјава да ги прекине преговорите за името во Обединетите Нации. За разлика од министрите за одбрана и надворешни работи, кои изјавата за вето на Караманлис ја гледаат само како предизборен маркетинг, претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, е загрижен поради заканите од Атина.

(повеќе..)

Дали од Грција треба да зависи членството на Македонија во ЕУ и НАТО?

септември 08, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Односите со Скопје се коректни, но Грција ќе стави вето на македонскиот влез во НАТО и ЕУ, доколку северниот сосед не попушти во спорот за името. Оваа остра јавна порака ја испрати грчкиот премиер Костас Карамнлис во вчерашната дебата на лидерите на грчките политички партии, а во рамките на предизборната кампања.

„Скопје нема да влезе во ниту една меѓународна организација, вклучувајќи ги НАТО и Европска унија, доколку не се изнајде заеднички прифатливо решение. Грција нема да се откаже од ниту едно свое оружје за да ја постигне својата цел по ова прашање“, потенцира тој.

(повеќе..)

Од парадоксите на грчката економија

април 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Долги години економијата во соседна Грција ја следат парадоксални ситуации и процеси. Од една страна, како најразвиена земја- членка на ЕУ во регионот „се грижи“ за неговиот развој (читај: го остварува сопствениот интерес), инвестира, од друга внатрешната задолженост во некои области е загрижувачка (особено во „одбраната“ на личниот стандард), од трета афери, перење на пари…

(повеќе..)

Предвремени избори во Грција?

април 17, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

MИА пренесе дека грчкиот премиер Костас Карамaнлис ќе распише предвремени парламентарни избори во земјата, што би се одржале во текот на октомври, a како резултат на последниот скандал со перењето на пари во пензиските фондови во Грција. Ова го тврди атинскиот весник „То Вима“.

(повеќе..)