Subscribe

Полесно со Папандреу? Не, туку поразумно и порелаксирано.

октомври 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Воопшто не беше теко да се предвиди поразот на Караманлис и неговата „Нова демократија“ на штотуку завршените парламентарни избори во Грција. Тоа го предвидуваа не само истражувањата на јавното мислење, убедливото водство на рејтинг листите на довербата на гласачкото тело во партијата ПАСОК и нејзиниот лидер Јоргос Папандреу, туку пред се катастрофално лошата економско- социјална политика на внатрешен (во тие рамки и огромната корумпираност на владиниот кабинет), како и ригидната националистичка, а од сојузниците во ЕУ и НАТО видливо маргинализирана позиција на меѓународен план.

Меѓутоа, малкумина аналитичари и хроничари (помеѓу нив и мојата дребност) предвидоа дека овие избори ќе значат крај за политичката кариера на очигледно неспособниот, ограничен, лош, европски „нестандарден“ Караманлис (кого ниту членовите на неговата партија веќе не можеа да го поднесат).

(повеќе..)

Очекувани и логични вонредни избори

септември 03, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Вонредниоте избри во Данајската република (Грција) се логична последица или, можеби попрецизно речено, завршница на едно лошо, неуспешно, деструктивно владеење на конзервативната партија „Нова демократија“, а посебно на нејзиниот лидер и (до) сегашниот премиер Костас Караманлис. Пред се на внатрешен план, доведувајќи ја земјата до економски колапс, до политичка и социјална дестабилизација, но и на меѓународен- со маргинализација, па  и изолација еднакво поради „тврдиот“ став спрема проблемот со името на Република Македонија (блокирање на нејзиното членство во НАТО), дискриминацијата- непризнавањето на националните малцинства, пред се македонското, како и проблемите со Турција и Кипар.

(повеќе..)

Прашање на ден кога ќе падне Владата на Караманлис

јануари 24, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Што се случува кај нашиот јужен сосед? Се и сешто сведено на едно нешто: разнишана внатрешна безбедност, длабока социо- економска криза, протести, нереди, судири со полицијата, штрајкови, пораз на надворешната политика не само во однос на проблемот што го има со името на Република Македонија, несфатливи, дури непресметливи потези…

Се бројат деновите, можеби и часовите до поразот, конечниот пад на Владата која веќе предолго е на „стаклени нозе“. (повеќе..)

Се шири и засилува социјалниот бунт во Данајската република (Грција)

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

По неколкунеделните протести кои никако не стивнуваат, а камо ли да запрат, јасно е дека убиството на 15- годишниот тинејџер беше само „иницијална каписла“ за социјален бунт на граѓаните во јужниот сосед. Предводен од левичари, студенти и средношколци, по Нова година се очекува во него да се вклучат и работниците организирани од нивните синдикални организации, социјално загрозените, пензионерите… сите оние што во изминатите месеци (почнувајќи од 2007- ма) демонстрираа против актуелната конзервативна Влада на Караманлис. Тоа ќе значи и нејзина неодложна оставка и принудни предвремени парламентарни избори.

Навајата за реконструкција, и тоа на почетокот од наредната година (а дотогаш?), тешко дека ќе ја смири состојбата, а граѓаните ќе се вратат на нормалниот животен колосек. Актуелната Влада нема доверба кај нив, а постојано расте рејтингот на опозициониот ПАСОК. (повеќе..)

Антивладин и социјален бунт во Данајската република (Грција)

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Што се случува во Данајската република (Грција), во „лулката на демократијата“? Зарем е можно поради едно „несреќно“ убиство на тинејџер со денови и ноќи да се случуваат жестоки, протести, безредија, судири со полицијата, масовни апсења?

Нашиот јужен (не)добрососед е пред економски, социјален, политички, сеопшт колапс, а Г-нот Караманлис не ни помислува да поднесе оставка, односно да го прифати барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори. Очигледно дека ќе биде принуден. Само е прашање веќе не на ден, туку на час.

Уште поважно: зошто ЕУ- сојузниците на Атина (па и НАТО-вските) како ноеви ги пикнале главите в песок? Со кое право на кандидатите за членство во Унијата и Алијансата им поставуваат се нови и нови „бенџмаркови“ кога во своите „редови“ имаат ваков член?

(повеќе..)

Бавно будење на грчката свест и совест

ноември 02, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Одвреме- навреме слушаме и читаме како во Данајската република (за некои се уште Грција) некој ќе се „разбуди“, сфаќајќи ја суштината на апсурдноста односно ступидноста на барањето на неговата земја за промена на името на Република Македонија. Па го надминува стравот од можните последици, протестира, го крева гласот против таквата погубна политика на владејачките политички дилетанти и трабанти. Имајќи предвид и некои ретки „колективни будења“, тоа е знак дека полека, иако се уште бавно се менува нешто во менталниот склоп, во свеста, па и совеста на граѓаните на нашиот јужен недобрососед. (повеќе..)

Нови барања и предлози на Атина

септември 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Владата на Караманлис и тој лично очигледно ги издава трпението. Се повеќе станува јасно дека Атина ниту барала, ниту бара конструктивно решение на нејзиниот проблем во врска со името на нашата земја, туку нова географска одредница која всушност значи бришење на националниот идентитет на македонскиот народ. (повеќе..)

Продолжува данајството и разголувањето на Атина

јули 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

karamanlis_copy_copy_copy.jpgНаспроти најавите дека Караманлис „жестоко“ ќе одговори на писмото упатено до него од страна на македонскиот премиер Никола Груевски, тоа е толку „неподносливо лесно“ што е во голема мера и неочекувано. Со него Атина уште повеќе од досега се демаскира односно разголува пред светот, а најнапред пред своите сојузници.

Оваа „нова состојба“ Република Македонија треба да ја искористи максимално. Како голем и несоборлив аргумент дека „спорот“ за името на земјава е иреален и апсурден и оти всушност се работи за негирање и наци- фашистички обид за уништување на националниот идентитет на македонскиот народ. Следствено, преговорите се бесцелни и бесмислени, па треба веднаш да се прекинат.

А имајќи ги предвид исполнетите и критериумите што треба (мора) да се исполнат во утврдениот рок, членството на Република Македонија во НАТО и датумот за преговори за членство во ЕУ да им се остават на свеста и совеста на сојузниците на Атина.
(повеќе..)

Атина не ќе може уште долго да го негира реалниот билатерален проблем со наметнување на иреален

јули 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Што друго, освен и официјално отфрлање на барањето на македонската страна егејското прашање да биде дел од преговорите за името? Преговарачот Василакис за време на двочасовната средба со медијаторот Нимиц во Њујорк пренел дека не постои македонско прашање во Грција.

Дали треба пак да повторувам дека веќе на сите им е јасно, освен на „верните сојузници“, оти Атина не преговара за името на нашата држава, туку од петни жили се труди, се „бори“ да го смени националниот идентитет на македонскиот народ? И уште- дека не станува збор за егејското прашање како „дел“ од преговорите, туку за вистински и единствен билатерален проблем? (повеќе..)

Данајците продолжуваат да работат во корист на сопствената штета

јуни 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Во светските енциклопедии, историите на народите на светот и на Интернет може да се прочита многу за нашиот јужен сосед, од што го потенцирам следново:

Името Graeci на индоевропските племиња кои 2.000 години пред н.е. почнале да го населуваат јужниот дел од денешна Грција, им го дале Римјаните според името на племето Graikoi во Епир, со кое најнапред дошле во допир. Од друга страна, од 8-от век пр. н.е., Грците себе си се нарекувале Хелени, а својата земја Елада. Од средниот век се нарекувале Ромеи, а во најново време повторно го прифатија називот Хелени со кој се нагласува наводниот етнички континуитет, од античко доба до денес. Без никакво право затоа што, меѓу другото,  грчката култура, во сите фази на развојот, што се нарекува елинизам, ги прифатила и културите и јазиците на другите, негрчки јазици.

Впрочем, во поновата историографија се инсистира на тоа поимот „хеленизам“ да ги опфати историските и културните збиднувања што се надоврзуваат на „грчко- македонските“ продирања на исток под Александар Македонски и на создавањето на големата државна организација под негова власт. Значи, и да се прифати ваквиот став не може да стане збор за посебност наречена „хеленизам“ (повеќе..)

Македонија го троши времето или ја слабее одбраната на македонскиот идентитет

април 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Ништо ново во македонскиот Парламент: и седницата за самораспуштање на Собранието „преполна“ со (познати) опструкции на опозицијата, со користење на процедурални забелешки и паузи. Главно, процедуралните забелешки (над 70 на број) беа околу нов претседател на ДИК, иако според толкување на собраниските служби, според Изборниот законик, секогаш претседателот на ДИК го предлага опозицијата, а заменикот е од редовите на власта и тој има мандат од 5 години. Следствено, нема одредени аргументи во законот што би се случило доколку има предвремени избори.

(повеќе..)

Најнови случувања врзани со „победата“ на Грција над Р. Македонија и решавањето на нејзиниот проблем

април 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Очигледно, на многумина не им е пријатна „победата“, всушност националистичкото самоубиство на Грција со ветото за прием на Република Македонија во НАТО. Помеѓу нив е и генералниот секретар Јап де Хоп Шефер, кого „сон не го фаќа“, „жив срам го јаде“, па најде за „сходно“ да му се јави и по телефон на Бранко Црвенковски.

(повеќе..)

Грција се удави во сопственото националистичко мочуриште

април 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Дали погрешив во кусиот коментар односно прогноза на крајот од прилогот со кој го најавив почетокот на самитот на НАТО во Букурешт (пред два дена)- дека Грција нема да издржи и ќе го премолчи односно изгласа приемот на Македонија во алијансата? И оти, доколку ја оствари заканата за вето, тоа ќе значи нејзино комплетно „разголување“, па на премиерот Караманлис, министерката Бакојани и останатите веројатно ќе им се случи да бидат…?

(повеќе..)

Денеска започна самитот на НАТО во Букурешт

април 02, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Букурешт е подготвен за самитот. Отворањето ќе го означи традиционалната изложба на НАТО и самитот на владите од земјите членки и партнери на алијансата. Потоа ќе следува обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер, а за денеска е најавено и пристигнувањето на американскиот претседател Џорџ Буш од Украина и на рускиот претседател во оставка Владимир Путин.

(повеќе..)

Со силата на аргументи, а не со аргументи на силата

март 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму тоа, не за да се „потсети“ на одамна осознаената и развивана- практицирана суштина на демократијата, туку како дециден став и порака треба државниот врв на Република Македонија да му го испрати на светот, пред се на Грција. Затоа што е очигледно дека свесно, намерно се заборава, се напушта- исклучува, не „соодветствува“ на денешната стварност.

(повеќе..)