Subscribe

Стабилна или авторитетна Влада

март 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

(Прилог на Љупчо Димитровски објавен во „Дневен е-Еснаф“, 17.07.2006

Како и неколкумина други колумнисти – интелектуалци, уште пред стартот на предизборната кампања со многу аргументи парламентарните избори (2006-та) однапред ги оценив како нефер и недемократски. Дека тие ќе бидат „далеку“ од „скандинавски“, како што најавуваше премиерот Бучковскии, со каква што оценка се обиде да го амортизира сопствениот, поразот на неговата партија и коалицијата што ја предводеше.

(повеќе..)

Очекувано- без изненадувања

ноември 27, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Оние што ги познаваат политичките состојби во Хрватска и распоредот на политичките сили, воопшто не се изненадени од мошне тесната победа на владејачката ХДЗ над СДП. Пред се, затоа што поразениот во изминатиот меѓуизборен период знаеше како да се однесува конструктивно, што ќе рече „европски“ како опозиционер, за разлика од, на пример, македонските социјалдемократи.

(повеќе..)

Смена на власта на Косово

ноември 20, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Лидерот на Демократска партија на Косово Хашим Тачи прогласи победа на косовските парламентарни избори. Во обраќањето до граѓаните тој рече дека за Косово почнува нова ера:

„Му покажавме на светот дека сме демократско општество и сме подготвени да одиме напред, како земја на слободата, демократијата и независноста“.

(повеќе..)

Дали од Грција треба да зависи членството на Македонија во ЕУ и НАТО?

септември 08, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Односите со Скопје се коректни, но Грција ќе стави вето на македонскиот влез во НАТО и ЕУ, доколку северниот сосед не попушти во спорот за името. Оваа остра јавна порака ја испрати грчкиот премиер Костас Карамнлис во вчерашната дебата на лидерите на грчките политички партии, а во рамките на предизборната кампања.

„Скопје нема да влезе во ниту една меѓународна организација, вклучувајќи ги НАТО и Европска унија, доколку не се изнајде заеднички прифатливо решение. Грција нема да се откаже од ниту едно свое оружје за да ја постигне својата цел по ова прашање“, потенцира тој.

(повеќе..)

Светскиот печат за победата на Саркози

мај 10, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Николас Саркози победата на претседателските избори ја стави под знак на политичко отворање. Сега му претстои да состави Влада, да и даде нов знак на Европа, да ги подготви парламентарните избори во јуни, пишува електронското издание на весникот „Монд“.

(повеќе..)