Subscribe

На македонскиот политички „фронт“ ништо ново

март 13, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Опозицијата ќе се врати во Парламентот (очекувано), во меѓувреме СДСМ најавува формирање на Влада во сенка, што ќе биде нејзин голем адут на претстојните предвремени парламентарни избори (предвидов); конгреси одржаа ВМРО- ДПМНЕ (со воздржавни и прилично „општи“ пораки) и ЛДП (со мошне забавни „поенти“); „брат Љубе“ и Селмани се шетаат низ селата во Македонија (а „И јас сум А1“ редовно и ревносно ги следат, но не како платен политички маркетинг); се формира „Демократска десница“; квазианалитичарите и прогонозерите „уткаџии“ најавија конечно заминување на Црвенковски од челната позиција на СДСМ (како не им текнвуа дека челната позиција е многу посилна од сенка?!), а албанските опозициони партии бараат нови изборни граници.

Да, најзначајното нешто поврзано со претстојните избори ќе биде средбата во четири очи помеѓу Груевски и Црвенковски, овие денови, а на иницијатива на премиерот. (Црвенковски се пожали дека му била „прочитана“ и „украдена“ идејата за неа- тврди дека го прислушкуваат).

(повеќе..)

Ако не е се исто, се е ептен слично

јануари 25, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Власта и лично премиерот Никола Груевски „јасно и гласно“ кажаа дека не планираат предвремени парламентарни избори, ама „превејаните“ политичари од македонската политичка опозиција (како Тито Петковски и нему сличните) се „сигурни“ дека ќе има, но не се плашат бидејќи нивните партии се подготвени и ако се организираат „деновиве“. Својата „сигурност“  ја темелат на „засилената активност“ на теренот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а истата на опозицијата- пред се на СДСМ е „нормална работа со членството“ (демек е „ненормална“ за противникот кој „мора да падне“).

А всушност се работи само за едно „нешто“: на „раздрнданата“ опозиција и е „совршено јасно“ дека помина времето кога народот беше можно да се „обработи“ (читај: придобие) само за време на предиозборна кампања, сосе вообичаениот нејзин предвремен „неформален“ период. Особено ако се има предвид нејзината (пре)длабока „однароденост“.

Оние што во континуитет ги следат изборите во Македонија, од првите до последните предвремени парламентарни и досегашните локални (помеѓу нив и мојата дребност), забележуваат дека почнува да се случува токму како што е потенцирано со насловот: ако не е се исто, се е ептен слично. Уште една од многуте потврди за тоа е прилогов под наслов „Затишје пред бура или ‘чаша култура’“, објавен на 12.05. 2006. година, а кој се однесува на еден мошне важен, еден од  (нај)приоритетните „сегменти“ на секоја програма со која се сака да се освои власта. Без оглед дали се вика „Решенија“ или „Преродбата продолжува“.

(повеќе..)

Важна победа на и за Република Македонија

март 23, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Оценката за организацијата на првиот круг од парламентарните и локалните избори, пред се на ОДИХР во прелиминарниот извештај- дека се исполнети повеќето од меѓународните стандарди за демократски избори, е мошне значајна за Република Македонија, но не е и неочекувана. Притоа, да повторам, воопшто не се работи за „испит на зрелоста“, како што ги означија некои медиуми и политичари (не ни помислувајќи дека со тоа својата држава ја ставаат во понижувачка, „незрела“ позиција; како досега да сме ја учеле демократијата оти не сме ја знаеле, па сега „испитна комисија“ ќе ни го проверува наученото), а тенденциозно и некои бриселски полит- бирократи, туку за нужност од потврда на демократските вредности и капацитети на македонското општество воопшто, на граѓаните на Македонија, власта и политичкиот естаблишмент.

Сите досегашни организирани избори, од осамостојувањето на Република Македонија, беа нерегуларни, нефер и недемократски, иако особено политичките партии на власт, како најодговорни, секогаш најавуваа и ветуваа дека ќе бидат такви (еден екс премиер ги назначи „скандинавски“). Со инциденти, нереди, употреба на огнено оружје, дури ранувања и убиства, незаконско гласање- семејно, полнење на гласачки кутии итн. Не затоа што Република била демократски „незрела“, туку единствено поради сметките и пресметките на партиите и нивните елити и во позицијата и во опозицијата, кои гласачкото тело го сметаа за „тесто за месење“. Веројатно и овојпат ќе имаше нешто од тоа доколку меѓународниот фактор, пред се „главната дипломатија“ во земјава (предводена од ЕУ и САД), не ги презеде работите во свои раце, во оној дел што не зависи од власта и нејзините законски обврски. Ги „притегна“ партиите, нивните лидери, не им даде ниту да „здивнат“, а камо ли да помислат да  „мрднат“ од вообичаените демократски изборни стандарди. (повеќе..)

Катастрофален пораз на СДСМ во првиот круг!

март 23, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар 3 Comments →

Сосема е разбирлива лошата глума на „весело расположение“ на раководството на СДСМ, но не и немањето на претходни подготовки (пред огледало, на имрповизирана сцена…). Затоа што резултатите од првиот круг на претседателските и локалните избори- 2009 -та можеа лесно да се предвидат. Па и дека за оваа партија и македонската опозиција воопшто ќе бидат катастрофални подготовки (пред огледало, на имрповизирана сцена…).

Меѓутоа, зачудува несериозноста и наивноста при првичните анализи, без оглед што „пресовите“ по завршувањето на гласањето се секогаш „за народ“, а „отрезнувањето“ доаѓа ден- два подоцна, односно по објавувањето на конечните резултати од страна на ДИК.

Очигледно, опозицијата, а пред се СДСМ е во агонија. Некои можеби со право констатираат и „клиничка смрт“. Големо прашање е дали во скоро време ќе се најде некој, макар бил и „папа“, што ќе ја врати „меѓу живите“ и ќе почне да ја „заживува“ на македонската политичка сцена.

Еден мој текст на овој блог, посветен токму на кризата на СДСМ односно опозиција по поразот на вонредните парламентарни избори-2008- ма, го насловив „Или чистка ил и бришка“. „Чистката“ не е ниту почната, не се знае ни дали, ни кога ќе почне, а „бришката“, за жал, продолжува со забрзано темпо.

(повеќе..)

Модерен лидер: храбар и/ или харизматичен

февруари 22, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Резултатите што како занимливост ги презентираа сите големи и мали медиуми во светот (освен оние на кои не им се допаднале) наметнуваат една од „вечните теми“ (доколку се согласуваме дека постојат такви во животот и дејствувањето); се поактуелна во ова наше пресвртно време, кое со глобалната економска криза најавува нова страница во развојот на човековата цивилизација: политички лидер.

Се разбира, природата и целта на овој блог наметнува пред се просторно ограничување за, на пример, да можам да понудам потемелен есеј. Но затоа „конкретноста“ ми овозможува да пренесам некои компетентни промисли, а помеѓу нив и мои домисли кои ќе ги „доработам“ во некое поглавје од мојот креативен ракопис (рубрика на порталот „Паноптикум“).

(повеќе..)

Регуларни избори сигурно, ама фер и демократски…

февруари 05, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Белким во изминатите години и децении научивме што се регуларни, што фер, а што демократски избори. Тоа што „меѓунаордниот фактор“ постојано инсистира на нив не е поради наше незнаење што е што, туку затоа што сите досегашни не ни беа такви- целосно или делумно сеедно.

Па сепак, нешто како се уште да не им е јасно на некои учесници на нив, пред се од оние што се нудат за избор: дека за регуларноста е задолжена и одоговорна исклучиво власта како организатор, па таа е должна да ги преземе и спроведе сите законски мерки, со користење на се што и стои на располагање (за обезбедување на гласачките места од инциденти, физички и оружени напади, заплашувања на гласачи, до спречување на семејно гласање, полнење или кршење на гласачки кутии); а обврската и одговорноста за фер и демократски избори е подеднаква, на сите актери во нив, пред се на партиите- нивните кандидати, па и на независните; и тоа строго почитувајќи ги и спроведувајќи ги одредбите од Изборниот законик.

Претседателските и локалните избори идниот месец сигурно ќе бидат едни од најрегуларните досега (никогаш не може да се гарантира 100% регуларност), бијдеќи се преземаат и ќе се преземат сите неопходни безбедносни мерки. Што се однесува на фер и демократски…

Уште сега се предупредува на „дупките“ во Изборниот законик. Се разбира, нема ниту закон ниту законик без „дупки“. Секој може да се спроведе како таков (без „дупките“) само доколку тие не се (зло)употребат.

А предупредувањето на нив како да е најава токму на тоа: иницијали, симболи, број на потписи, сметки со или без ДДВ… се само дел од веќе „актуализираните“ пред Државната изборна комисија. Да потсетам, новиот Изборен законик е донесен со согланост на сите поголеми политички партии.

Наместо „редење“ на „дупките“ (со кои некои веќе се соочија и не успеаја или со судни маки успеаја да ги „прескокнат“), во продолжение го нудам мојот прилог под наслов „Нефер и нерегуларни избори“, објавен на 24.05.2006- та година, кој се однесува на тогашните парламентрни избори (05.07.), но има и „универзални димензии“. (повеќе..)

Бизнис и политика- политика и бизнис

јануари 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Пред парламентарните избори во 2006- та година во електронскиот дневен весник „Дневен е-Еснаф“ објавив серија на прилози кои на директен или индиректен начин беа посветени на предизборниот процес и значењето на тие избори за натамошниот развој на демократијата во Република Македонија.

Едно од суштинските прашања што ги поставив и се обидов да дадам иницијална, поттикнувачка промисла, беше релацијата бизнис- политика, нивната поврзаност и меѓузависност.

Прилогот што го нудам на (пре)прочит беше објавен на 12.05. 2006-та, под наслов „Бизнис и политика? Не! Политика (избори) и бизнис. (повеќе..)

Со политичари за живот, а не за живуркање

декември 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

2009- та година во Република Македонија ќе биде, меѓу другото, изборна. Во март ќе се одржат претседателски и локални избори. Партиите од позицијата и опозицијата се веќе подготвени (вниманието како да е концетрирано само на локалните), а неофицијално ја започнаа и предизборната кампања (ги почнаа „прошетките“ помеѓу граѓаните и селаните). Веќе излегуваат и со своите кандидати за градоначалници (внимателно и „стратешки“), а претседателските како да ги чуваат за „во последен момент“. Со какви ветувања ќе не „изненадат“?

На неколку дена пред почетокот на парламентарните избори во 2006- та година (30.05.) во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ (веќе не излегува) го објавив текстот под наслов „Политичари за живот и живуркање“. Ви го нудам на (пре)прочит без никакви преправки- адаптации за навреме да се подготвите, за да не бидете „начекани“ од оние што одново (по којзнае пат) сосе новите (партиски сили) ќе ви излезат „пред очи“. (повеќе..)

Треба ли да не учат како да гласаме?

август 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Конечниот извештај на ОБСЕ/ ОДИХР за предвремените парламентарни избори ми даде добар повод за повторно објавување на еден мој текст од 11.05.2007-ма година под горниот наслов. Се разбира, поводот е „поширок“ и многу „подолготраен“ (од „вчера“ до којзнае кое „утре“).

(повеќе..)

Очекуван негативен извештај на ОДИХР за изборите

август 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Со 40 регистрирани вооружени напади врз партиски седишта, активисти, ранувања на лица и киднапирање на полицајци, како и замешаноста на високи полициски функционериво инцидентите, како заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази, набљудувачката мисија на ОДИХР оценува дека изборите на 1-ви јуни биле под нивото од претходните избори во 2006- та година.

(повеќе..)

Колку му „дотежи“ на Груевски новиот „скор“ помеѓу ДУИ и ДПА?

јули 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Предвремените парламентарни избори генерално поминаа во мирна и демократска атмосфера, иако на некои места се прегласуваше и по 2 пати, оцени Државната изборна комисија.

„На овие две прегласувања, на коишто имаше поправен испит, граѓаните на Република Македонија покажаа и докажаа дека можат, и ДИК и граѓаните и општинските изборни комисии и избирачките одбори, во Република Македонија да спроведат мирни, фер и демократски избори“, изјави Јован Јосифовски, претседател на ДИК.

(повеќе..)

Можни ли се фер и демократски избори во Македонија? Не!

мај 29, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Моето децидно „Не!“ на поставеното прашање најверојатно многумина ги изненадува, па и фрапира, или во најмала рака го сметаат за несериозно.

Како тоа да не се можни? Зарем не мора да бидат фер и демократски? Зарем „меѓународната“ ќе дозволи да не бидат?

Мора да се победи. По секоја цена! А која е цената?

(повеќе..)

Утре ќе биде подобро? Без денес?

мај 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Континуитетот на животот утврден и одамна покажан и докажан со нераскинливата врска помеѓу вчера, денес и утре го негираат оние на кои им  се дозволува (им се може) да им ја кројат судбината на други. А кога се во прашање тие самите- нивниот континуитет, нивното опостојување, коренување, нивниот идентитет, не дозволуваат за тоа ниту да се помислува, а камо ли да се ртасправа или нешто презема.

Пред се на таквите секогаш им се обраќам со овој прилог, објавен во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ (веќе „изгаснат“) на 29.06.2006. година. Поврзувањето со екот на предизборната кампања нема големо значење, не ја безвреди неговата „универзалност“.

(повеќе..)

Реална опасност на изборите: „касапаана“

април 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Предупредувањето- најавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, при донесувањето на одлуката за предвремените парламентарни избори во Македонија и самораспуштањето на Парламентот- дека на изборите ќе се случи „касапаана“, се реална, загрижувачка опасност за стабилноста и перспективата на Република Македонија.

(повеќе..)

Медиокритети

април 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Што е тоа медиокритет? Дали за „современиот“ е доволно основното толкување на овој поим: осредност, осредна состојба, осредна способност, дело со осредна вредност, но и човек со осредна умна способност и вредност? Се разбира, тоа е суштинското, но во наши состојби и услови…

(повеќе..)