Subscribe

Од што и/или од кого треба да се плаши Груевски

јуни 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Пред да се обидам да одговорам на од ден на ден се поактуелното прашање за предизвиците што се повеќе и се натрупуваат на актуелната македонска Влада, а пред се на премиерот и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски, укажувам на одамна познатата (докажана) вистина: секој предизвик, независно од големината и тежината, раѓа страв, но многу повеќе желба, енергија, па и храброст за соочување, совладување, „борба до конечна победа. Треба да се биде внимателен особено при пресметувањето на ризикот, имајќи ги предвид пред се времето и просторот во кои тој се јавува или опстојува.

Најголемиот предизвик за денешниот, модерниот политичар (и на секој што има важна улога во едно општество), а од кој најмногу се стравува, е личната одговорност.

(повеќе..)

Што туку си се залауфала опозицијо?

април 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Очигледно е дека актуелната опозицијa (пред се СДСМ) од ден на ден зема се поголем „замав“ во својата „конструктивна“ активност, едновремено обидувајќи се да се соземе од претрпениот шок поради катастрофалните порази на претседателските и локалните избори (да се престрои во од). Дури не води сметка дека е едноставно неможно, „неприродно“ да се смени власта,  да се преврти расположението на граѓаните кон неа за само месец- два. (повеќе..)

Отворени многу „нови страници“ на и за Македонија

април 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Моите проценки и прогнози (не само мои) се остварија во целост:

Проф. Д-р Ѓорге Иванов е новиот претседател на Република Македонија (дури го „кандидирав“ пред самиот да помисли на тоа), со беспрекорно чиста и апсолутна победа (без нерегуларности, особено полнење на гласачки кутии, како што беше „случај“ со изборот на претходните двајца претседатели); ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи- „За подобра Македонија“ освои досега најмногу градоначалнички позиции во „избирачката историја“ на земјава (прогнозирав горе- долу точна бројка); одличен резултат на локалните избори постигна ДУИ (коалиционен партнер во власта); а секако најголема победа извојуваа (не е никаква фраза) граѓаните на Република Македонија.

За важноста на „новите страници“ еднакво значење има она што го констатирав уште по првиот круг на избори, а го прогнозирав и се оствари како конечно: катастрофален пораз на опозицијата, пред се на СДСМ. За оваа партија веќе нема време за „чистка“. „Бришка“ е неминовна, а од нејзината „пепел“ треба да се „(из)роди“ нова, која ќе нема никаква врска со поблиското и подалечното „црно“ партиско минато, а ќе се темели на „изворната“ лева, социјал- демократска идеологија (основни принципи или идеали: слобода, еднаквост и социјална правда, солидарност).

(повеќе..)

Катастрофален пораз на СДСМ во првиот круг!

март 23, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар 3 Comments →

Сосема е разбирлива лошата глума на „весело расположение“ на раководството на СДСМ, но не и немањето на претходни подготовки (пред огледало, на имрповизирана сцена…). Затоа што резултатите од првиот круг на претседателските и локалните избори- 2009 -та можеа лесно да се предвидат. Па и дека за оваа партија и македонската опозиција воопшто ќе бидат катастрофални подготовки (пред огледало, на имрповизирана сцена…).

Меѓутоа, зачудува несериозноста и наивноста при првичните анализи, без оглед што „пресовите“ по завршувањето на гласањето се секогаш „за народ“, а „отрезнувањето“ доаѓа ден- два подоцна, односно по објавувањето на конечните резултати од страна на ДИК.

Очигледно, опозицијата, а пред се СДСМ е во агонија. Некои можеби со право констатираат и „клиничка смрт“. Големо прашање е дали во скоро време ќе се најде некој, макар бил и „папа“, што ќе ја врати „меѓу живите“ и ќе почне да ја „заживува“ на македонската политичка сцена.

Еден мој текст на овој блог, посветен токму на кризата на СДСМ односно опозиција по поразот на вонредните парламентарни избори-2008- ма, го насловив „Или чистка ил и бришка“. „Чистката“ не е ниту почната, не се знае ни дали, ни кога ќе почне, а „бришката“, за жал, продолжува со забрзано темпо.

(повеќе..)

Во Македонија „политичка пролет“ среде зима!

јануари 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Во најава на два настана е констатирана „политичка пролет“, но со сомнежи дека таа не е можна среде зима.  И двата се однесуваат на претстојните претседателски и локални избори, а „симболиката“ е всушност оптимизам дека предизборната клима гарантира оти (конечно) во Република Македонија ќе  бидат организирани регуларни, фер и демократски избори, но и стравување или сомнеж дека е тоа така, па и најава дека ќе се случат некои „репризи“. (повеќе..)

Уште една недоветност на СДСМ

јануари 13, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

За жал, уште еднаш, по којзнае кој пат, мора да се констатира дека СДСМ, партијата која во изминатиот период, од осамостојвуањето на Република Македонија до денес, беше најмногу години на власт, а во опозиција беше (веќе не е) главен фактор во политичките битки, пресметки и премрежија, е во длабока кал од која не може уште долго да излезе. Затоа што очигледно нема сили, а од ден на ден станува се понемоќна, за чекорење кон цврсто тло, излегување од неа и чистење односно прочистување.

Се чини дека најголем проблем на партијата, непосредно поврзан со кадровскиот потенцијал, е умисленоста дека е се уште „важна“, дека има една од носечките улоги на македонската политичка сцена, а што е резултат на долгогодишното „негување“ на ароганција, „државотворност“, политички игри, итроштини, манипулации…

(повеќе..)

Независно судство за демократска правна Македонија

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Не треба многу стручност, ниту „општо“ знаење за функционална и ефикасна држава за да се одговори на „најпрвото од првите“ прашања: што е тоа независно судство? Дека е тоа значаен, еден од најважните елементи на современ уставно- правен систем, на поделбата- рамнотежата на власта и демократска правна држава.

Има еден познат филозоф кој мошне често се цитира кога се промислува независноста на судството. Се вика Густав Радбрух, а рекол: „Судсиската независност е насушен леб, вода за пиење, воздух за дишење, на секој суд, право и правда, кој се наоѓа под сводот на владењето на правото и правната држава и затоа прашањето на независноста на судијата не е само правно прашање, тоа е прашање на општата култура на една заедница“.

Независноста на судството најмногу е загрозено од политиката , поточно од политичарите. Не од политичките партии, туку од нивните „врхушки“. Кога тоа ќе се ослободи неа, политиката „како таква“ (борба за власт која најнапред подразбира привилегии, кариеризам, позиција на владење „со“, а не „за“…) ќе стане неинтересна, непривлечна, а единствено одговорна, чиста (неизвалкана) и прогресивна.

(повеќе..)

Продолжува агонијата на СДСМ

септември 01, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Многу нешта- прашања и дилеми од минатото и сегашноста, остануваат отворени и натаму кога станува збор за „најголемата“ македонска опозициона партија СДСМ (во наводници бидејќи веќе не е најголема според значењето, влијанието и позицијата на која се наоѓа- на дното од политичкото…мочуриште или езеро изберете сами; а е прашање дали и според бројот на нејзините членови). Помеѓу нив е секако ненаученото (можеби е поверојатно неприфатено) од „абуката“ на партиското организирање (од формирање до работа- акција на теренот и победа на избори): дека партија без лидер не бидува, а на лидерот и ако „изгуби“ партија нема да му биде тешко пак да формира нова или, пак, да преземе друга, постојна).

(повеќе..)

Кој прави спектакли од приведувања?

јули 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Можеби е подобро и пооправдано да се постави прашањето: кому му требаат спектакли?

Ако новата коалциона Влада на Груевски, мнозинството во Парламентот и самиот премиер мислеа и мислат дека „сега е полесно“, откако катастрофално ја поразија опозицијата на предвремените парламентарни избори (пред се СДСМ), тогаш се нереални, наивни и незрели за (рако)водење со државата и за „политичарење“.

Првата „предупреда“ беше- е одбивањето на ДПА да влезе во Парламентот со своите новоизбрани пратеници, а како да се нема доволно волја, време и сили тоа да се надмине. Втората, пак, беше мошне лесно да се предвиди: последиците од прифаќањето на ДУИ како коалиционен партнер (неизбежно?). Очигледно, тие две постизборни „непријатни карти“ Груевски не ги дочека и „надигра“ со потребната вештина и мудрост. (повеќе..)

Неуспешна глума

јуни 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Во една партија која досега се залагала и се залага за одговорност, лична пред се (СДСМ постојано го истакнува тоа како еден од своите главни принципи), оставката на лидерката Радмила Шеќеринска е логична и очекувана по катастрофалниот пораз на изборите на 1-ви јуни.
(повеќе..)

Нема рејтинг со кратко паметење

април 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Очигледно, за жал, СДСМ во својот „најнов“ кус, само 2-годишен опозоционерски стаж ниту тоа не го научи или, пак, не сака да го разбере. Веројатно сметајќи дека така полесно ќе „мине“. Особено кога со свои оценки им противречи на сите, на меѓународниот „фактор“, па дури си противречи и на самата себе си.

(повеќе..)