Втор круг на претседателски избори: интеграцијата во ЕУ и НАТО не е „добитна комбинација“, туку авторитетот и моралниот кредибилитет на личноста


Тоа не го покажа само првиот изборен круг од годинашниве избори, туку е покажано и докажано многу одамна. Затоа не е јасно како е можно Љубомир Фрчковски и „неговите“ СДСМ и НСДП да оценуваат и проценуваат толку политички незрело, инфантилно, „неписмено“, па и недоветно. Дури тоа се потрудија и да го потврдат со своите изјави и пораки до гласачкото тело за негова определба во вториот круг.
Меѓутоа, пред да се обидам да навлезам малку „подлабоко“ во тој несфатлив став (особено ако се има предвид дека се работи за еден професор, интелектуалец, „превеан“ политичар и партија- СДСМ- која токму евро- алтантската интеграција на Република Македонија ја „дотуркала“ до неповратна позиција), ќе се обидам аргументирано да разоткријам една шпекулација која е пласирана од опозиционата медиумско- полиичка „кујна“: тивок бојкот на вториот круг како дел од однапред детално осмислено и вешто скриено сценарио. (повеќе..)


Дали сте „за“ или „против“ нуклеарните централи?- е прашање кое постојано се поставува, се проверува во секоја земја штом ќе се спомне нејзина- нивна (можна) изградба. Одговорите се одамна познати: „за“ се главно енергетичарите кои ги потенцираат позитивните страни, а пред се производството на евтина електрична енергија, а „против“ најчесто еколозоите, но не само тие, поради нуклеарниот отпад кој претставува придружен и постојан проблем, но и од можните хаварии со катастрофални последици. Треба да се има предвид и укажувањето дека нивната изградба е многу скапа.
Некои македонски „водечки“ надворешно- политички коментатори, па и политичари, би морале при правењето на нивните сочиненија (текстови кои не можат да се сместат во кој било ноинарски жанр) да имаат пред себе си барем речник на странски зборови и изрази и/или општа енциклопедија. За да не се срамотат јавно, дури и кога пренесуваат- толкуваат- анализираат.
Се разбира, не мислам дека сум првиот, но знам дека сум еден од ретките кај нас и во светот кој со многу аргументи предвиде- предвидува скорешно распаѓање на ЕУ. Тие, арументите, од ден на ден се множат се повеќе, што ми дава за право да се корегирам во однос на времето: веројатно ќе биде „премногу“ брзо (во однос нa „прилагодувањето“ на оние во неа и оние надвор од неа). Всушност, може да се каже дека процесот е веќе интензивен, а „враќањето“ станува се потешко, дури невозможно.
Деновиве, секој ден, на јавниот сервис МРТВ со куси „рефренски спотови“ се најавува ново издание на Скопскиот музички фестивал, односно изборот на песна со која Република Македонија по којзнае кој пат ќе учествува на музичкиот европски фестивал „Евровизија“. Иако не сум стручњак (каква стручност за забавна односно лесна музика?), верувам дека со многумина го споделувам ставот оти овојпат понудата е навистина бедна, дури срамна. Сосе „круната на бедата и срамот“ – она „Рум-дум-дум“ со нашата „дива“ Калиопи и дебилната поза и фаца на Наум Петрески. Немојте ни случајно да не гласате за нив, бидејќи Калиопи „предупреди“ оти и дава последна шанса на Македонија да ја испрати на „Евросонг“ (!).
Не знам зошто градоначалникот на Софија Бојко Борисов е моментно најпопуларен политичар во Бугарија (си знаат Бугарите), ама знам дека воопшто не е оригинален или „свеж“ кога се работи за неговите погледи и ставови спрема Македонија. Без оглед што тоа самиот го признава. И знам дека таквите политичари не се и не можат да бидат ниту „маалски“, а камо ли „европски“.
И не само здодевни, туку се и небулозни, а најмногу смешни (како циркуски кловнови). На нивните пријатели во ЕУ и НАТО одамна им е јасно дека она што го бараат, на што инсистираат за Република Македонија- таа да се преименува себе си на „обострано задоволство“, е крајно ступидно, нема врска со„државничка“ и каква било друга логика. Тие посредно, „срамежливо“ веќе им укажуваат дека одамна преминале секоја „нормална“ (добро)соседска граница и треба малку да „ретерираат“ односно „да се смират“.
Србија забрзано чекори кон членство во ЕУ. Многу е веројатно дека таа ќе биде следната земја по Хрватска која ќе биде примена, но нема да претставува никакво изненадување ако и двете бидат примени во „пакет“, можеби заедно со Албанија и/или Црна Гора.

Приемот на нови членки во ЕУ станува се потежок, посложен и понеизвесен. Особено за оние кои веќе забрзано „чекорат“ кон неа или се на нејзиниот праг. Тоа не е ништо друго, освен одбрана на интересите на одделни членки или групи односно кругови, пред се на најсилните, на „елитата“, освен страв од „разводнување“ на европската заедница, но пред се веќе согледаната немоќ и неспособност на прескапата, гломазна администрација во Брисел да ги координира и реализира заедничките интереси.
По изминувањето на рокот кој Владата во Софија го имаше за да покаже конкретни резултати во борбара против корупцијата и организираниот криминал, ЕУ одлучи на Бугарија да и укине 220 милиони евра помош од претпристапните фондови на чие користење има право до 2013- та година, до кога би требало од Брисел да добие вкупно 11 милијарди евра помош.
Најнапред, не како оградување или лична „одбрана“, туку само како почит кон авторството:





