ИПАРД- фондовитe на ЕУ и во Македонија
Станува збор за предпристапна програма на Европската унија, а нејзин составен дел е ИПА (Инструмент на претпристапна помош, на англ. Instrument for Preaccession Assistance) , односно нејзинара 5- та компонента- Рурален развој. Тоа се неповратни средства за поддршка на земјоделството и сточарството во вкупен износ од 60,7 милиони евра, а кои ќе се користат до 2011- та година.
Програмата и мерките за апликации за нивно користење ќе бидат објавен идниот месец. На првиот оглас ќе се аплицира за 40 милиони евра. (повеќе..)

Македонската опозиција и нејзините медиумски трабанти ја добија можеби најголемата шлаканица во сето досегашно опозиционерско дејствување. И тоа „најголемиот дел“ од неа не од позицијата- партиите на власт (не само ВМРО- ДПМНЕ), туку од „меѓународниот фактор“, поточно од Европската комисија. Иако од петни жили се трудеа, како досега, нејзините членови да ги „онерасположат“, па да напишат „избалансиран извештај за Македонија со многу повеќе забелешки отколку пофалби“ и да не дадат препорака за определување на датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, со „горчина в уста“ мораа да констатираат дека препораката е „сепак добиена“. Ама…
Ништо ново во разговорите и преговорите околу спорењето (не станува збор за спор, ниту за билатерален проблем) на Данајската република (Грција) на името на нашата држава. Оптимизмот на Метју Нимиц по најновата рунда разговори (околу проблемите што ги „оптоваруваат“ преговорите) е сигурно одново разнишан, ако не и „збришан“ по повторениот став на Груевски за двојна формула како „природна позиција на Македонија“, а особено по денешната закана на Бакојани дека нејзината земја ќе продолжи да ја блокира евро- атлантската интеграција на Република Македонија се до изнаоѓање, односно „прифаќање на сложено име со јасна географска одредница за севкупна употреба“.
Токму така: „меѓународната“, односно ЕУ, НАТО и САД знаат или во меѓувреме дознаа дека не станува збор за промена на името на Република Македонија (одамна е јасно дека не се бара промена на уставното име), туку на идентитетот на македонскиот народот во сета негова комплексност (не и малцинствата или „немнозинските заедници“). Тоа е причината за разочарувањето и скептицизмот дека ќе нема брзо, скорешно решение на спорењето на името „Македонија“ од страна на Данајската република (Грција), а не на „спорот“. Па и на нервозата (пред се на пријателите и сојузниците на Атина, а особено на оние во ЕУ) и се поострите критички „стрели“ кон македонскиот државен врв поради негова „нефлексибилност“.
Сериозноста и зрелоста на еден политичар, а особено на лидер на голема партија најмногу се „чита“ во ветувањето односно ветувањата. Се разбира, мислам пред се на предизборното/ предизборните, но и на она што е „тековно“. Макар што на вториве, барем досега, никому не му текнувало (додека „мандатирале“ позиционерски или опозиционерски).
Патем, нужно е, и за нас и за меѓународниот фактор, да се „расчисти“ следнава „валканица“ на Атина: таа нема „спор“ за името на својот северен сосед, туку „го спори“ неговото постоење со уставното име (не со 
Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер.
Јакнењето на стратешкото партнерство помеѓу САД и Турција, повлекувањето на американските трупи од Ирак, состојбата во Авганистан и новите настани на Блискиот исток, како и односите на Турција со Ерменија, се главните теми на средбите на американскиот претседател со турските челници. Главна негова заложба е да се искористи нејзиното растечко влијание во регионот и исламскиот свет. 






