Блокадата на Грција во Советот на Европа- Република Македонија да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, не е за краткорочна, туку за долгорочна „употреба“.
И годинава, можеби и во наредните неколку, на јужниот сосед воопшто не му е од интерес да го надмине проблемот што си го создаде. Ниту со помош на сојузниците во ЕУ и НАТО, ниту со посредство на ОН, а најмалку, пак, да си дозволи помош од Република Македонија.
Едно поради економската „катаклизма“ што и се случи и допрва ќе и се случува, друго поради внатрешен национален консензус (опасно е во севкупната мошне напната економско-социјална и политичка ситуација да се гази преку „црвената линија“), а трето, можеби најважно, е оти на меѓународен план на Грција и претстојат многу покрупни проблеми кои веќе не ќе можат да се ставаат „под“ ќилим- улогата на Балканот (како да се биде лидер во неговото европско интегрирање), прикзнавањето на националните малцинства во земјата и нивните права, кипарското прашање, воопшто односите со Турција…
(повеќе..)