Subscribe

Од 2013. и Хрватска членка на ЕУ

јуни 10, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Некои аналитичари оценија дека станува збор за мошне значајна одлука на Европската комисија од аспект на перспективата на Западниот Балкан, а пред се на Република Македонија, иако станува збор за логичен, последичен, континуиран процес кој доби очекувана завршница.

(повеќе..)

Медиумска лага во „рамки“

март 16, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Кога ти минуваат- мислиш дека ти минуваат многу лаги како вистини, а е се поочигледно дека се тие „употребно орудие“, отворено опозиционерско, а не независност односно објективност, како што постојано прикажуваш, убедуваш, се обидуваш да наметнеш, една откриена го урива „системот“.

Станува збор за срамна лага чиј ефект е долгорочен. Не само за новинарот, кој згора е еден од првите, највозрасните, најавторитетните во медиумот (електронски- телевизија), туку и за просторот кој го има освоено и „менторите“ за кои веќе отворено „работи“. За кредибилитетот кај корисниците- гледачите…

(повеќе..)

ИПАРД- фондовитe на ЕУ и во Македонија

ноември 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Станува збор за предпристапна програма на Европската унија, а нејзин составен дел е ИПА (Инструмент на претпристапна помош, на англ. Instrument for Preaccession Assistance) , односно нејзинара 5- та компонента- Рурален развој. Тоа се неповратни средства за поддршка на земјоделството и сточарството во вкупен износ од 60,7 милиони евра, а кои ќе се користат до 2011- та година.

Програмата и мерките за апликации за нивно користење ќе бидат објавен идниот месец. На првиот оглас ќе се аплицира за 40 милиони евра. (повеќе..)

Лисабонскиот договор и европската демократија

октомври 17, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Да потсетам, договорот е потпишан на 13.12.2007. во Лисабон, а неговиот официјален назив е „Договор за измени и дополнувања на Договорот за создавање на Европската унија (Мастрихтски договор) и Договорот за создавање на Европска економска заедница-ЕЕЗ (Римски договор)“.

Процесот на неговата ратификација беше предвидено да заврши на 01.01.2009., по што требаше да стапи на сила. Всушност, тој е замена на Европскиот устав што беше отфрлен на референдумите во Франција и Германија во 2005. Година.

Веднаш по потпишувањето, а особено со почетокот на процесот на ратификацијата, се појавија различни коментари и анализи, со определби „за“ и „против“, од кои не мал број со сериозно предупредување дека тој има „задни намери“ (ЕУ како нова држава, нова светска сила…), а најсериозното дека е спротивен на основните принципи на демократијата!

(повеќе..)

Тежок пораз на македонската опозиција; можно решение на „спорот“ за името

октомври 17, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Македонската опозиција и нејзините медиумски трабанти ја добија можеби најголемата шлаканица во сето досегашно опозиционерско дејствување. И тоа „најголемиот дел“ од неа не од позицијата- партиите на власт (не само ВМРО- ДПМНЕ), туку од „меѓународниот фактор“, поточно од  Европската комисија. Иако од петни жили се трудеа, како досега, нејзините членови да ги „онерасположат“, па да напишат „избалансиран извештај за Македонија со многу повеќе забелешки отколку пофалби“ и да не дадат препорака за определување на датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, со „горчина в уста“ мораа да констатираат дека препораката е „сепак добиена“. Ама…

(повеќе..)

Лошо режирана и опасна врева

септември 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Воопшто не е спорна нужноста од постоење и постојано- континуирано збогатување на национална- Македонска енциклопедија (не Енциклопедија на Македонија). Национални имаат многу, речиси сите нации во светот. Таквата енциклопедија е одамна „дефинирана“- утврдени се нејзините основни карактеристики: енциклопедиското знаење се групира според исклучително важен критериум- националниот, кој подразбира собирање и лексикографско систематизирање на знаењето за националните култури, достигнувањата и вредностите. Тој е мошне значаен за, како што потенцираат енциклопедиски авторитети, виталните интереси на слободата и опстанокот, особено на малите народи во современиот свет. Постои општа согласност дека во тој свет се загрозени двете најголеми придобивки на граѓанското општество- правата на човекот на индивидуална (лична) и колективна (национална) слобода. (повеќе..)

За евробирократската глупост

април 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Нема голема, средна, мала глупост, ниту за смеење, потсмевање, одбивање, игнорирање. Според сушноста, таа е немерлива односно бесконечна, но најважно за неа, како што потенцира еден учен, е дека секој поединец може навистина да биде глупав, но глупоста како резултат е тимска работа. Можеби е поважно дека е грев, а најважно тоа што и во минатото и денес, како што забележал за сите времиња Шопенхауер, во светот главно царува злото, а главен збор има глупоста.

Сепак, кога слушам, гледам и следам што се случува со глупоста која мошне често, да не речам секојдневно излегува од „главите“ на евробирократите, особено на оние во Брисел кога станува збор за „случајот БЈРМ“ (оригиналната глупост што „милозвучно“ е наречена „референца“ е FYROM), некако најпогодна е онаа на Сенека: „Помеѓу другите неволји, глупоста ја има и оваа особина- секогаш се повторува“.

Најновата од евробирократските „глави“ во Брисел е замената на терминот „македонски“  и меѓународниот код „МК“ со „да се дефинираат“! (повеќе..)

Прескапа ЕУ бирократија

март 23, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Граѓаните на главните (најразвиените и, следствено, највлијателните) земји- членки на ЕУ не би требало да бидат загрижени, поточно уплашени од натамошно ширење на унијата,  затоа што тоа (ќе) паѓа врз нивниот грб како даночни обврзници, туку сериозно да се замислат за преголемата и прескапа „бриселска“ бирократија. Пред се да се запрашаат и да се обидат да (си) одговорат за што, за каков конкретен секојдневен ангажман земаат енормно високи плати.

На пример, што работат европските комесари, односно со што заслужуваат да земаат, за многумина (над)просечни Европјани, незамисливо високи плати, а згора на тоа во пензија ќе заминат секој со повеќе од милон евра?!

(повеќе..)

Една од најголемите последици на глобалната криза: распаѓање на ЕУ!

февруари 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле 2 Comments →

Се разбира, не мислам дека сум првиот, но знам дека сум еден од ретките кај нас и во светот кој со многу аргументи предвиде- предвидува скорешно распаѓање на ЕУ. Тие, арументите, од ден на ден се множат се повеќе, што ми дава за право да се корегирам во однос на времето: веројатно ќе биде „премногу“ брзо (во однос нa „прилагодувањето“ на оние во неа и оние надвор од неа). Всушност, може да се каже дека процесот е веќе интензивен, а „враќањето“ станува се потешко, дури невозможно.

Што се однесува на НАТО, неговото „растурање“ може да се случи буквално преку ноќ, исто или слично како Варшавскиот договор. Бидејќи е лабава и станува се полабава воена, особено не безбедносна алијанса. А сегашната воено- политичка „позиционираност“, со оглед на моќта и влијанието, е безначајна, освен кога се работи за трговијата со оружје во рамките на „НАТО- стандардите“. (повеќе..)

Опасноста од глобално затоплување се поголема

јануари 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Ново предупредување од Европската комисија: глобалното затоплување би можело да му нанесе на светот покатастрофални штети отколку што беше досега проценувано.

„Ова е речиси сигурно последна шанса климата да се одржи под контрола пред да ја мине точката од која нема враќање“, изјави европскиот комесар за екологија Ставрос Димас.

(повеќе..)

НАТО И ЕУ заложници на смрдена Грција!

ноември 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Најнапред, не како оградување или лична „одбрана“, туку само како почит кон авторството:

Грција не ја нареков- нарекувам јас смрдена, туку почитуваниот Д-р Ѓорѓи Марјановиќ, чиј углед е несомнен, чиj меѓународен авторитет е одамна потврден. Мојата дребност повеќе преферира на правото на секој секого да нарекува како што сака, па јужниот недобрососед си го викам Данајска република (Атина). (повеќе..)

Европската комисија и подготвува терен на Грција за уште едно вето!

септември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Скопскиот весник „Вечер“ поседува информација која не може поинаку да се оквалификува, освен како шокантна. Со оглед на блискоста на весникот до Владата на Груевски ( се посочува на „добро упатени извори“), нема причина да не се прифати како точна односно валидна.

Се работи за понуда со која е запознаен и амбасадорот на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере, затоа што дошла од негов претпоставен во Брисел.

Имено, висок претставник на Европската комисија од Брисел во јуни (годинава) и дал непринципиелен предлог на македонската Влада со цел олеснување на процесот на македонските евроинтеграции, доколку прифати промена на името и затворање на македонско- грчкото прашање.

Веднаш по изборите (вонредните парламентарни) во владиниот кабинет телефонски се јавил извесен претставник на ЕУ, чие име не се открива, и предложил: ако Македонија прифати да го смени името и на тој начин да се најде компромис со Грција, ЕК е подготвена „да и прогледа“ на Македонија за неколку незавршени обврски, а пред се за изборните нерегуларности, и до крајот на годинава да ги почне преговорите со Унијата за полноправно членство! (повеќе..)

Би било смешно да не е трагично или трагикомично

април 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Прилогов е објавен во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ (веќе не се реализира) во 2005-та година (19.11.). Колку е актуелен и денес, особено во однос на  евро-атлантската интеграција на Република Македонија, проценете сами. Да потсетам, во тој период на власт беше СДСМ во коалиција со ДУИ.

Повторното објавување им го „посветувам“ пред се на оние кои имаат кратко паметење или бараат „само напред“, без макар „подѕирнување“ „назад“. Колку народот да не ги повторува грешките на избори, но и по нив.

(повеќе..)

Корупцијата не може да биде услов за прием во ЕУ!

април 06, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

По она што се откри во ЕУ, поточно во Европската комисија, Брисел нема ниту морално, ниту какво било друго право борбата против корупцијата да ја поставува како еден од главните услови на земјите кандидати за нивно членство во Унијата. Особено не на земјите од Западниот Балкан.

Се разбира, тоа не значи дека борбата не треба да се води. Напротив. Само сметам дека ЕУ самата се покажа како „извонреден пример“ дека борбата против неа мора да се води континуирано, без можност да се постигнат „поголеми“ резултати (во однос на што или на кои?) а најмалку, пак, таа целосно да се искорени.

(повеќе..)