Subscribe

Шлаканица за опозицијата, најжешка за ДУИ

мај 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Она на што постојано укажував уште откога македонската опозиција (на чело со СДСМ) го измисли наводниот недостиг од политички дијалог со власта, имено дека тоа е политичка ступидарија на која, за жал, како на „сладок мамец“ се фати меѓународниот „фактор“ (всушност, за негова радост оти се што може да ја проблематизира позицијата на Македонија нему добро му доаѓа), го потврди Брисел: со упатеното безусловно барање до ДУИ (дури „грубо“, како до невоспитано дете) веднаш да се врати во Парламентот. Тоа и беше испорачано од евроамбасадорите во земјава, од претставникот на ЕУ Ерван Фуере, ама ДУИ-џиите беа со „цврст став“, па се обидоа да го „објаснат“ и во Брисел: дека мора да се исполни нивната агенда во која акцентот е ставен на уставното преуредување на земјава (избор на Влада според Бадентеровиот принцип!). Тоа, пак, не значи друго, освен „легален“ обид за уривање на уставниот поредок на една земја, а за што во секоја „барем малку“ развиена демократија се казнува најстрого.

(повеќе..)

Занесување

мај 10, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Занесувањето или умисленоста во политиката е погубна „мисловна направија“. Особено ако се занесеш односно замислиш дека си голем, важен, дека без тебе не се може, дека од тебе зависи нешто или сешто. Брзо ќе „треснеш“ или ќе те „треснат“ од земја.

(повеќе..)

Следните две- три недели завршување на дијалогот со ДУИ

април 29, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Следните две- три недели премиерот најави дека ќе им ги посвети на решавање на отворените прашања со ДУИ и ПДП. Со првите тој најави дека наредната недела ќе го финишира политичкиот дијалог.

(повеќе..)

Прослава на 5- годишнината на Рамковниот договор

август 13, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

По малку чудно, па и апсурдно: прослава на „заокружен изминат период на реализација на потпишан документ организира „актер“ кој се борел со оружје в рака (но не за него односно за „спогоденото“, туку за сосема други цели), а не нејзин потписник или потписниците. Не станува збор ниту за некаква „артикулација“, меѓународно правно „формулирање“ на барања или услови (суштинското на договорот е подобрување на статусот на малцинствата за кои во вооружен „конфликт“ се бореа само припадници на едно!). Што, се разбира, не значи негација на правото да го прославува за што самата не знаела дека се бори (не мислам на „општата“ цел).

Не е на одмет да потсетам дека „конфликтот“ не го предизвика и водеше политичка партија (нејзина воена формација), туку воена структура, долго време и меѓународно третирана како терористичка, од која „изникна“, „произлезе“ албанскиот политички субјект ДУИ.

Уште почудно и поапсурдно е што потписниците не само што не ни помислуваат на такво нешто (да прославуваат), туку и не ја удостојуваат прославата со своето учество. Како да чувствуваат грижа на совеста, како да сакаат да заборават што потпишале, како некој со сила да ги натерал на тоа.

(повеќе..)

Блокади без ефект, но со долгорочна цел

август 10, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Секое организирање на протести, штрајкови, блокади и други демократски средства на изразување на незадоволство или револт, односно притисок врз власта (синдикално, граѓанско- невладино, партиско) мора да има поставена јасна цел, која не може(ла) на поинаков начин да биде постигната (во рамките на институциите на системот), но и предвидени- планирани ефекти. Целта, пак, претпоставува однапред планирана стратегија и детално разработена тактика.

Она што го „работи“ деновиве партијата на Ахмети ДУИ на „теренот“ е засега само залуден обид да се продолжи вонуставното конфедерално „практикување“ на власт во Република Македонија, успешно поставено- остварено од СДСМ и нејзиниот „лидер во сенка“ Бранко Црвенковски. Засега залуден обид затоа што и на „решавачкиот“ меѓународен фактор во меѓувреме му стана јасно дека тоа води кон натамошни делби и поделби, дезинтеграции, сегрегации и опасно загрозување на кревката стабилност на регионот (Западниот Балкан). (повеќе..)

Уште еднаш за протестите на ДУИ

август 06, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Ако се има предвид влијанието на „меѓународниот фактор“ во Македонија, особено кај партиите од албанскиот блок, станува провидна, видлива неговата перфидна игра: да се наметнат или постапно да се воведат „паралелни избори“, што не значи ништо друго освен чекор поблиску до конфедерализација на земјата.

Кога би било поинаку, реакциите и коментарите по резултатите од штотуку завршените избори (01.06.2006.) немаше да бидат во стилот „ништо не е јасно“, „логично е коалиционен партнер на ВМРО- ДПМНЕ да биде онаа „албанска“ партија што добила најмногу гласови од Албанците“, па се до поддршка, дури поттикнување на веќе најавените протести на ДУИ… (повеќе..)

„Прикриено“ барање за конфедерализација на Македонија

август 03, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

По победа на парламентарни избори главна цел при формирањето на секоја Влада е таа да биде стабилна. Можно ли е тоа во еден нестабилен, се уште „внатрешно“ оспоруван систем на државно уредување, кога едно малцинство како „најголема немнозинска заедница“ во континуитет, со сите средства што му стојат на располагање, настојува да стане еднакво со државотворната нација (но не и со другите „немнозински заедници“), а во името на „праведноста и правичноста“? Да, мислам на стремежот за конфедерализација на Република Македонија како „преодна фаза“ кон нејзина нова делба.

Дали токму за идната македонска Влада да биде стабилна премолчено ќе биде прифатено дека штотуку завршените парламентарни избори беа „двојни“- посебно за македонскиот народ („мнозинска заедница“ и помалите малцинства („немнозински заедници“), а посебно за „најмнозинската од немнозинските“- албанската? Нели молчењето односно премолчувањето на тој „факт“, па и поддршката на „изразување на незадоволство“ (најавени протести за кои меѓународената заедница „нема ништо против“) е „малку поголемо откривање“ на геостратешкото сценарио за преуредување на Балканот?

(повеќе..)