Важна победа на и за Република Македонија
Оценката за организацијата на првиот круг од парламентарните и локалните избори, пред се на ОДИХР во прелиминарниот извештај- дека се исполнети повеќето од меѓународните стандарди за демократски избори, е мошне значајна за Република Македонија, но не е и неочекувана. Притоа, да повторам, воопшто не се работи за „испит на зрелоста“, како што ги означија некои медиуми и политичари (не ни помислувајќи дека со тоа својата држава ја ставаат во понижувачка, „незрела“ позиција; како досега да сме ја учеле демократијата оти не сме ја знаеле, па сега „испитна комисија“ ќе ни го проверува наученото), а тенденциозно и некои бриселски полит- бирократи, туку за нужност од потврда на демократските вредности и капацитети на македонското општество воопшто, на граѓаните на Македонија, власта и политичкиот естаблишмент.
Сите досегашни организирани избори, од осамостојувањето на Република Македонија, беа нерегуларни, нефер и недемократски, иако особено политичките партии на власт, како најодговорни, секогаш најавуваа и ветуваа дека ќе бидат такви (еден екс премиер ги назначи „скандинавски“). Со инциденти, нереди, употреба на огнено оружје, дури ранувања и убиства, незаконско гласање- семејно, полнење на гласачки кутии итн. Не затоа што Република била демократски „незрела“, туку единствено поради сметките и пресметките на партиите и нивните елити и во позицијата и во опозицијата, кои гласачкото тело го сметаа за „тесто за месење“. Веројатно и овојпат ќе имаше нешто од тоа доколку меѓународниот фактор, пред се „главната дипломатија“ во земјава (предводена од ЕУ и САД), не ги презеде работите во свои раце, во оној дел што не зависи од власта и нејзините законски обврски. Ги „притегна“ партиите, нивните лидери, не им даде ниту да „здивнат“, а камо ли да помислат да „мрднат“ од вообичаените демократски изборни стандарди. (повеќе..)

Како што се очекуваше и најавуваше, без оглед што гласачите во Макдонија за првпат ќе бидат во „необична“ ситуација- едновремено ќе гласаат и за нов претседател на државата и за градоначалници на своите општини сосе советници, уште на стартот е јасно дека се ќе биде „стандардно“, што значи веќе видено, чуено, со „сигурна и проверена“ форма и содржина. Оние што барем малку повнимателно и поинтензивно ги следат севкупните состоби во земјава и нејзината позиција (проблеми) на меѓународен план, по денешните „промотивни“ митинзи немаат причина да продолжат да ја следат кампањата, особено не преку медиумите- и електронските и печатените.
Предвремените парламентарни избори генерално поминаа во мирна и демократска атмосфера, иако на некои места се прегласуваше и по 2 пати, оцени Државната изборна комисија.
Уште еднаш се потврдува мојата проценка пред изборите: најавената „касапаана“ од страна на Тачи всушност беше откривање на однапред подготвеното сценарио на опозицијата (а не на победничката коалиција и ДПА), според кое предвремените парламентарни избори треба да пропаднат како нерегуларни односно фалскификат.
Веќе нема дилеми дека вонредните парламентарни избори во Македонија ја „инспирираа“ опозицијата (не дел од неа, бидејќи барем на тој план македонските партии се прецизно „диференцирани“) да подготви и вонредно сценарио кое ќе резултира со „уште еден пораз на Македонија на меѓународен план“. Како и се друго во изминатиот „катастрофален“ двегодишен период на владеење на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Не само што почна пред законски утврдениот старт, со што е направен прекршок од сите „главни“ политички партии- учесници на вонредните парламентарни избори, туку „предвреме“ и заборавија на што се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.





