Subscribe

На македонскиот политички „фронт“ ништо ново

март 13, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Опозицијата ќе се врати во Парламентот (очекувано), во меѓувреме СДСМ најавува формирање на Влада во сенка, што ќе биде нејзин голем адут на претстојните предвремени парламентарни избори (предвидов); конгреси одржаа ВМРО- ДПМНЕ (со воздржавни и прилично „општи“ пораки) и ЛДП (со мошне забавни „поенти“); „брат Љубе“ и Селмани се шетаат низ селата во Македонија (а „И јас сум А1“ редовно и ревносно ги следат, но не како платен политички маркетинг); се формира „Демократска десница“; квазианалитичарите и прогонозерите „уткаџии“ најавија конечно заминување на Црвенковски од челната позиција на СДСМ (како не им текнвуа дека челната позиција е многу посилна од сенка?!), а албанските опозициони партии бараат нови изборни граници.

Да, најзначајното нешто поврзано со претстојните избори ќе биде средбата во четири очи помеѓу Груевски и Црвенковски, овие денови, а на иницијатива на премиерот. (Црвенковски се пожали дека му била „прочитана“ и „украдена“ идејата за неа- тврди дека го прислушкуваат).

(повеќе..)

Од што и/или од кого треба да се плаши Груевски

јуни 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Пред да се обидам да одговорам на од ден на ден се поактуелното прашање за предизвиците што се повеќе и се натрупуваат на актуелната македонска Влада, а пред се на премиерот и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски, укажувам на одамна познатата (докажана) вистина: секој предизвик, независно од големината и тежината, раѓа страв, но многу повеќе желба, енергија, па и храброст за соочување, совладување, „борба до конечна победа. Треба да се биде внимателен особено при пресметувањето на ризикот, имајќи ги предвид пред се времето и просторот во кои тој се јавува или опстојува.

Најголемиот предизвик за денешниот, модерниот политичар (и на секој што има важна улога во едно општество), а од кој најмногу се стравува, е личната одговорност.

(повеќе..)

Старт на предизборната кампања: ништо ново, интересно, инвентивно

март 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Како што се очекуваше и најавуваше, без оглед што гласачите во Макдонија за првпат ќе бидат во „необична“ ситуација- едновремено ќе гласаат и за нов претседател на државата и за градоначалници на своите општини сосе советници, уште на стартот е јасно дека се ќе биде „стандардно“, што значи веќе видено, чуено, со „сигурна и проверена“ форма и содржина. Оние што барем малку повнимателно и поинтензивно ги следат севкупните состоби во земјава и нејзината позиција (проблеми) на меѓународен план, по денешните „промотивни“ митинзи немаат причина да продолжат да ја следат кампањата, особено не преку медиумите- и електронските и печатените. (повеќе..)

„Филмот пукна“, Селмани почнува да „режира“ нов

септември 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Со формалното заминување од ДПА Имер Селмани обелодени што се случува(ло) во „јатото“ на Тачи по поразот на вонредните парламентарни избори и губењето на власта- учеството во неа: поради изборниот дебакл е нарушена комуникацијата со меѓународниот фактор, а чашата ја прелеала носењето на одлуки во тесен круг. Но најважно од се: „Се заситивме од политика која создава конфликти“.

(повеќе..)

Колку му „дотежи“ на Груевски новиот „скор“ помеѓу ДУИ и ДПА?

јули 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Предвремените парламентарни избори генерално поминаа во мирна и демократска атмосфера, иако на некои места се прегласуваше и по 2 пати, оцени Државната изборна комисија.

„На овие две прегласувања, на коишто имаше поправен испит, граѓаните на Република Македонија покажаа и докажаа дека можат, и ДИК и граѓаните и општинските изборни комисии и избирачките одбори, во Република Македонија да спроведат мирни, фер и демократски избори“, изјави Јован Јосифовски, претседател на ДИК.

(повеќе..)

Ирското “Не“ на „Лисабон“ ја п(р)отресе ЕУ

јуни 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

(23.06.2008.)

За нас е изненадувачки, необично, дури неприфатливо („ниту на крајот од малиот мозок“) да се биде против ЕУ. (Види објавен мој прилог на оваа тема на овој сајт.) Во сиот изминат транзиционен период, од почетокот на независноста на Република Македонија па до денес, нема да прочитате- слушнете ниту збор од наш политичар за друга, освен за евро- атлантска интеграција, дури „по секоја цена“.

Постои општ консензус за неа? А кој го спровел? Што е со тн. духовно обединување (неспорно за ниеден народ во светот), односно опфаќање и на огромен број на Македонци во земји надвор од ЕУ кои, пак, не ни помислуваат, ниту имаат шанса да се „интегрираат“ во неа?

Да, мислам на македонизмот, со него во ЕУ, и тоа единствено како потврда на „единството на различностите“, што е главен европски „принцип“ на интеграција односно обединување.

(повеќе..)

Неуспешно спроведено сценарио за нефер и недемократски избори

јуни 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Уште еднаш се потврдува мојата проценка пред изборите: најавената „касапаана“ од страна на Тачи всушност беше откривање на однапред подготвеното сценарио на опозицијата (а не на победничката коалиција и ДПА), според кое предвремените парламентарни избори треба да пропаднат како нерегуларни односно фалскификат.

(повеќе..)

Опасен старт на предизборна кампања

мај 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Не само што почна пред законски утврдениот старт, со што е направен прекршок од сите „главни“ политички партии- учесници на вонредните парламентарни избори, туку „предвреме“ и заборавија на што се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.

(повеќе..)

Претстои уште една, „вонредна“ победа на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“

мај 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Може уште сега да се заклучи или точно да се прогнозира кој ќе победи, а кој ќе биде поразен на вонредните парламентарни избори. По објавувањето на коалициите, при што досега не се случила таква „групировка“ (надвор од двата „табора“ нема макар најмала партија што ќе настапи самостојно). Фракционерскиот дел на НСДП, кој сериозно го загрозува нејзиниот натамошен легитимиет и кредибилитет, не е тоа.

(повеќе..)

Нова преговарачка стратегија со Грција? Не, туку „добрососедска“!

април 07, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Идејата на претседателот Бранко Црвенковски за нова преговарачка стратегија со Грција, изнесена во Букурешт, а како реакција на ветото за прием на Република Македонија во НАТО, доби поддршка на дел од политичарите и пратениците во македонскиот Парламент (не од сите како што информираа некои медиуми). Пред се на оние од опозицијата, но и на некои од владејачката коалиција (не и од ВМРО-ДПМНЕ).

(повеќе..)

Ќе следи ли гласање за недоверба на малцинската Влада на Груевски?

март 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Навредени од коментарите на Груевски на оценки од страна на експерти за однесувањето на ДПА- предизвикувањето на владина криза која резултираше со решението „малцинска Влада“ (ДПА ја напуштила Владата поради грчки косовски или српски сценарија), министрите од ДПА ја напуштија денешната седница на Владата и најавија дека „веќе никогаш нема да работат заедно со Никола Груевски“.

(повеќе..)

Очекувано: безвизен режим на Македонија со Албанија

февруари 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Она што подолго време се најавуваше е веќе договорено: државните секретари на министерствата за надворешни работи на двете соседни држави лесно, без никакви дилеми и проблеми, ја завршија поставената задача- го усогласија текстот на билатералната спогодба. Дотолку полесно што таа се сведуваше на „обична“ проверка дали некоја од одредбите на спогодбата не е во спротивност со договорот за визно олеснување на Македонија со ЕУ.

(повеќе..)

Кризата во владината коалиција привремено надмината?

ноември 19, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

По парламентарната пресметка помеѓу коалиционите партнери- лидерите на НСДП, Тито Петковски, и на ДПА, Мендух Тачи, а чиј повод беше интерпелацијата за заменик- министерот за внатрешни работи Рефет Елмази (пратениците од НСДП гласаа за), премиерот Никола Груевски оцени дека не станува збор за криза во Владата, туку за „недоразбирање“ односно „мали проблеми“:

„Се надевам дека двете партии ќе најдат начин да ги надминат тие недоразбирања. Ќе се обидам да ги исконтактирам деновиве, да поразговараме и се надевам дека тие мали проблеми ќе бидат надминати“.

(повеќе..)

На лагата и се кратки нозете? Не за сопствен антимаркетинг

ноември 04, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

На „фронтот“ ништо ново. СДСМ како челник на опозицијата и натаму интензивно и мошне успешно работи во корист на својата штета, притоа користејќи секакви „средства“, а особено лагата со кратки нозе (експресно откриена, по што се молчи како да не била искористена- употребена). Позицијата, пак, на чело со ВМРО ДПМНЕ, засега најчесто експресно и мошне успешно ги „разголува“ кратките нозе на лагата (стануваат се пократки), но е забележливо и поставувањето на прашања кои ептен заслужуваат одговор, без оглед што не го добиваат оти очигледно се многу непријатни.

Меѓутоа, она што ни станува најинтересно на „фронтот“ во последно време е проблемот на паниката. Партијата СДСМ како папагал повторува дека ВМРО ДПМНЕ е во паника, а вторава, пак, е дури за првата неподносливо „мртва ладна“, особено кога говорат и одговараат Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Ај за Груевски може да е тоа очекувано (секој со спортски дух, па и поранешен боксер, мора да биде таков „како таков“), но за една млада дама со толку клучна улога во „менаџирањето“ на безбедносната состојба во земјава…

(повеќе..)

Финиш без резултат?

октомври 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Без конкретни резултати во Брисел заврши и втората фаза на директните преговори помеѓу Приштина и Белград за идниот статус на Косово. Страните останаа на нивните различни позиции.

Шефот на посредничката тројка Волфганг Ишингер веќе не е оптимист, туку реално проценува:

„Мислам дека денеска, како и на средбата наредната недела во Виена, ќе видиме дали е можно да се дојде до реален напредок. Во таа насока мислам дека ова ќе биде одлучувачка фаза“.

Додека трае неизвесноста, т.н. „Гарда на цар Лазар“ веќе објави воена состојба за одбрана на Косово. Денеска нејзини членови безуспешно се обидоа да влезат во северниот дел на Митровица.

(повеќе..)