Subscribe

Полнолетна држава?!

септември 08, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Дали сте прочитале- чуле виделе некаде во светот, во минатото и денес да има(ло) адолесцентна, недозреана, незрела држава? Се разбира не. Ниту имало, ниту ќе има, ниту може да има таква во иднина. Дури и во симболичка смисла, како недооформена, несигурна, небезбедна, привремена.

Сепак има. Денеска разбрав(ме) дека до овој ден сме живееле токму во таква, ама отсега живееме во нормална, што ќе рече држава со сите нишани, како секоја друга, пред се полнолетна?! Се разбира, тоа значи дека пред се оние што ја водат, што владеат со нас, до денеска биле малолетни, а на овој ден го положиле „испитот на зрелоста“ (нема промашување- дека некој ќе „падне“), но и ние, нејзините граѓани.

Каква ступидарија!

(повеќе..)

Очекувани и логични вонредни избори

септември 03, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Вонредниоте избри во Данајската република (Грција) се логична последица или, можеби попрецизно речено, завршница на едно лошо, неуспешно, деструктивно владеење на конзервативната партија „Нова демократија“, а посебно на нејзиниот лидер и (до) сегашниот премиер Костас Караманлис. Пред се на внатрешен план, доведувајќи ја земјата до економски колапс, до политичка и социјална дестабилизација, но и на меѓународен- со маргинализација, па  и изолација еднакво поради „тврдиот“ став спрема проблемот со името на Република Македонија (блокирање на нејзиното членство во НАТО), дискриминацијата- непризнавањето на националните малцинства, пред се македонското, како и проблемите со Турција и Кипар.

(повеќе..)

Расмусен „непријатен“ за Атина

август 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Пораката на новиот генерален секретар на НАТО Данајската република (Грција) да престане да го блокира приемот на Република Македонија не е нова, неочекувана, а најмалку изненадувачка. „Влегува“ во рамките на неговата веќе јасно искажана целосна посветеност на политиката на отворена врата на алијансата.

Имено, Андерс Фог Расмусен по стапувањето на должноста на 1-ви август годинава на првата прес конференција изјави:

„Јас сум целосно посветен на политиката на отворена врата на НАТО. Но, членството не е право, земјите мора да бидат подготвени за него. Сепак, проширувањето на НАТО веќе ја покажа својата моќ да ја шири стабилноста и да промовира реформи. Очекувам дека тоа ќе продолжи за време на мојот мандат“.

(повеќе..)

Валканата дипломатска игра на Атина привршува

август 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Метју Нимиц си противречи на себе си со изнасилениот оптимизам од една и безизлезот, односно последниот обид со нов пакет- идеи конечно да и стави крај на валканата, неразумна, апсурдна, ступидна дипломатска игра на Данајската република (Грција) со името на Република Македонија (не уставното). Дека била таква од почетокот на спорењето (не спор, а најмалку билатерален) е и ќе биде уште не долго време, му е јасно не само на Нимиц, туку им е веќе „преку глава“ и на сојузниците на Атина во ЕУ и НАТО.

(повеќе..)

Лесна и недипломатска реторика од позиција на сила

август 01, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Во 21- ов век Данајската република (Грција) се однесува како да живее и дејствува во 19- от и 20- от, иако е „заслужено“ модерна евро- натовска држава. Раководството во Атина очигледно се уште мисли дека светот е поделен на „големи“ и „мали“, а големите можат да им се закануваат на малите, да ги блокираат, да им поставуваат услови, да се однесуваат арогантно спрема нив. Притоа не ни помислувајќи, ниту разбирајќи дека токму „малите“ отсекогаш биле, се и ќе бидат поголеми од „големите“. Со своето достоинство, со своето опстојување, доследност, разум, мудрост, со својот идентитет. И, што е најважно, „големите“ не ги третираат и не се однесуваат спрема нив како „мали“, туку како рамноправни со нив во името на соживотот, заедништвото, развојната перспектива. Да, и во името на евро- натовското односно глобалното интегрирање. (повеќе..)

Нема скорешно и брзо решение на проблемот на Данајската република (Грција) со името Македонија

јуни 24, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Без оглед на притисокот на меѓународниот „фактор“, но и на домашната опозиција и нејзините медиумски трабанти, секој што сериозно и внимателно го следи процесот компромис, интензивиран во последниве неколку години, се согласува со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, дека, ако беше едноставно, досега ќе се најдеше компромисно решение. Процесот со посредство на Метју Нимиц не може да се нарече ниту разговори, ниту преговори, a компромисот во својата суштина е тоа и не може да заврши поинаку освен или со компромисно решение или со негов прекин. (Бидејќи се инсистира на „преговори“, значи прекин на преговорите). Тоа пак- решението, како што точно посочи Иванов, може да биде или разумно или неразумно (некои неразумното  го нарекуваат гнило).

Разумното компромисно решение се донесува со максимална меѓусебна почит и разбирање, со силата на аргументот, а неразумното со наметнување на едната страна (супериорност), нејзина нетолерантност, непочитување (туку омаловажување, па и ништожење), неразбирање, со аргументот на силата  (при што отстапките се незначителни, безначајни, формални).

(повеќе..)

Уште еден неуспешен американско- европски „фронтален притисок“ за името

мај 18, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Европа и САД конечно „ја открија Америка“: Данајската република (Грција) нема проблем со името на државата Република Македонија, туку со идентитетот на македонскиот народ! Поради ова најново „откритие“ Атина е дефинитивно срамно „разголена“, па единствен спас гледа во евентуалното убедување на своите сојузници и пријатели по изборите во јуни; дека токму тој- идентитетот е опасен за целата западна цивилизација, а не само за неа. Не сум убеден дека во тоа нема да успее, а што, пак, од друга страна, ќе значи или „поголема флексибилност“ на Македонија, која подразбира „компромис“ околу „македонски“ (јазик, култура, корени, блиско и далечно минато- историја, традиција…-идентитетот во сета негова комплексност) или спорењето на нејзиното име (не уставно) да продолжи се до идното прекројување на регионот- негово „стопување“ во „преоден“ европски дел.

Патем, нужно е, и за нас и за меѓународниот фактор, да се „расчисти“ следнава „валканица“ на Атина: таа нема „спор“ за името на својот северен сосед, туку „го спори“ неговото постоење со уставното име (не со FYROM- БЈРМ или некое „заеднички прифатливо“). Да имаш спор и да спориш е  сосема различно. Кој не знае или не разбира нека стори напор да научи, а може   и да најде некој да му објасни (не мора да биде многу учен). (повеќе..)

„Разголувањето“ на Бакојани продолжува, а и се придружи Бугарија, можеби и некои македонски…

април 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Одамна напишав дека, кога е во прашање проблемот на Атина со името Македонија, „првата Данајка“ толку бесрамно се „разголува“ пред своите сојузници и пријатели во ЕУ и НАТО што е веќе непријатно да се гледа. И останува само уште малку, па да остане „угул гола“. Не сум сигурен дека по последното остана на неа уште некое „крпче“. Лично (со свои очи) не можам да догледам.

Што е Дора Бакојани? Данајски (грчки) министер за надворешни работи? И јас мислам дека е, се уште, ама…Да не во меѓувреме, барем привремено, се сменила односно ја смениле во промотор на книги со „доверливи документи“. Што? Само за една употреба, за една таква? Можно. Ама „разголена“ или „угул гола“…

(повеќе..)

Опозиционерска доследност на Црвенковски

април 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер.

Критиките кои не пропушти да и ги упати на актуелната македонска власт странските дипломати во земјава ги слушнаа како од човек кој не е се уште дел од неа и оти не сноси никаква одговорност за тоа што, според него, многу нешта од актуелниов миг се „црни“. Особено она што се однесува на динамиката со која земајва ги исполнува условите за својата европска интеграција. (повеќе..)

Северна Македонија не е разумен компромис

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Некои новинарски политички, поточно политикантски дилетанти никако барем малку да се „смират“. Aко не можат да го контролираат својот дилетантизам, барем да не го откриваат толку често и наметливо што веќе  станува неподнослив. За жал, медиумите на кои се појавуваат, во кои се вработени, не ни помислуваат дека поради нив рејтингот им е низок, не се третираат и прифаќаат сериозно.

Најновиот дилетантски „бисер“ е прашањето кое го поставуваат, а оној од кого бараат објаснение со право не смета дека треба да го даде: што е тоа разумен компромис? Со додатно: дали тоа значи и промена на името? (повеќе..)

Данајците (Грците) веќе им се здодевни на „своите“, а стануваат здодевни и на самите себе си

јануари 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

И не само здодевни, туку се и небулозни, а најмногу смешни (како циркуски кловнови). На нивните пријатели во ЕУ и НАТО одамна им е јасно дека она што го бараат, на што инсистираат за Република Македонија- таа да се преименува себе си на „обострано задоволство“, е крајно ступидно, нема врска со„државничка“ и каква било друга логика. Тие посредно, „срамежливо“ веќе им укажуваат дека одамна преминале секоја „нормална“ (добро)соседска граница и треба малку да „ретерираат“ односно „да се смират“.

Данајската република (Грција), пак, како дебил не „дослушува“, не разбира (на пример, со „постапното откривање“ на малцинства во неа кои ќе мора да ги признае), па својата „активност“ почнува да ја проширува. Најновата е дека ќе го блокира продолжението на пристапување на Хрватска во ЕУ, што, веројатно по „пријателско укажување“, веднаш го демантира! (повеќе..)

На Западен Балкан ништо ново

јули 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Амбасадорите на земјите- членки на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел ги потпишаа протоколите за приклучување на Хрватска и Албанија кон Северноатлантскиот сојуз.

„Ова е историско достигнување, не само за двете земји, туку и за целата Европска заедница, бидејќи Албанија и Хрватска се наоѓаат во регионот каде што настана првиот голем конфликт на европско тло по Втората светска војна. Додека продолжува процесот на ратификација на протоколите во земјите-членки на НАТО, очекуваме Албанија и Хрватска да продолжат со реформите на енергичен начин“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер.

(повеќе..)

Данајска (грчка) наци- фашистичка хистерија

мај 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Засега ЕУ и НАТО не реагираат на она што деновиве се случува кај нивниот член односно сојузник Данајската република (Грција). Не се изразува ниту загриженост, ниту, пак, се слуша макар “зборче“ на осуда. Веројатно од личен срам и немоќ зашто навреме не ја ни „укорија“ за неевропското, „ненатовското“, а пред се нецивилизираното однесување спрема Република Македонија.

(повеќе..)

Турција во ЕУ за и против

август 06, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

На примерот на Турција најјасно и најотворено се покажува- потврдува непринципелната, недоследната, едностраната и  ригидна политика на ЕУ, без оглед даликон своите членки, оние во азоцијативно членство или на оние на кои зачленувањето им е само „консенсуален приоритет“. Може да се рече дека таа се повеќе станува погубна за фактичкото, а не само за формалното интегрирање (што е важно за сиромашните, без оглед на последиците), а нејзин најистакнат експонент (не само според функцијата) е секако Оли Рен.

Преку изјавите на комесарот за проширување на ЕУ таквата политика добива уште една „димензија“: превртливост и цинизам.

(повеќе..)