Subscribe

Залуден притисок врз Данајската република (Атина)

јуни 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Со оглед на мошне краткото време за решавање- разврска на проблемот на Грција во врска со името на Републиика Македонија, без оглед на се поголемиот притисок врз Грција тешко дека САД ќе успеат да „завршат работа“. Не затоа што Данајската Репуплика (Атина) моментно се замислува ептен силна, дури посилна од САД (сегашната власт на заминување, на чело со Џорџ Буш), туку поради „данајската природа“ на Атињаните да го искористат  својот „тројански коњ“ (Барак Обама) кога ќе дојде „вистинското време“ (кога тој ќе стане нов претседател на САД).

(повеќе..)

Данајците продолжуваат да работат во корист на сопствената штета

јуни 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Во светските енциклопедии, историите на народите на светот и на Интернет може да се прочита многу за нашиот јужен сосед, од што го потенцирам следново:

Името Graeci на индоевропските племиња кои 2.000 години пред н.е. почнале да го населуваат јужниот дел од денешна Грција, им го дале Римјаните според името на племето Graikoi во Епир, со кое најнапред дошле во допир. Од друга страна, од 8-от век пр. н.е., Грците себе си се нарекувале Хелени, а својата земја Елада. Од средниот век се нарекувале Ромеи, а во најново време повторно го прифатија називот Хелени со кој се нагласува наводниот етнички континуитет, од античко доба до денес. Без никакво право затоа што, меѓу другото,  грчката култура, во сите фази на развојот, што се нарекува елинизам, ги прифатила и културите и јазиците на другите, негрчки јазици.

Впрочем, во поновата историографија се инсистира на тоа поимот „хеленизам“ да ги опфати историските и културните збиднувања што се надоврзуваат на „грчко- македонските“ продирања на исток под Александар Македонски и на создавањето на големата државна организација под негова власт. Значи, и да се прифати ваквиот став не може да стане збор за посебност наречена „хеленизам“ (повеќе..)

Данајска (грчка) наци- фашистичка хистерија

мај 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Засега ЕУ и НАТО не реагираат на она што деновиве се случува кај нивниот член односно сојузник Данајската република (Грција). Не се изразува ниту загриженост, ниту, пак, се слуша макар “зборче“ на осуда. Веројатно од личен срам и немоќ зашто навреме не ја ни „укорија“ за неевропското, „ненатовското“, а пред се нецивилизираното однесување спрема Република Македонија.

(повеќе..)

Македонија- САД: Декларација за партнерство и соработка

мај 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Македонија потпиша декларација за стратегиско партнерство и соработка со Соединетите Аме­рикански Држави, најавувана веднаш по самитот во Букурешт. Најзначајно во неа е што САД ја реафирмираат поддршката на принципите за сувереност и територијален интегритет, гарантирајќи ја унитарноста на Македонија во нејзините сегашни граници. Тоа едновремено значи засилување на американско- македонското сојузништво.

(повеќе..)

Жешка шлаканица за Данајската република (Грција)

мај 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Таа не е удрена од некој решавачки „фактор“, но и не е без авторитет и „соодветно“ влијание: од поранешниот шеф на Меѓународната кризна група во Македонија, Едвард Џозеф. А дали ја почувствува некој во нашиот јужен сосед, на пример Дора Бакојани која јавно тврди дека во нејзината земја нема македонско малцинство, е сосема друга „приказна“.

Во секој случај, повеќе од сигурно е дека оваа нема да остане единствена. Нови допрва следат, а треба да се следи само руменилото на нејзиното лице (на пример). Зашто тие, шлаканиците, не мора секогаш да се удираат јавно.

(повеќе..)

Продолжува безобразието на Атина

април 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Токму така! Она што го започна и во наредниот период ќе го продолжи многу поинтензивно нашиот јужен сосед- необјавена трговска односно економска војна, е само продолжение на безобразието кое за демократскиот свет полека станува ем несфатливо, ем неподносливо.

(повеќе..)

Меѓу редови

април 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Да, воопшто не е лесно, туку напротив, најтешко е да се чита (слуша) меѓу редови она што го кажуваат и порачуваат политичарите и белосветските…Особено кога се работи за „добри намери“.

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер воопшто не мораше да доаѓа во Скопје за да ни „препорача“ да „најдеме“ решение со Грција до 9-ти јули за да ги „стасаме“ Албанија и Хрватска.

(повеќе..)

Македонија го троши времето или ја слабее одбраната на македонскиот идентитет

април 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Ништо ново во македонскиот Парламент: и седницата за самораспуштање на Собранието „преполна“ со (познати) опструкции на опозицијата, со користење на процедурални забелешки и паузи. Главно, процедуралните забелешки (над 70 на број) беа околу нов претседател на ДИК, иако според толкување на собраниските служби, според Изборниот законик, секогаш претседателот на ДИК го предлага опозицијата, а заменикот е од редовите на власта и тој има мандат од 5 години. Следствено, нема одредени аргументи во законот што би се случило доколку има предвремени избори.

(повеќе..)

Разголувањe

април 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Разголувањето на нашиот јужен сосед (од овој момент го прифаќам сосема оправданото барање на македонските интелектуалци и уметници Грција да ја нарекуваме „јужен сосед“ или „Атина“, исто како што тие одамна така ја нарекуваат нашава држава) започна од нејзините сојузници.  Иако морам да признаам малку побрзо отколку што очекував.

Очигледно, Атина веќе им дошла преку глава, па мораат да почна да ја…за да ја смират, де!

(повеќе..)

Зад „очите“ на јавноста: во Атина средба на експерти од Македонија и јужниот сосед

април 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Деновиве во Атина, на иницијатива на САД, се одржала ненајавена, вешто скриена од јавноста средба на експерти од двете соседни земји. Се работи за прв од серија на состаноци на експертско ниво што ќе се одржуваат во наредниот период наизменично во Скопје и Атина.

Новинарска, медиумска шпекулкација? Нема да биде до колку во наредниот период се „пробие“ информација (како оваа) и за следните средби.

(повеќе..)

Најнови случувања врзани со „победата“ на Грција над Р. Македонија и решавањето на нејзиниот проблем

април 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Очигледно, на многумина не им е пријатна „победата“, всушност националистичкото самоубиство на Грција со ветото за прием на Република Македонија во НАТО. Помеѓу нив е и генералниот секретар Јап де Хоп Шефер, кого „сон не го фаќа“, „жив срам го јаде“, па најде за „сходно“ да му се јави и по телефон на Бранко Црвенковски.

(повеќе..)

Нова преговарачка стратегија со Грција? Не, туку „добрососедска“!

април 07, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Идејата на претседателот Бранко Црвенковски за нова преговарачка стратегија со Грција, изнесена во Букурешт, а како реакција на ветото за прием на Република Македонија во НАТО, доби поддршка на дел од политичарите и пратениците во македонскиот Парламент (не од сите како што информираа некои медиуми). Пред се на оние од опозицијата, но и на некои од владејачката коалиција (не и од ВМРО-ДПМНЕ).

(повеќе..)

Македонија не стана членка на НАТО

април 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Грција го злоупотреби правото на вето, изјави во Букурешт македонскиот претседател Бранко Црвенковски.

Сите земји членки на НАТО, освен една држава, беа на страната на Македонија, изјави во Букурешт македонскиот премиер Никола Груевски.

(повеќе..)

Грција се удави во сопственото националистичко мочуриште

април 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Дали погрешив во кусиот коментар односно прогноза на крајот од прилогот со кој го најавив почетокот на самитот на НАТО во Букурешт (пред два дена)- дека Грција нема да издржи и ќе го премолчи односно изгласа приемот на Македонија во алијансата? И оти, доколку ја оствари заканата за вето, тоа ќе значи нејзино комплетно „разголување“, па на премиерот Караманлис, министерката Бакојани и останатите веројатно ќе им се случи да бидат…?

(повеќе..)

Денеска започна самитот на НАТО во Букурешт

април 02, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Букурешт е подготвен за самитот. Отворањето ќе го означи традиционалната изложба на НАТО и самитот на владите од земјите членки и партнери на алијансата. Потоа ќе следува обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер, а за денеска е најавено и пристигнувањето на американскиот претседател Џорџ Буш од Украина и на рускиот претседател во оставка Владимир Путин.

(повеќе..)