Subscribe

Дефинитивна разрешница на кризата во Грузија

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

И на политичкиот лаик веќе му е јасно дека Саакашвили не води „гола борба“ за власт, и натаму да остане претседател на Грузија, туку „мора да остане“ поради остварување на пошироки геополитички и геостратешки интереси: држејќи ги во латентна криза руско- грузиските оноси НАТО, односно западните сили предводени од САД да бидат што поблиску до Русија, на самата нејзина граница, со единствена цел да се спречи ширење на нејзиното влијание. Сферите на влијание се од исклучителна важност во овој само навидум глобализиран свет, а всушност во сериозна и веројатно долгорочна нова Студена војна, во нова  „софистицирана“ форма.

Тешко е да се одговори на прашањето дали опозицијата, која упорно, со постојани штрајкови врши притисок врз Саакашливи, бара негова оставка, има „допирни точки“ со Русија; ја има или не непосредната поддршка од неа, без оглед што сериозно разнишаниот претседател ја обвинува Москва дека е се во нејзина режија. (повеќе..)

Музички (не селски, туку малограѓански) панаѓур на глупоста и суетноста

февруари 22, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Фестивалот на забавна музика односно на лесни ноти „Скопје 2009“, на кој беше избран македонскиот претставник за годинашниот „Евросонг“ („Некст тајм“ со „Нешто што ќе остане“), уште еднаш, по којзнае кој пат, покажа дека или не се знае или не се разбира (второво е поверојатно) основното значење, суштината на фестивалот воопшто, посебно на музичкиот.

Да не се мачите, да не пребарувате во енциклопедии или на Интернет: тој е свеченост, прослава или спектакуларна смотра со голем стил (музичка, театарска, филмска, спортска, фолклорна), а целта му е една и единствена: на стручната критика и пошироката публика да им се презентираат  највредните дела од спомнатите области.

Разликата помеѓу селскиот и малограѓанскиот панаѓур, пак, е во тоа што на селскиот селаните им продаваат се и сешто на соселани и по некој граѓанин, а на малограѓанскиот мали граѓани купуваат се и сешто од селани и големограѓани. (повеќе..)

Новата Студена војна засега во почетна, „вербална фаза“

септември 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Први жестоки (ин)директни меѓусебни судири: САД и Русија „преку“ Чејни и Путин, Русија и Грузија преку Хаг, Русија и Европа преку енергенсите.

Важна порака на Медведев која сигурно претставува дополнително долевање на маслото на огнот што тлее, но и подготовка за нова тактика и стратегија на противничките страни:

„Помирете се со промена на границите на Грузија“.

(повеќе..)

Што се „тркала“ помеѓу Русија и САД преку Грузија

септември 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Некои аналитичари и експерти (пред се странски) сметаат дека помеѓу Русија и САД се уште не започнала нова Студена војна, туку односите се „само“ заладени до „крајни граници“. А доволно е да ги проучат почетокот, текот и  крајот односно целата содржина (суштина) на веќе дамнешната Студена војна, да им додадат сегашни, „современи елементи“, да ги поврзат „жиците“, па сигурно ќе заклучат дека  токму тоа- заладувањето до „крајни граници“ е нејзиниот почеток.

(повеќе..)

Русија- Грузија и „оние“ помеѓу нив во меѓувреме

септември 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Дали Грузија е жртва на Западот, а Саакашвили жртвуваниот пион во „шаховската игра“ со Русија? Судејќи според развојот на ситуацијата по завршувањето на конфликтот и повлекувањето на руските трупи од грузиска територија, како и се она што се случи и се случува во меѓувреме, се чини дека станува збор за уште една неуспешна проверка на „степенот на разбуденоста“ на Русија од страна на САД преку Грузија. ЕУ  во тоа е само епизодист, „страничен играч“ кој трча на средината на теренот и по аут линиите, и тоа без да гледа каде се наоѓа „топката“ (во „игра без топка“ толку се „извешти“ што на неутралната публика воопшто не и пречи оти не знае и не може да даде „гол“; меѓу другото и затоа што не знае кому).

Првата „мошне непријатна“ работа за САД (за почетокот на новата Студена војна?), но и за ЕУ која се обиде преку Франција (претседавач) со оној „за жалење“ Саркози пак да одигра „без топка“ и да даде „гол“, беше оценката на набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа- ОБСЕ. Тие соопштија дека Грузија ја има вината за избувнувањето на кризата во Кавказ.

(повеќе..)

Нова Студена војна

август 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Почна ли новото прекројување на светот, „цртањето“ на нови граници, поточно „поместувањето“ на постојните? Со прогласувањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија од страна на Русија?

Не, тоа е само продолжение на веќе започнатиот процес кој допрва ќе се „развива“. Започна со прогласувањето и признавањето (во тек) на независноста на Косово, како „најсоодветно решение“ на проблемот „Срби- Алабнци“. А такви „состојби“, како што неодамна некој посочи, во светот ги има над 200.

Да, независноста на Косово ја отвори „Пандорината кутија“, без оглед дали тоа некому му се допаѓало или не.

(повеќе..)

На лагата нозете не и се куси, туку долги!

август 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Во интервју за „Франс 24“, грузискиот претседател Михаил Саакашвили ја обвини Русија дека го лаже светот оти ја повлекува војската од Грузија:

„Русите се обидуваат да го измамат светот. Тие тврдат дека се придржуваат на ветувањето дадено на Никола Саркози, но всушност не се повлекуваат од големите градски реони како Гори, туку се прегрупираат на стратешки места“.

Тој наведе дека целта на руската војска е „да ги контролираат влезните точки за да продолжат да ни ја уриваат земјата“.

(повеќе..)

НАТО И САД и се закануваат на „разбудената мечка“

август 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

По вонредниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел, одржан на барање на Вашингтон, НАТО соопшти дека односите со Русија „не можат да останат непроменети“ по неодамнешните судири во Грузија. 26-темина министри се согласиле за заедничка декларација, во која од Русија се бара веднаш да ги повлече своите сили на позициите на кои биле пред избивањето на судирот на 6-ти август.

(повеќе..)

Судирот помеѓу Русија и Грузија во нова фаза

август 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

По прекинот на воените дејствија, помеѓу Русија и Грузија, но и помеѓу Русија и НАТО и САД, започна „војна со зборови“. Дали се ќе се заврши со „достоинствен премолк“ е големо прашање, особено ако се имаат предвид геостратешките интереси на сите инволвирани и „заинтересирани“.

(повеќе..)

Се разгорува војната помеѓу Русија и Грузија

август 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo 1 Comment →

Странските новински агенции постојано, од час во час јавуваат дека руските авиони продолжуваат со нападите на воената база и радарите во близина на грузиската престолнина Тбилиси, како и бомбардирањето на Гори, центарот на логистиката на грузиската армија на границата со Јужна Осетија, а грузиските продолжуваат со нападите врз цели во Јужна Осетија.

(повеќе..)