Засега ништо од „новиот“ СДСМ
„Најголемата“ опозициона партија СДСМ(во наводници оти е мошне дискутабилно односно речиси сигурно дека не е тоа, особено не во однос на значењето и улогата што би требало да ја има како „клучен играч“ на македонската политичка сцена) продолжува со стариот „манир“: да ја бара вистината од други (од Владата на Груевски) користејќи лаги и сопствени конструкции. Па и веќе „популарните“ јавни трибини (во наводници оти не се тоа, како што веројатно било планирано, туку „чисто“ партиски- на кои учествуваат и или партиски „војници“ или партиски „приврзаници“) се обична лакрдија; на нив се презентираат „докази“ за лошто владеење на позицијата кои и нејзе, но и на многу други (пред се на медиумите) им служат за мајтапење- директно или индиректно сеедно).
Сето тоа е само уште еден доказ за „вредноста“ на познатиот виц за „кризата“ на јавната куќа: не ја „надминала“ зашто ги променила чаршавите, а не…


„Грција еднаш веќе ни наметна неформална блокада во јуни годинава, кога Република Словенија за време на нејзиното претседателство со Европската Унија успеа од страна на сите земји- членки да обезбеди поддршка за почнување на преговорите до крајот на годинава, а Република Грција побара да не се понуди заклучокот со таква содржина до Европскиот совет.
Еден необичен, а би можел да се назначи и како оригинален потег на македонскиот премиер Никола Груевски (никој од македонските политичари досега не го направил), секако беа писмата- обраќања на неколку значајни адреси кои би требало да бидат заинтересирани за прашањето за кое пишуваше: ОН (Бан ки Мун), ЕК (Жозе Мануел Баросо)
Некои наши „недоквакани“ новинари, квазианалитичари („зависно- независни“) и политичари за кои кога се во опозија и белото е црно, по многу труд и мака, непроспиени денови и ноќи (ма месеци и години, откога „Груевци“ се на власт), конечно открија топла вода и извикаа „Еурека!“: Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ до крајот на оваа- 2008-ма година. Не поради друго, на пример наметнатиот „билатерален“ спор за името на земјава; или затоа што НАТО и ЕУ „дуваат во ист рог“, па кога Грција се покажа посилна од сите членки на Алијансата (дури и од САД), со тоа што наметна вето за прием, нормално е истото да го направи и за датум за преговори со ЕУ (поради нерешавање на спорот по нејзин „ќејф“ односно диктат). Нема датум оти е веќе „сигурен“ негативниот извештај и критиките во него. А за ова да се „поткрепи“, да биде убедлив „тешкиот неуспех“ на Владата на Груевски (дури се одбегнува да се спомне дека е македонска), се манипулира односно шпекулира со најлесното „орудие“ (не само новинарско): тн. блиски „анонимни извори“. Кога не би било тоа, кога би се работело за сериозен и пред се објективен исказ, став или оценка, изворите за толку важен извештај никако не би биле анонимни. Патем (не неважно), „изворите“ за негативниот извештај биле грчки.
Тоа ќе е и нема друго. Настапот на претседателот Бранко Црвенковски веднаш по враќањето од одмор не може да се протолкува поинаку, освен како на политичар (па и „обичен“ човек) изваден од такт, без самоконтрола, „преполн со енергија“ да „удри“ и со првиот удар да го нокаутира противникот. А можел барем од премиерот Груевски, против кого „тргна во напад“, претходно, како поранешен аматерски боксер, да ја добие првата лекција од „боксот“ (читај: животот; прочитај: политиката): никогаш не оди „со глава в ѕид“, зашто ѕидот може да го издржи (с)ударот, ама главата тешко.
Интересен и за респект е ставот на премиерот Никола Груевски во врска со покренувањето на постапка за импичмент на претседателот Бранко Црвенковски. Иако неговата одлука за помилување на Заев ја смета за незаконска, тој од Охрид порача дека сакаат Црвенковски да го победат на избори, а не со кревање на два прста во Собранието. Велам интересен и за респект, затоа што неодминливот импичмент (според мене) „произлегува“ од оценката на ВМРО-ДПМНЕ дека тој извршил „државен удар“. Но пред се поради „читањето“ (дали точно?) на „заднината“ на решението за аболиција на градоначалникот на Струмица Зоран Заев и неговите соработници, како и за непотпишување на Укази за неколку важни закони донесени во Собранието на Македонија.
Наспроти најавите дека Караманлис „жестоко“ ќе одговори на писмото упатено до него од страна на македонскиот премиер Никола Груевски, тоа е толку „неподносливо лесно“ што е во голема мера и неочекувано. Со него Атина уште повеќе од досега се демаскира односно разголува пред светот, а најнапред пред своите сојузници.
Новиот политички дискурс што го постави или, поточно, го наметна Никола Груевски и „неговите“ од ВМРО-ДПМНЕ, кој веднаш го препознаа и поддржаа граѓаните на Македонија (константно висок- највисок рејтинг и колективно и поединечно), но не го разбраa- не го прифатија (што се сведува на исто) главните „опоненти“ , пред се од врвот на СДСМ, се потврди и со утврдувањето на новиот владин кабинет.
Предвремените парламентарни избори генерално поминаа во мирна и демократска атмосфера, иако на некои места се прегласуваше и по 2 пати, оцени Државната изборна комисија.
По дводневната македонско- грчка турнеја медијаторот Метју Нимиц им изјави на новинарите дека е точно оти се разговара и за друго освен за ново име на Република Македонија. „Појавувањето на други прашања“, како што рече, е потврда дека Атина на преговорите (а не разговорите како што вели Нимиц) поставува и прашања односно барања „поврзани“ со името. Нешто што или поради политичко слепило не го гледаат или го премолчуваат за да се покажат „конструктивни“ некои политичари од опозицијата (белки не мислат дека „поврзани праша“ поставува Македонија!). 





